Среда, 30 Септември 2015   
На запад ништо ново – освен илегалци


Софре

Очигледно е дека нешто е труло во функционирањето на ЕУ.

Декларативно сите западни земји од ЕУ пропагираат демократски вредности согласно кои треба да се однесуваат пред се тие самите а потоа и сите земји од источна Европа. Веројатно под тие вредности се подразбира и насилството кое се применува во решавањето на проблемите со бегалците, или мигранти?

Но по ред. Овие луѓе кои ние ги гледаме по сите светски медиуми, дали се бегалци или мигранти? УНХЦР нѐ учи дека има разлика, прилично драстична.

Имено, бегалците бегаат од вооружен конфилкт или прогон заради нивната неподнослива состојба во која најдиректно им е загрозена безбедноста по нивниот живот (можат да бидат убиени и немаат друг избор освен да ја напуштат својата земја). За оваа категорија на луѓе одбивањето на азил значи потенцијално смртни последици по животот, имајќи ја предвид опасноста да се вратат во својата татковина. Најчесто бараат безбедност во соседните земји, како што беше тоа случај и со бегалската криза во Македонија кога удомивме значителен број лица од Косово. После тоа дали значителен број од нив пукаа на македонските безбедносни сили или не, останува реалност која може да се изучува во специфични науки (веројатно сме единствени).

Конвенцијата од 1951 година ги дефинира правните принципи по однос на прашањето за бегалците, нивните но и обврските на државите каде тие пребегале, а со самото минување на границите на сопствените држави бараат безбедност во други земји, пришто во правно дефинираните постапки стануваат меѓународно признаени како „бегалци“.

Мигрантите од друга страна, избираат да ја напуштат својата држава и не се селат заради директна закана од прогон или смрт, туку заради подобрување на нивниот живот со наоѓање работа или во одредени случаи заради образование, семејно обединување итн. За разлика од бегалците, мигрантите немаат пречка да се вратат во својата земја. Државите го третираат прашањето за мигрантите согласно своите внатрешни регулативи, зашто мигрантот не мора а сепак ја напушта својата земја.

Во контекст на последниве историски случувања на масовни преселби на народите, некои „експерти“ сметаат дека овие луѓе (главно сиријци, авганистанци и ирачани) се подеднакво или во исто време и мигранти и бегалци. Секако дека тоа е оксиморон кој во правното регулирање на нивниот статус не може да најде практична примена. Во нашиов случај, во случајот на Македонија, како држава во која влегуваат групи на лица за кои во нормални услови е потребна виза за влез на нашата територија, од особена важност е легитимирањето на истите. Но, ние (и не само Македонија) се соочуваме со реален проблем кој се состои во следното:

  1. Илегалците одбиваат да се идентификуваат односно да биде правно регулиран нивниот идентитет;
  2. Илегалците може да се заболени од болести особено кои не се карактеристични за ова поднебје;
  3. Илегалците може да биле учесници во воени дејствија и притоа да извршиле воени злосторства (особено оние кои биле дел од ИСИС);
  4. Илегалците неретко поседуваат лажни патни исправи и даваат лажни информации за себе;

Имајќи го предвид сето тоа, лично сметам дека најсоодветен термин за овие лица кои масовно пристигнуваат во Македонија е ИЛЕГАЛЦИ. Ниту се бегалци (одбиваат да се идентификуваат, бираат земја по своја желба итн.) ниту пак се мигранти (се жалат дека безбедносната состојба во нивните земји е неподнослива и опасна по нивниот живот).

Прашање до сите легалисти, особено оние душегрижнички настроени за илегалците, би било како да ги класифицираме сите оние кои одбиваат да се идентификуваат? Како да постапуваме со оние кои одбиваат вода и храна од македонската полиција или организации во Македонија кои имаат крст во својата суштина, односно се регистрирани како Црвен крст? Дали се тоа мигранти, бегалци или терористи кон кои соодветно треба да се дејствува? Како би им било на сите душегрижници кога некој би им влегол дома, би прошетал низ сите соби, попатно би се послужил со нешто по свој избор и на крајот да замине и да ги остави во прашалници по однос на тоа кој беше овој или оваа, што сакаше, зошто баш кај мене, зошто не зазвони туку се појави пред врата и си влезе како на пазар?!

Македонија не е супермаркет. Сме покажале гостопримство какво што веројатно сите земји членки на ЕУ заедно не покажале кон бегалци (кои кај нас подоцна излезе знаат да пукаат). Не може некој да ни го нарушува меѓународно признаениот суверенитет и да ни кажува на каков начин да прифаќаме илегалци дојдени од ЕУ, зашто во Македонија се влегува преку ЕУ – колку и да звучи тоа парадоксално. Македонија има право и обврска да ги штити своите граници и својот народ и тоа право не смее ниту може некој да ни го одземе.

На крајот и краиштата илегалците покажаа и докажаа дека Ла Манш сепак не мора да се помине низ тунел, а по пат дали ќе бидат третирани на демократски начин по ЕУ терк или по Македонски терк – е тоа е друго прашање или пак можеби не? Сепак добро е што денес челниците во ЕУ се договорија, останува да видиме како тој договор ќе влијае на општите состојби со илегалците, само се си велам да не биде пу пу не важи – како она на Јункер со 700-те милиони евра кои излегоа дека се 17 и тие не за нас, туку за делба со комшии...

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.