Вторник, 13 Октомври 2015   
ЕЈ, ЕВРОПО, ЕВРОПО, БЛУДНИЦЕ ВАВИЛОНСКА...

Лицемерие: ЕУ ја осуди руската воена интервенција во Сирија

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија на состанокот во Луксембург одржан на 12 октомври 2015 година, ја осудија руската воздушна воена интервенција во Сирија.

Во точката 10 од Заклучоците на Европскиот совет за Сирија, се вели:

"10. Неодамнешните руски воени напади (во Сирија) кои покрај врз ИСИС и други терористички групи, се вршат и врз умерената опозиција, предизвикуваат длабока загриженост, мора да запрат веднаш. Истовремено мора да запрат руските повреди врз суверенитетот на воздушниот простор на соседните земји.

Оваа воена ескалација ризикува пролонгирање на конфликтот, поткопување на политичкиот процес, влошување на хуманитарната ситуација и зголемување на радикализмот. Наша цел треба да биде деескалација на конфликтот. ЕУ ја повикува Русија да ги фокусира своите напори на заедничката цел за постигнување на политичко решение на конфликтот. Во оваа смисла, ја повикуваме Русија да изврши притисок за намалување на насилството и имплементација на мерките за градење доверба од страна на сирискиот режим во согласност со одредбите од Резолуцијата 2139 на ОН."

Фати им го крајот на европските лицемери. И така ќе биде, се' додека евро-бирократијата во Брисел и Стразбур е сервилна на профитните интереси на мултинационалните корпорации, отуѓена од интересите на обичните граѓани...

И не може а да не се присетиме на Првата Светска Војна 1914-1918 година. Линијата на Македонскиот фронт, еден од најжестоките фронтови од Првата Светска Војна, минувала токму низ подрачјата каде што живеат етничките Македонци. Ужасите со кои се соочувале Македонците помеѓу бројни туѓи војски тешко може да се замислат. Историјата бележи малтретирање, крадење, конфискација, глад, бомбардирање, колежи, силувања, сите ужаси што отсекогаш ги придружувале војските и војните. Песната "Од врв Пирин планина" на македонскиот поет Трајко Китанчев е прифатена како народна песна и е најдобар паметник за ужасите со коишто биле соочени Македонците за време на Првата Светска Војна: "Од врв Пирин планина очаен глас се слуша, Македонија плачит. Проклета и триклета да бидиш, ти, Европо, блуднице вавилонска. Французи, Англичани, Италјанци и Немци, сакаат да сме под ропство. Од рода сум славјанка, земја со злато полна, зато` завижџет толку."

Оваа песна совршено ја опишува и актуелната политика на ЕУ за толерирање на грчкиот шовинизам и наци-фашизам и на бугарските империјалистички апетити кон Македонија, а претставени како грижа за нејзината евро-атлантска интеграција. На Версајскиот "мир" со кој е завршена Првата светска војна, само се потврдени заклучоците од Букурешкиот договор: Македонија останува поделена, а Македонците им се препуштени на геноцидните политики на балканските држави до денес...

Но, оваа песна совршено ја опишува и актуелната политика на Европската Унија и кон војната во Сирија и кон сите војни во светот...

Еј Европо, Европо, блудинце Вавилонска...

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.