Среда, 26 Август 2015   
МАКЕДОНЦИТЕ СИ ЈА САКААТ СВОЈАТА ДРЖАВА, ваква каква што е, горда, Библијска!

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Веќе долго време сведоци сме на низа активности кои се насочени да се дискредитира политичката гарнитура која е на власт, да се дестабилизира државата, исто така се плука по сите кои ја поддржуваат и промовираат ПРОМАКЕДОНСКАТА опција!

Со систематично и добро разработено сценарио се спроведуваат разни активности со кои директно се напаѓа кредибилитетот и моралниот интегритет на низа личности, почнувајќи од највисоката позиција, па до сите клучни точки во хиерархијата на власта.

Затворени во тој магичен круг на сопсвеното бедно егзистирање, не им преостанува ништо друго освен да ги спроведуваат инструкциите кои ги добиваат од надворешен центар. Човек не знае дали да ги жали (оти на крајот од краиштата најголем дел од нив се Македонци), или да застане на страна и да ужива гледајќи го сопствениот нивни потоп кој го создаваат кон поколенијата свои. Треба само да ги оцрнат луѓето, институциите, па во тој налет на бес да плукаат и по сопствена земја и по се што е Македонско. Да плукаат по се она што не дефинира како луѓе создадени од ова парче земја – Македонија.

Овие извршители се дома, истата онаа дома која ги родила, или ги одродила (некои од нив) од каде ја спроведуваат зацртаната агенда, најчесто заради сопствени интереси. За многу аналитичари ова преставува само инфициран комплекс на самозаштита, во надеж дека народот тоа нема да го препознае и да ги види тие волци во овчи кожи!

Се обидуваат да го оцрнат или да му наметнат поинакво лице на Премиерот на РМ, неговите блиски соработници, и на крај се обидуваат да го навредуваат сопствениот народ, тој ист народ од кој очекуваат наредните избори да го даде гласот за нив, каква иронија.

Ги навредуваат членовите, симпатизерите, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се токму тие кои деведесетите години се бореа за самостојна Македонија, а тие навредувачите, тогаш, а богами и денес, се’ сеуште недефинирани во своите чувства – дали се југословени или словени, или се се’, само Македонци не?!

Имајќи го предвид токму тоа, не можеме да бидеме сигурни дали тие, плукачите, се во конфликт со Премиерот, или се во конфликт со сопствената земја, или пак се во конфликт со самите себе, иако некако сум на мисла дека сепак е ова последново!

Во нивните постапки нема трунка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на сопствената земја, за туѓи и за лични интереси.

Интересно е што овие обиди доаѓаат од една мала и национално импотентна група, која преку свои медиуми или интернет портали плукаат не само против Премиерот, плукаат против македонците од Беломорска Македонија, плукаат против пензинерите, против земјоделците, протв социјално загрозените, плукаат по се што е Македонско, плукаат по сите што размислуваат поинаку од нив, плукаат по сите кои се радуваат затоа што полека но сигурно: Македонија оди напред, Македонија се гради, во Македонија се отвораат работни места,во Македонија се буди патриотизмот, МАКЕДОНЦИТЕ СИ ЈА САКААТ СВОЈАТА ДРЖАВА, ваква каква што е, горда, Библијска!

Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија ќе ги стигне сите, кои работаат против интересите на Македонија и Македонците.

Македонија вечна! АМИН!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.