Среда, 22 Јули 2015   
Политичкиот договор од Пржино стави крај на политичката криза

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Последниот договор од Пржино стави крај на политичката криза во земјата. Со посредство на Европската комисија и Европскиот парламент беше потпишана спогодба меѓу политичките партии во Република Македонија, со која Македонија се извлече од работ на понорот во која беше втурната од неодговорната политика на опозицијата, предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Со договорот со кој се овозможува политичка и економска сигурност, како и широко отварање на евроатланската перспектива, најмногу добија граѓаните на Македонија.

Со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан и олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, по повеќечасовни преговори, лидерите на четирите најголеми политички партии успешно ги завршија преговорите во раните утрински часови.  Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи се согласија за предвремени парламентарни избори и на останати препораки со што широко се отвори вратата на евроатлантската перспектива на Македонија.

Поради континуираните опструкции на опозицијата, до договор тешко се дојде.

Изминаа неколку месеци за да се постигне овој договор кој меѓу другото предвидува лидерот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да се повлече во корист на нов премиер во предвидениот рок пред предвремените избори на 24 април 2016 година. Исто така, со овој договор се предвидува и некои измени во министерски позиции и ангажирање на специјален обвинител со цел истражување на случаите што произлегоа од аферата со нелегалното прислушкување на телефонските разговори на високи владини функционери.   

И покрај мандатот кој му го даде народот и сеуште високиот рејтинг кој го ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се согласи на повлекување во предвидениот рок пред предвремените избори закажани за идната година. Тој направи отстапки за да се овозможи со овој договор да ја извлече земјата од работ на понорот во кој ја втурна опозицијата.

Едноставно, Никола Груевски како одговорен државник кој се грижи за народот и е свесен дека политичката криза која ја предизвика опозицијата предводена од Заев може да има тешки последици за безбедносната и економската стабилност на државата, како и за нејзината меѓународна положба и напредокот кон членството во ЕУ и НАТО, тој го потпиша договорот.

Од друга страна, потпишувањето на догорот од Пржино, лидерот на СДСМ го смета како своја голема победа, иако тука нема победник или поразен. Сите по нешто добија или изгубија. Но, што беше најважно, а тоа е, народот и земјата да го вратат својот изгубен мир, тоа се постигна.

Меѓутоа, перцепцијата за виновникот за кризата кај поголем дел од народот не исчезна, таа остана иста. Народот, во СДСМ сеуште гледа како на партија која го загрози мирот и просперитетот во земјата заради лични интереси на нејзините челници. Деструктивната политика која ја водеше опозицијата, нарушувањето на мирот и спокојството на обичниот граѓанин, само докажа во неговите очи дека водството на СДСМ не е способен да ја води државата.  

Народот е доволно свесен, дека при постигнувањето на договорот, меѓународната заедница му “помогна“ на Заев да ја разбере положбата во која ја втурна земјата, како и за неговите потреби и потребите на државата, која е подготвена да ги исполни потребните реформи. Под овој притисок Заев не можеше да ги избегне изборите во април идната година. Сепак без разлика дали волно го потпишал договорот, тој и СДСМ мораат да го испочитуваат. Сето ова ќе даде фер шанса и можност во ЕУ да се убедат некои земји членки да ја отворат вратата за европската перспектива на земјата, а истовремено и да се отвораат вратите за НАТО.

Особено е важно што договорот меѓу македонските партии го враќа мирот и сигурноста во Македонија, што е значајно и за македонската економија и нејзиниот раст. Сето тоа значи нови инвестиции, нови работни места, подобар живот, намалување на иселувањето од земјата.

По договорот од Пржино, кампот од пред Владата е тргнат, а од 1-ви септември пратениците од СДСМ се враќаат во Собранието на Македонија. Таму ќе го вкусат сето она што го замешаа играјќи си со етничките прашања и името на Македонија. Инаку, барањата на Албанците, вклучително и решавањето на името во спорот со јужниот сосед, дополнително ќе покажат во што всушност Зоран Заев и СДСМ ја втурнаа Македонија.

Народот многу добро знае што во изминатите години направија лидерите на СДСМ, Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Додека СДСМ речиси континуирано се обидува со деструктивни сценарија да ја наруши политичката, безбедносната и економската стабилност на земјата, со цел да ја добие довербата на народот, дотогаш тимот на ВМРО-ДПМНЕ континуирано работи на проекти кои се од интерес за граѓаните за подобрување на нивниот живот. Тоа се проекти кои носат нови работни места, инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива. Народот тоа го чувствува и го знае и тоа е она што ќе пресуди на 24 април 2016 година.

Инаку, договорено е како системско решение отсега па за сите парламентарни избори 100 дена пред секои парламентарни избори Владата ќе се повлече и ќе се формира Влада за спроведување на изборите. Но, како што се покажа досега граѓаните треба да се спокојни, бидејќи тие добро знаат дека во изминатите девет години ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски никогаш не ги прекршила дадените ветувања, ниту го изневерила сопствениот народ. Оттука се очекува повторно, народот на Македонија по десети пат во април да му ја даде поддршката на Никола Груевски и неговиот тим да продолжи да ја води Македонија по патот на успехот, по патот на евроатланските интеграции.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.