Среда, 19 Август 2015   
Божидар Димитров се уште сонува за голема Бугарија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

За тоа што направила Бугарија за македонската емиграција и во периодот по осамостојувањето на земјата, Македонците се благодарни и нема да дозволат поединци како Димитров да манипулираат со народот и да го наруши пријателството на двата народа.

Директорот на Националниот-историски музеј во Софија, Божидар Димитров продолжува со провокациите кон Македонија и македонскиот народ. Тој започнал кампања со која, како што пренесуваат медиумите, би сакал од Македонците да направи Бугари. Вакви кампањи на пропаганда се многу добро познати од минатото и никогаш не дале резултат. Напротив негирањето на македонскиот идентитет и претставувањето на македонскиот за бугарски народ бил пречка за развивањето на добрососедските односи на двата блиски народа.

Божидар Димитров кој има сопствена историска емисија на еден бугарски канал е познат по своите скандалозни и антимакедонски ставови. Тој сеуште сонува за голема Бугарија и смета дека македонската историја е изградена на митови, дека нема Македонци, дека тоа се само заблудени Бугари, па затоа Македонија ќе се распадне како Украина или дека Источна Македонија ќе побара да се приклучи кон Бугарија.

Ако во XIX век бугарските водачи размислуваа преку бугарската црква најнапред духовно да ја завладеат Македонија и Тракија и потоа преку асимилација на населението на просторот од Црно Море до Охрид, од Дунав до Егејско Море да создадат еден бугарски народ кој би влегол во идната бугарска држава, сега Б. Димитров, поранешниот министер за Бугарите во туѓина, сака преку бугарските пасоши од Македонците да направи Бугари, а со тоа и граѓани на ЕУ.

За да ја оствари таа цел, Димитров бара промена на законите, кои би можеле да бидат донесени уште оваа година. Со нив би се овозможило на Македонците со бугарски корени само врз база на усно изјаснување на бугарски јазик, без писмени докази како досега, да се добие бугарско државјанство. Според него, речиси 500 илјади Македонци или една четвртина од населението во Македонија би можеле да станат Бугари, а со тоа и граѓани на ЕУ. Со тоа би се потврдила неговата теза за бугарското потекло на Македонците.

Според Димитров, поранешниот припадник на кумунистичката тајна служба, заради која морал да се откаже од министерската фотеља, „се` до 1944 година во Македонија живееа Бугари и дека еден убав ден некој им рече дека повеќе не се Бугари, туку Македонци. Дека немаат ништо заедничко со Бугарија, дека ќе им биде создадена држава, ќе им биде напишана сопствена историја и посебен јазик. И така и беше сторено“. Но, како што вели Димитров, во последно време се јавуваат проблеми со идентитетот, алудирајќи на на спорот со Атина, која го оспорува името и идентитетот на македонскиот народ.

Меѓутоа, Димитров заборава дека ништо не започнало во 1944 година.

Напротив, уште пред повеќе од стотина години тогашните бугарските водачи ја пееле истата песна како и тој денес. Тогаш некои интелектуалци од Македонија, како на пример отец Паисиј, заради антигрчкото движење во Македонија ја прифаќаат понудата на бугарските водачи, кои беа поддржани од руската и српската дипломатија. Нивното изјаснување како Бугари ја засилуваше илузијата на бугарските националисти дека Македонците брзо ќе се претопат во Бугари.

Но како и денес, така и тогаш, состојбата на теренот се разликуваше од онаа што ја посакуваа бугарските водачи. Најголем дел од македонскиот народ, за разлика од некои интелектуалци кои станаа „Бугари“, остана што беше: Македонец. Дури бугарските водачи во своите обиди да го бугаризираат македонското население, како и да го отстранат културното влијание на другите народи, мораа да го молат македонскиот народ со зборовите: „Ве молиме браќа Македонци“ да не ги прифаќате другите освен бугарските учебници.

Меѓутоа, за тоа какво беше тогаш расположението на македонскиот народ за Бугарите и бугарскиот јазик, најдобро говори статијата од непознат автор „Една вистина“, објавена во весникот „Право“ од 30 ноември 1870 година, бр. 40. Во неа авторот ќе напише: „Едвај се ослободивме од Грците, Шопи ли ќе стануваме сега? Ни сме Македонци, не сме Бугари, зборуваа овие луѓе, и затоа не сакаме книги на „шопски“ јазик“. А вакви примери има многу.

Појавата на македонското прашање во печатот во седумдесетите години на XIX век беше само логочно продолжение на македонскиот отпор кој се појави многу порано против Грците, но и против пробивот на бугарските учебници и бугарскиот јазик на теренот на Македонија. Уште тогаш избија на површина две струи меѓу македонските интелектуалци: едната која заради личните интереси сметаше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно, и втората позната како македонисти која бараше да се воведе чист македонски јазик, бидејќи како што говореа Македонците не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку посебен народ Македонци.

Зад македонистите стоеше поголемиот дел од македонскиот народ и благодарение на тоа денес постои Македонија, Македонци, македонски народ, македонски јазик и држава.

Божидар Димитров или не ја познава историјата или лаже кога вели дека се` започнало во еден убав ден во 1944 година кога некој му рекол на народот во Македонија дека од денес не се Бугари, туку Македонци.

Ако е тоа така како што тој вели Димитров, зошто тогаш во Бугарија им се забранува или отежнува на Македонците од Пирин, па и на целата територија, да се изјаснат како што се чувствуваат, да имаат свои партии, здруженија. Очигледно сеуште постои некаков страв од населението во Пиринска Македонија и големата македонска емиграција која свое прибежиште нашла во Бугарија во времето кога на македонската територија се воделе војни или по пат на договори со Грција со кои била вршена размена на население.

Меѓутоа, иако поминале повеќе од четири генерации, време во кое македонската генерација дала огромен допринос во изградбата на бугарската држава, време кое е доволно и за нејзино асимилирање, бугарските националисти се свесни дека не се сечат така лесно македонските корени. Оттука, по старите теркови на бугарската пропаганда, наместо со книги и платено школување, денес кога повторно се оспорува македонското име и идентитет од Грците, луѓе како Димитров се обидуваат да ја спроведуваат бугарштината во Македонија со ЕУ пасоши.

Факт е дека одредено македонско население заради егзистенцијални или други причини се изјаснува како Бугари за да се стекне со ЕУ пасоши, но тоа не го менува нивното мислење за своето потекло. И тие како и другите Македонци нема да дозволат некој да им ги пресече македонските корени само заради ЕУ пасош.

Големата македонската емиграција во самата Бугарија е причина многу македонски настани и личности од историјата на Бугарите да ги присвои како свои, но тоа не е доказ дека Бугарите и Македонците се повеќе од два блиски соседни народа, ниту пак стои тезата две држави еден народ. Но, токму потомците на емиграцијата во Бугарија, Пиринците и признавањето на посебноста на Македонците, треба да бидат спона за многу поголема соработка на двата блиски народа.

Во овој случај, кога ги слушаме ставовите на Димитров, се добива впечаток дека Бугарија и во XXI век се уште не ги напуштила идеите за Голема Бугарија, што пак од друга страна не ги изразува ставовите на најголемиот дел од Бугарите. Тие беа првите кои не` признаа по осамостојувањето, ни помогнаа кога Македонија беше под грчка блокада итн.

За тоа што направила Бугарија за македонската емиграција и во периодот по осамостојувањето на земјата, Македонците се благодарни и нема да дозволат поединци како Димитров да манипулираат со народот и да го наруши пријателството на двата народа.

Никола Јонков Вапцаров оваа песна ја напиша во Софија 1939 година.

Оваа земја,
сега што ја чекорам,
оваа земја,
која пролетен ветер ја буди,
оваа земја,
не е моја земја,
оваа земја
простете е туѓа.

http://www.mn.mk/pesni-za-makedonija/10834-Zemja

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.