Среда, 29 Јули 2015   
Невиден простотилок во опозицијата

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

По политичката криза која ја создаде СДСМ со намера да дојде на власт без изборна победа, со посредство на меѓународната заедница, на 15 јули се потпиша договор за решавање на кризата, со кој се предвидува следното: вонредни избори во април идната 2016 година, прочистување на избирачкиот список, закон за оставка на премиерот 100 дена пред избори, СДСМ да избере министер за социјала и труд, нов министер за внатрешни работи во согласност со четирите партии, како и нова функција - специјален обвинител кој ќе ги истражува наводите од незаконски стекнатите прислушувани приватни разговори на високи владини преставници.

Договорот од Пржино е реалност, кој само треба да се спроведе. Меѓутоа, очигледно е дека тој не ги задоволува апетитите на опозицијата, која иако тогаш го потпиша, сега се обидува или да издејствува многу повеќе од договореното или да го опструира и да ја преврли одговорноста на владеечката партија. За таа цел се впрегнати сите ресурси: политичари, опозициски медиуми и невладини организации. Во политичката борба СДСМ не избира средства. Во нив преовладува етикетирање, закани и говор кој не доликува на човек кој се занимава со јавна професија. Просто човек да се праша од каде овој отров и простотилок во речникот на опозицијата.

Вообичаено одговорот треба да го бараме во долгогодишните неуспешни обиди на СДСМ по редовен пат да ја освои власта. Може било кој, кој ја следи политиката да констатира дека се работи за стекнати фрустрации кои денес се манифестираат во јавноста на еден недоличен начин, но и со дела кои му нанесуваат огромна штета на македонскиот народ и држава.

СДСМ која како партија речиси никогаш по нормален пат ги нема освоено изборите, овој пат уште еднаш заигра на картата на дестабилизација на земјата и вмешување на меѓународната заедница. За да се стекне со нејзината поддршка, тие во залог го ставија дури и името. Но, за да го избегнат обвинувањето на народот и да ја споделат одговорноста, нив им требаше нешто слично како во 2001 година, кога се формира широка влада и кога двете македонски и двете албански партии го потпишаа Рамковниот договор, а потоа бидејќи „некои прашања не заслужуваат одговор“ СДСМ го спречи референдумот и ја спроведоа територијалната поделба.

Не случајно еврокомесарот Хан пред извесно време изјави дека се надева дека договорот од Пржино потпишан од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, ќе се спроведе, а меѓудругото и тоа дека „сега на маса стои едно крупно прашање – името.“ Со оглед на состојбите во Грција, изворите од Брисел тогаш не ја исклучија можноста во наредните месеци да биде остварен значителен напредок за конечно решавање на спорот со Атина!?

По се изгледа свесни дека нема да можат така лесно да го испорачаат ветеното, опозицијата постави нови барања кои излегуваат надвор од договореното во Пржино.

Впрочем, кога пак, од осамостојувањето до денес, СДСМ почитувала некакви договори и изборни резулатати – никогаш. За црвената елита никогаш не вредела волјата на народот, неговите потреби и желби, зошто тој е обична раја која „не заслужува одговор“. Народ кој не треба да мисли, зошто тие се тука да мислат за него. Всушност, бидејќи немаат никакви програми за него, тие преку соросовите медиуми и невладини организации му кажуваат што е добро и што не!

Меѓутоа, со оглед на досегашното искуство, кое покажа дека Соросовите медиуми и НВО секторот не се доволни, дека дури ни т.н. „бомби“  не го сменија мислењето на народот и тој сеуште масовно му ја дава довербата на ВМРО- ДПМНЕ, опозицијата сега се намерачи да  преземе позиции кои се надвор од договорот од Пржино и за кои смета дека ќе ја смени ситуацијата во нивна корист. Така сега СДСМ типува на следните позиции: директор на МТВ, претседател во Агенцијата за медиуми, директор на УЈП, прв човек на Државната ревизија, јавен обвинител, директор во Управата за јавна безбедност.      

Без разлика кого планираат да постават на овие функции, главната цел на опозицијата не се само предвремените избори закажани за април идната година, туку пред се контрола на позиции кои можат да влијаат на јавното мислење при решавањето за името, а дури потоа и за целосна преземање на власта со помош на грчките пријатели во меѓународната заедница.

Во реализирање на својот пеколен план, опозицијата повторно ќе се обиде да манипулира со меѓуетничките тензии. Особено сега, кога по т.н. „бомби“ и пресметката со криминално-терористичката група во Куманово, веќе започнаа внатрешнопартиските пресметки во ДУИ. Сето тоа треба да биде опомена за македонскиот народ, кој пред безбедносните закани треба да ја проголта јадицата фрлена од СДСМ и Соросовите структури.  

Поинаку кажано, опозицијата предводена од СДСМ, плука по сопствената држава, се заканува и го уценува сопствениот народ, само за да дојде на власт. Доколку се дозволи преземање на овие гореспомнати позиции надвор од договореното, тогаш на опозицијата му се отвара патот за целосно исполнување на целта - раскинување на македонското национално ткиво.

Единствена можност на владеачката партија е да се држи до договореното и да не дозволи промена на името, за што меѓудругото беше избрана од мнозинството на македонскиот народ. Друга можност е да не ги прифати барањата на СДСМ  и да излезе од Собранието, со што ќе се спречи можноста ВМРО-ДПМНЕ, најголемата партија да потпише било каков Договор, сличен со Рамковниот договор, со кој се разнебитува македонскиот народ. Дури тогаш на СДСМ ќе му се случи  народ!

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.