Среда, 14 Октомври 2015   
Писмо до Претседателот на Македонија д-р Ѓорге Иванов

janko-tomov-240

Јанко Томов

Патриотите од диаспората се загрижени за договорот на групата од четирите преставници на политичките партии на Македонија, согласно наложениот Пржински договор, според кој,  кога деновиве одлучија да нема во иднина преставници од диаспората во Собранието на Република Македонија, а и да се укинат постојните Три парламентарни преставници од иселеништвото- Европа, Америка и Австралија. Така покрај СМК од републиката, ОМД од диаспората, како и индивидулни познати патриоти од диаспората, преку своите написи во македонските медиуми и интернетизданијата, како што е најпатриотското списание Македонска нација, бранејки ја потребата од постојните парламентарци-преставници од иселеништвото, се појавуваат и загрижени  интелектуални патриоти од Европската диаспора.

Имано Дејан Аџијоски од Швајцарија, во консултација со дел од иселеништвото, се обрати  со конкретно писмено барање, до претседателот на Република Македонија, д-р. Ѓорге Иванов, да не го потпише  овој катастрофален договор, кој го нарушува  Уставот на Македонија.

Со непотпишување на договорот на групата, која е нереална, бидејки е Три према еден, во штета на македонската демократија, со кое не се заштитува  националното македонско единство, посебно националните, демократски, економски, културни, верски и традиционални врски на иселеништвото, со родна Македонија.

Покрај и-маил адресите на патриотите од диаспората, писмото е испратено и преку пошта до претседателот на Република Македонија, д-р Ѓеорге Иванов.

До

Господин Ѓорге Иванов,
Претседател на Република Македонија
Почитуван Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов,
9 октомври 2015 година,
Акленс, Швајцарија

Почитуван господине Иванов,

Со цела почит кон вас како претседател на сите Македонци во светот, би сакал да ви се заблагодарам за вашите придонеси кон градење на поуспешна Македонија.

Во момен кога помеѓу успехот и поразот границата е тенка, ви пишувам со последен обид Вие како претседател на Македонија да реагирате во одбрана на дијаспората. И доколку најлошото сценарион се усвои помеѓу преговарачите:

Дијаспората бара да не го потпишувате указот за прогласување на измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои што се дерогираат вејќе стекнати права.

Доколку и тоа не го превземете и го потпишете указот, тогаш и така тенката врска пемеѓу Македонците во светот и матичната земја ќе се прекинат, тогаш Македонија ќе западне во уште поголема криза со последици кои никој неможе да ги предвиди.

Во самиот потег на преговарачите лежи поразот. Или со самиот потег во 2001, измените како и долгорочните последици ја сменуваат и ден денес Македонија.

На крај, ако ситуацијата ескалира и Македонија западне во долгорочна нестабилност поради неодговорноста на лидерите во целост, тогаш ќе се запаметат само лошите дела и неуспехот на првенците кои ја воделе Македонија.

Како пример уште еднаш би го нагласил, договорот од 2001, жртвата која падна за неа, потписниците, придобивката до ден денес.

И доколку и ова не е доволно би спомнал дека Македонија ќе биде оставена како жив плен за останатите, за останатите затоа што не ќе бидеме во можност да основаме стабилна влада, сите игри кои одпосле ќе бидат, е почеток на крајот.

Во анекс писмата до Премиерот како и лидерот на СДСМ.

Со почит,
Дејан Аџијоски,
Швајцарија

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.