Среда, 02 Септември 2015   
Вистинската приказна зошто не е формирана Охридската архиепископија

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Укинувањето на Охридската аехиепископија на 17 јануари 1767 година и ставањето под јурисдикција на Цариградската патријаршија било неповолно примено меѓу македонското население. Чуствувајќи ги негативните последици од укинувањето на својата црква, Македонците кои во меѓувреме економски зајакнуваат, веќе во првата половина на XIX век го зголемува својот отпор против делувањето на фанариотските владиците и свештенство. Цариградската патријаршија спроведувајќи го панхеленизмот на тоа ќе одговори со заострување на својата политика на теренот против барањето на црковно - училишните општини за воведување на македонскиот јазик.

Во шеесетите години на XIX век доаѓа до силно народно движење во сите македонски градови за отврлање на јурисдикцијата на Цариградската патријаршија и за обнова на Охридската архиепископија. Меѓутоа македонскиот народ успеал да постигне половичен успех. Поголем број македонски градови ја отфрлија Цариградската патријаршија, меѓутоа не успеале да ја обноват Охридската архиепископија поради противење на турските власти. Од друга страна, Бугарите во Цариград успеваат да ја придобијат Високата порта за своите барања така да во 1870 доаѓа до формирање на бугарската црква, позната под името Егзархија.

Во сето ова, Русија се најде во вкрстен оган меѓу Патријаршијата и Бугарите, што ќе има големо влијание за донесените одлуки спротивни на интересите на македонскиот народ. Русија која имаше свои интереси на Балканот и Блискиот исток, беше свесна дека доколку ја заштитува Патријаршијата и единството на православниот свет ќе ги  изгуби Бугарите, а ако ги заштитува Бугарите ќе ја изгуби Грција и другите неславјански народи како на Балканот така и на Блискиот исток, кои се под влијание на Патријаршијата. Во ваква состојба таа не можеше да биде добар арбитер, што го користи Портата која ги исклучува делумно Русите од игра и целиот спор го води според своите интереси. Создава кавга меѓу православните народи и спречува создавање на православна унија која би тргнала против Отоманската империја.

Инаку, бугарскиот пробив започнува кон крајот на 50 – тите и почетокот на 60 – тите години на XIX век, како заедничка борба со македонскиот народ против Цариградската патријаршија.   Меѓутоа, иако наидуваат на отпор во Македонија, каде народот сака да се обнови Охридската архиепископија, како и пречки од страна на Русија која има свои интереси, преставниците на цариградската бугарска општина не сакаа да остапат од својата политика. Тие храбро го отфрлаат проектот на патријархот Григориј VI кој во 1867 год., по советот на рускиот амбасадор Игнатиев, и даде црковна автономија. Всушност како што велел самиот, „со свои раце изградив мост за политичка независност на Бугарите“.

Меѓутоа, бугарското национално движење кое имаше два изразити центра, едно во Влашко и Србија и друго во Цариград, едноставно не го прифатија овој проект, како што не го прифатија ни во 1860 година, не заради тоа што не го решаваше конечно прашањето на бугарската самостојна црква во нејзините етнички граници, туку заради тоа што овој проект не ја опфаќаше Македонија и им го затвараше излезот на Егејско Море.

Ова го потврдува и изјавата на  бугарскиот борец за црковна независност д-р Стојан Чомаков, преставник на цариградската група, на советувањето на бугарските лидери во Ортокеје во 1873 година. Кога „севернобугарската група“ на чело со егзархот инсистирала да се напуштат плановите во поглед на Македонија, бидејќи нема смисла целиот бугарски народ да трпи шизма и да трпи толку напори поради некои јогуртчии и бозаџии што сакаат да и се приклучат на Егзархијата, Чомаков налутено ќе изјави: „Господа Бугарија има потреба од Бело Море, Бидејќи Црно Море е езеро, а народи што немаат (отворени) мориња осудени се на пропаст“.

За Чомаков „Бугарија без Македонија, ќе остане не само осакатена во национален однос, туку и политички неспособна за живот. Бугарите ќе бидат сигурни за својата независност само кога ќе допрат до отворено море, а тоа може само преку Македонија. Без Македонија бугарската држава на Балканскиот Полуостров станува безначајна, без смисла, зошто Солун треба да биде главна врата на таа држава..“ Оваа изјава ги открива вистинските цели на Бугарите и нивните намери кон Македонија.

Свесни за руската политика за единство на православните христијани, бугарските лидери за да ги остварат своите цели, во овој период се закануваат со унијатство, преку кое Австраија по Кримската војна сакаше да создаде терен во Македонија за излез на Солун. На сето ова Русија се навлекуваше и бесно реагираше и го застрашуваше Цариградскиот патријарх за пробив на католичанството на негов терен. За тоа време, бугарските лидери кои ја насочуваа руската политика кон својата воденица, кокетираа со Портата. Тие успеваат да ги придобијат Турците за своите барања така да во 1870 доаѓа до формирање на Егзархијата.

Зошто е формирана Егзархијата, а не Охридската архиепископија можеби најдобар одговор дава Ив. Ивановиќ  кој во Црквената историја на Србите во Турција (1902) пишува: „Еве што ми кажува еден човек од депутацијата, која одеше кај Али-паша, а тоа е Аверија кој подоцна станува митрополит на Бугарија: Кога излеговме пред Али Паша, кога Чомаков го поздрави и му ја изнесе желбата на Бугарија, Али – паша одговори дека молбата ќе ја исполни. Вие знаете, реше пашата, дека ние Турците и вие Бугарите сме една крв, а не сме славјани ни ние ни вие. Во сите училишта изучувајте го турскиот јазик, за да можете да станете наши чиновници, и вие во Турција ќе станете она што Унгарците, нашите полноверни сродници, станаа во Австрија. Отргнете ги Бугарите од Грците, зошто во Турција се Бугарите, а Србите се во Србија, а во Карадак се Екшиите. Од вашата вредност зависи сите да ги побугарите, а потоа сите ќе станете она што се Унгарците во Австрија и ќе бидете наши наследници во Европа“.

Инаку, великиот везир Мехмед Амин Али паша го исполнил ветувањето и во 1869 година му дал на бугаринот Гаврил Крстевич да изработи проект за ферман  за  основање на Егзархијата.      

Пред создавањето на Егзархијата, стремежот на Македонците беше за обнова на Охридската архиепископија. Македонскиот народ во земјата и македонската емиграција едноставно се воодушевувала со идејата за обнова на Охридската архиепископија. Меѓутоа, како што пишува македонскиот дописник во весникот „Марица“ (излегува 1878 - 1885), по изигрувањето на очекувањата, македонскиот народ се прашува, „Ако северните Бугари ја имале Трновската патријаршија, дали ние Македонците ја немаме Охридската патријаршија, признаена од самите вселенски собири? Ако нивната патријаршија ја благословил и ја признал грчкиот патрик, дали нашата не може трипати да ја благослови и да ја обнови папата, кој е црковен поглавар на толку милиони Западни Славјани, наши браќа по крв? Тогаш ќе видиме што ќе кажат на тоа Грците, а што прават нивните (бугарски) пријатели со кои се договараат“.   

Македонскиот народ оставен да бира меѓу Цариградската патријаршија и бугарската Егзархија ја избира јурисдикцијата на бугарската црква која како славјанска и била поблиска отколку грчката. Увидувајќи дека се изиграни и од Егзархијата, која работи спротивно на интересите на македонскиот народ, македонско-црковните општини се спротивставуваат и дел се обидуваат со посредство и унија со Римокатоличката црква да организираат македонска црква. Но, на тој начин ќе дојде до верска поделба која потоа ќе влијае на планот на националната афирмација на Македонците. Оние кои остануваат под јурисдикција на Цариградската патријаршија се христијани гркофили, оние кои влегуваат под јурисдикција на Егзархијата се запишани како Бугари, а бидејќи пропаѓа и идејата за унијатството и создавање на Македонска црква, Македонците за да го искажат својот идентитет во овој период често тоа го прават со истакнување како презиме или псевдоним – Македонски, Македонецот

Всушност, сето ова ја открива вистинската приказна зошто не формирана Охридската арјиепископија, за бугарските „етнографски права“ во Македонија, за постоењето на две бугарски држави и еден народ, но и за се што се случувало и случува во православието и на Балканот од 1870 до денес. 

(извор: Д.Т. Раѓање на Македонската нација, Скопје, 1966)

Тихомир Каранфилов

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.