Среда, 16 Септември 2015   
Весникот „Народна волја’ добар пример за соработка меѓу Македонците и Бугарите

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„НАРОДНА ВОЛЈА - PEOPLE’S WILL“ (Детроит, САД, 11. II 1938 – 1945 и потоа) е неделен весник на Бугарите и Македонците во Америка, заедничко продолжение на весникот „Трудова Македонија“ на Македонскиот Народен Сојуз во Америка и на весникот „С’знание“ на Бугарско-македонските работнички просветни клубови во САД, под редакција на Г. Пирински и П. Григоров. Весникот НВ со своите прилози и документи од соработници од сите делови на Македонија и од дијаспората претставува значајна печатена трибина на македонската национална мисла и акција во дијаспората во периодот до и по Втората светска војна.

Георги Николов Зајков или попознат како Георги (Гео) Пирински и војводата Смиле Војданов од охридското село Лактиње во периодот меѓу триесеттите и четириесеттите години на минатиот век ќе настојуваат да ја обединат македонската емиграција во Америка, особено да ги обединат лицата кои Македонија ја чуствувале за своја татковина и на кои македонскиот национален идентитет им бил света работа.

Во септември 1929 година, Пирински и Војданов  ќе го формираат Македонскиот народен сојуз. На почетокот од илинденци ја формираат првата Македонска прогресивна група, која потоа прераснува во Македонски народен сојуз во САД и Канада (подоцна Македонско-американски народен сојуз во САД и Канада), со Централен комитет. Двајцата, како челни луѓе на Македонскиот народен сојуз секоја година ќе организираат конгреси, ќе издаваат весници и успешно ќе ја шират вистината за Македонија.

Во овој период како централен орган се јавуваат весниците: „Балканско сдружение“, „Трудова Македонија“, „Народна волја“ и др. Во нив се објавуваат сите важни документи, соопштенија, коресподенција со македонците било каде и да се, како и лични спомени од Илинденското востание   Овие весници, ги обединуваат Македонците од сите делови на поделената татковина и претставува верен сведок за нивната национална свест, идентитетот, како и за континуитетот и карактерот на ослободителните стремежи и државотворни идеали.

По договор со органот на Сојузот на БМРП клубови во САД, од 11 февруари 1938 година, во Детроит, САД се издава весникот „НАРОДНА ВОЛЈА - PEOPLE’S WILL“ кој е неделен весник на Бугарите и Македонците во Америка. Всушност овој весник е продолжение на весниците „Трудова Македонија“ на Македонскиот Народен Сојуз во Америка и на весникот „С’знание“ на Бугарско-македонските работнички просветни клубови во САД. Весникот под редакција на Г. Пирински и П. Григоров, со своите прилози и документи од соработници од сите делови на Македонија и од дијаспората претставува значајна печатена трибина на македонската национална мисла и акција во дијаспората во периодот до и по Втората светска војна.

По повод 20 години од постоењето на весникот „Народна волја“, бугарскиот весник Работничко дело“ на 2 март 1958 година ќе објави статија за проблемите со кои се соочува весникот на македонската и бугарската емиграција во САД.  Во неа меѓудругото се вели:

„Денеска далеку од својата татковина, во Соединетите Американски Држави, во својот клуб на ул. „Фери“ во градот Детроит ќе се соберат нашите бугарски и македонски браќа – емигранти, за да ја отпразнуваат 20-годишнината на својот борбен весник, неделникот „Народна волја“.

Неговиот прв број се појави на 12 февруари 1938 година, како продолжувач на делото на бугарскиот работнички весник „С’знание“, орган на Бугарското биро при Националниот комитет на Кумунистичката партија на САД, кој што излегуваше цели 15 години.

„Народна волја„ придонесе многу за активното учество на демократските Бугари и Македонци во широката народо-полезна дејност и во раководењето на Американскиот славјански конгрес во време на војната и по неа. Членовите на раководителите на Бугарскиот народен сојуз и на Македонскиот народен сојуз, сите подржувачи на „Народна волја“, застанаа во првите редови за мир.

Во текот на периодот по војната, против прврзаниците на мирот во САД беа преземени репресивни мерки, кои што ја поставија „Народна волја“, како и целиот прогресивен печат, во крајно тешка положба. Американските власти не го забранија излегувањето на весници како него, но на секој начин се трудеа да го загушат. Против неговите претплатници беше организирано проследување, за да бидат принудени да се откажат да го добиваат и да не смеат да го помагаат. Уредниците и администраторите на прогресивните весници беа повикувани на сослушување пред прочуената комисија за истражување на „противамериканска дејност“. Овие инквизиторски сослушувања се огласуваа во големиот реакционерен печат со сензационални наслови за „откриени заговори“, за „конспирации за насилно соборување на владата на САД“.

Сето тоа извонредно многу го отежнуваше излегувањето на прогресивните весници и во некои случаи го направи невозможно. Отежната беше положбата и на „Народна волја“. Но неговиот уредник д-р Никола Ковачев, како и администраторот др. Бочо Мирчев, не се исплашија од сослушувањата и заплашувањата, и опирајќи се на поткрепата на најсвесниот дел на бугарската и македонската емиграција, тие продолжија, продолжуваат и сега, макар и со многу усилби, да го издаваат весникот, којшто високо го држи знамето на борбата за мир, ги демаскира бесмилосно  потпалувачите на нова војна, ги заштитува демократските права на Бугарите и Македонците во САД... “

Весникот кој преставува добар пример за заедничка соработка меѓу бугарскиот и македонскиот народ, по Втората светска војна наидува на низа тешкотии поради комунизмот кој владее во матичните земји. Ова се случува во времето на антикомунистичката кампања во САД, позната како Макартизам. Инаку весникот одигра значајна улога за ширење на вистината на Македонија.  

(извор: Од признавање до негирање, Скопје, 1970, стр. 426-427)

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.