Среда, 29 Јули 2015   
Градоначалникот Нед Манун, по потекло Либанец, испрати абер дека нема да се служи свињско

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Во неделата во најтиражниот весник Хералд Сан во Австралија, излезе слика и интервју со мене. Веста е најпрочитана и најраширена и како таква доби своја димензија. Имено, на 2 Август во Општината Ливерпул, каде заменик градоначалник е мојот пријател Петар Ристевски, ќе има специјален прием со ручек по повод Илинден и поканети се сите големи личности за овој голем празник. Арно ама, градоначалникот Нед Манун, по потекло Либанец, преку неговите советници испрати абер дека тој ден нема да се служи свињско, затоа што свињското месо наводно ќе ја контаминирало целата Општина  и просториите и преставувало навреда за немуслиманите. 

Сигурно знаете дека јас одма реагирав и барав сите да дознаат за оваа тресната глупост, која изгледа наивна, но има своја позадина. Затоа со една од најдобрите новинари, Натали О Брајан се слушнавме преку телефон и за една минута и деет секунди се разбравме како да сме збореле два саати и се најдовме следниот ден во Македонскиот ресторан Европа Грил во Њутоен и таму со цела скара се сликав и кажав она што требаше да го каже. Но најважно е што не сме ослонети како Фиромци, туку јасно и гласно како Македонци. Секоја секунда го користам јас и сите чесни Македонци просторот да се преставуваме како Македонци, а не со префикси. 

Јас сум многу иритиран од Либанците, затоа што муслимани во Општината Ливерпул се само 4 %, а глумат дека се не барем 150 %.  Исто така, градоначалникот Либанец праќал инспекциска полиција каде што се готвело свињско и забранувал да се готви, уверувајќи ги сопствениците дека свињското е голема зараза од која умираат луѓе. Јавно се фалел дека Ливерпул ќе биде прва Општина град, која ке се отараси од свињското. Се убаво, ама налета на мина. 

Им отворам очи на Австралците дека иако нивниот број е 4 до 7 % максимум низ цела Австралија... дека ќе прават исти финти како во Македонија и како ќе си го зголемуваат бројот до 40 % па после ќе бараат што бараат... знаеме што. Затоа, иако сите молчат и се прават мутави, едно срце Македонско не се дава и не молчи. 

Но одма најдов "паметен" изрод да ми дава " лекција ", како сме требале да не бараме свињско,  да правиме атер на нив и тоа баш на Илинден. Такви како Михаил Пеневски, кој глуми дека е најбогат Македонец (сигурно ми љубомори дека на Грците им понудив милијарда и шесто милиони пред 2 недели да ги извадам од криза), кој не вложил долар за Македонија, а земал премногу од цркви преку Радин и приватните црквени компании во Австралија, пооткачен дури и од Ден Дончев... е ваквите изроди кои се ситат со протести пред Владата и ги подржуваат комуњарите, ваквите што ме тераат да се откажам од сите овие не баш лесни дела... ВАКВИТЕ КАКО МИХАИЛ ПЕНЕВСКИ СЕ ПОТЕШКИ ТОВАРИ ОД ОВИЕ 4 % ИЛИ 40 % ШТО ГЛУМАТ ДЕКА СЕ ТАМУ. 

Среќен Илинден Македонци низ целиот свет и со напомена дека Илинден не завршува т.е. борбата исконска, Македонска. Се додека има изроди, не се давајте, не наседнувајте и не велите : Глеј си работа и попушти им. НЕ !!! Напротив, Илинден е секогаш, секој ден, секој миг и СЕКОГАШ ВО НАШИТЕ СРЦА !!!

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.