Среда, 26 Август 2015   
Милет системот и Османизмот

vasko-gicevski
Васко Гичевски

На прв поглед овие термини се безначајни и ретко каде се спомнувани и употребувани но во суштина тие се два политички процеси, две етапи би можело да се каже од историјата на Османлиската Империја а со тоа тие се и два периоди и од балканската а вклучително и на македонската историографија.

Првиот период односно милет системот во Империјата како таков се појавува уште во нејзините почетоци секако во еден рудиментиран вид бидејќи по основањето на 1297 година таа во почетокот располагала релативно мала територија. Тестот за милет системот ќе се случи по освојувањето на Константинопол во 1453 година, односно со падот на Византиската Империја и присвојувањето на нејзините територии.

Тука Османлиската Империја ќе се соочи со новиот проблем, големата бројност на иноверно,немуслиманско население кое не било лесно да се подведе под дотогашните начини на владеење на Империјата.

Милет системот кој дотогашл бил составен од муслимански милет, требало кон себе да ги прими и христијанските поданици како и еврејските поданици. Интересно за милет системот е тоа што тој го дели населението според конфесијата односно верата а не како што е вообичаено денес според етносот односно нацијата.

Од тука по 1435 година па натаму со понатамошните освојувања и преосвујавања на византиските територии и пробивот кон западна Европа Милет системот се состоел од следниве етноверски групи:

  •          муслимани или правоверници, кои биле привилигирани
  •          немуслимани или неверници кои биле во втора категорија

без поделба на турски, курдски или арапски миллет,

  • рум милет (источноправославен) - на чело со Цариградската патријаршија,
  • франкиски милет - за сите католици,
  • ерменско-грегоријански милет
  • Ерменци-католици,
  • еврејски милет.

На чело на секој милет стоел милет баши односно најчесто верскиот лидер на верската група кој бил и еден вид на преставник на својот милет пред султанот.

Евидентно е дека поради делењето на населението според конфесијата односно верата самиот систем е доста крут бидејќи националноста долго време се идентификувала со верата, односно секој источно православен според политичките збиднувања во османлиската Империја е грк а пак секој муслиман е турчин.

Подоцна со формирањето на првата словенска црква на европските територии на Империјата, Бугарската Егзархија во 1870 година во милет системот влегува уште една група а тоа е Булгар милетот под чие владение биле подведени сите оние што и припаѓале на егзархиската црковна управа.

Како што се движело времето Османлиската империја поради крутоста на милет системот и на економскиот тимароспахиски феудален систем е приморана да бара и спроведува реформи кои од различни причини нема да се ефективни и тоа ќе резултира со бројните национално ослободителни движења и територијалното распаѓање на Империјата.

Младотурската револуција од 1908 година предводена од членовите на напредната партија Itihat ve Terekli – Напредок и Обединување која се борела за враќање на стариот сјај на Империјата која поради својата рудиментираност на секое поле била во својот залез.

Младотурците го промовираат Османизмот, широко политичко движење кое се борело сите поданици на Империјата без никаква разлика да ги претопи од османлиска нација сметајќи доколку народот припаѓа на една нација тогаш многу полесно ќе може да се управува со истиот бидејќи секој еден поданик ќе се подведе на влијанието да се бори за својата држава.

Сепак револуцијата и реформите кои ги спровеле младотурците нема да бидат доволно и официјално тоа ќе биде последниот обид за спас на државата бидејќи подоцна во 1912 година османлиите ќе ги загубат сите европски територии и ќе се повлечат на Босфорот за во 1923 година Devlet-i Ebet-Mudet односно вечната држава да престане да постои и под водството на Мустафа Кемал Ататурк (припадник на младотурското движење) ќе се отвори патот за новата и модерна Турција.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.