Среда, 29 Јули 2015   
Илинденските традиции патоказ на иднината

vasko-gicevski
Васко Гичевски

112 години од првиот зрак на слободата до денешното сонце на слободата кое силно грее над македонскиот народ.

Илинден беше првата скала од омасовувањето на македонската идеја за слобода за подоцна по Втората Светска Војна да резултира со создавање на слободна македонската држава.

Традициите и култот кон Илинден и Илинденското востание се длабоко врежани во македонскиот народ кој дури и по 41 година се реши на 02.08.1944 година на основачкото собрание на идната слободна македонска држава да го постави токму на денот кога македонскиот народ за прв пат, најмасовно се дигна на востание за една просперитетна и посреќна земја во која ќе се развива науката, економијата, во која ќе се доживува прогрес на сите полиња подеднакво.

Би можело да се каже дека Илиндеското востание и негувањето на неговите традиции и чувањето на споменот за истото, всушност е негување на една идеологија за мир, една космополитска идеја за обединување, слобода, прогрес и посреќна иднина, истите вредности со кои децата од целиот свет се задојуваат од најмала возраст.

Од друга страна пак и крвавата и погрда страна на секој бунт и секое востание носи поука и одглас до денешницата дека крвопролевањето не треба да се дозволи, дека се може да се реши по мирен пат, по пат на еволуција и конструктивизам а не по пат на судир и деструктивизам. И самите Илинденски дејци не ретко во своите спомени велат дека доколку не би биле приморани никогаш не би го одбрале патот  на оружјето и крвопролевањето, туку би го одбрале патот на мирот бидејќи на највисоко место во срцето и душата на секој револуционер е мислата за слобода, среќа, мир и прогрес на својата земја а големиот Ататурк за време на основањето на модерна  Турција ќе каже:”Мир во земјата мир во светот”.

Илинден е склоп и збирштина на сите предходни борби и напори на македонскиот народ за слобода и тој се издигна високо над тиранијата и ропството, иако востанието не издржа долго пред канџите на поробителот и тие кратки дни на слободата беа доволни македонскиот народ да го идеализира тој миг, тие дни со голем пиетет и задоволство.

Обединувањето за иднината е една од најголемите и најважни карактеристики на Илинденското востание чиј повик за обединување бил даден во Крушевскиот манифест во кој се повикуваат сите без разлика на вера, нација и идеологија да се обединат против сеопштиот непријател кој стрвно чека да нападне на мирното и ненасилно население .

На 2 август 1903 година нашиот народ се решил на вооружено востание со кое сакал да се ослободи од турското иго, но за жал и тоа било краткотрајно, а кога османлиите се вратиле, опшествените прилики станале уште понеподносливи.

Сепак од тоа востание останале големите херојски приказни, основните идеи и целите на востанието кои би можеле да ни бидат пример за тоа како и денес да раководиме со државата на принципот на солидарноста, братољубието и најпрво од се` со заедничка мисла за доброто на татковината.

Денес на тоа востание се сеќаваме со пиетет, со гордост, од тоа востание ние треба да извлечеме пример и поука дека само сплотувањето е патото кон напредокот, не ни требаат делби и пределби и не ни требаат нови крвопролења, нас ни треба обединување за прогрес и напредок на нашата татковина Македонија, сплотување на секаков план за општото добро на нас, на Македонија и пред се на човечкиот род.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.