Среда, 21 Октомври 2015   
Политика на челниците на СДСМ отсекогаш имаше курс за пропаст на македонската економија

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Опозицијата континуирано работи против проектите на владеачката партија!

Додека владечката ВМРО ДПМНЕ работи на реализација на проекти кои имаат за цел да го подобрат животот на македонските граѓани, опозицијата континуирано работи да ја спречи нивната реализација.  

Деновие Советот на опшина Охрид го донесе првиот општ урбанистички план за село со што се отвора простор во познатата туристичка населба Лагадин да се изгради најавената медитеранска плажа, со палми и платформи во вода. Покрај новата плажа, општината предвидува по пат на јавно приватно патнерство да го реконструира старото пристаниште во центарот на градот. На ова место е предвидено да се гради мала марина со ресторан, со што овој дел од градот ќе стане нова туристичка атракција.

Меѓутоа, кога се работи за спроведување на нови проекти од страна на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ на централно и локално ниво, а кои се од интерес на граѓаните, како што е вообичаено, опозицијата се спротивставува. Во овој случај, советниците на опозицијата се сомневаат во намерите на општината и коментираат дека на овој начин се губи уште еден слободен простор од крајбрежјето.

Но, причината за ваквото нивно однесување е сосема друга. Стравот од спроведување на уште еден ветен крупен проект од страна на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ кој им го зголемува рејтингот е причина за постојано критикување и барање на опозицијата како да се спречи неговото спроведување. Во спроведувањето на нивните намери има дури и закани.

Препреки, закани и протести против спроведување на одредени проекти како политичка форма на борба од страна на опозицијата  започнати се многу одамна. Уште во текот на првиот мандат во периодот од 1998 до 2002 година, Владата на ВМРО ДПМНЕ започна неколку проекти како Милениумскиот крст на Водно, Плаошник и Дојранско езеро. Особено за Милениумскиот крст на Водно се крена голема прашина во јавноста. Во 2002 година, по доаѓањето на власт на СДСМ, Милениумскиот крст на Водно беше запуштен и имаше проблеми со осветлувањето и одржувањето. Сепак, Владата на СДСМ во периодот од 2002 до 2006 година не го урна, а сите три проекти денес го оправдуваат своето постоење.   

По враќањето на власт, од 2006 година до денес, Владата на ВМРО ДПМНЕ започна низа проекти кои беа изложени на критики од страна на СДСМ.

Архитектот Мирослав Грчев, авторот на новото знаме на Македонија, беше експонент на опозицијата, која жестоко се спротивставуваше на мега проектот „Скопје 2014“. Инаку, за негово време како градоначалник на општината Центар, беше изграден објектот „Лумикс“ на несоодветно место пред ГТЦ и ЕВН, а за кој постојат обвинувања дека е доделен на коруптивен начин.

Проектот „Скопје 2014“, кој тешко би можела да го реализира било која земја или било која власт, неаргументирано беше нападнат од опозицијата, само таа да си ја оправда својата неспособност кога таа била на власт. Таа се надеваше дека со кампања против овој проект ќе успеат да ги придобијат симпатиите на граѓаните, и дека ќе ги добие изборите, како локални, така и парламентарни. Но, народот добро ги препознаваше вистинските вредности на ВМРО ДПМНЕ.

Интересно е да се напомене дека токму советниците на СДСМ, која го нарече проектот „Скопје 2014“ врв на невкусот, непознавање на сопствената историја и забегано трошење на над 200 милиони евра во време кога пропаѓаат болници, училишта, градинки и фабрики ширум земјата, гласаа за Програмата за споменици донесена од страна на Советот на Град Скопје (30.11. 2004). Во тоа време мнозинството во Советот го имаше СДСМ и тие одлучуваа каква ќе биде секоја одлука, програма и проект. Сите советници од СДСМ гласаа за оваа програма, во која на прво место стои дека треба да се изгради споменик на Александар Македонски.

Истите тие кои го гласаа, подоцна го нападнаа.

СДСМ ниту имаше време, ниту знаење да се зафати се еден ваков мега проект како што беше „Скопје“ 2014“. Всушност политика на челниците на СДСМ отсекогаш имаше курс за пропаст на македонската економија. Едноставно ниту тогаш, ниту денес имаат компас за да можат да ја водат земјата. За разлика од нив ВМРО ДПМНЕ знаше како да ги спроведе големите проекти од кои целата земја имаше корист.

Но тоа, не и одговараше на СДСМ.

Во 2009 година СДСМ се спремаше да ја спречи реализацијата на проектот „Скопје 2014“. Нивните еспоненти се закануваа дека со токмаци ќе го урнат проектот кој беше веќе во фаза од која нема враќање, а шутот ќе го исфрлат надвор од градот. Всушност тоа беше само политички блеф, бидејќи СДСМ беше свесен дека народот ќе ги растргне. Но, тоа беше уште една лоша слика за политичката култура во земјата и уште една лоша реклама која СДСМ ја даваше за својата земја пред светот.

Во 2009 година, однесувањето на СДСМ против проектот „Скопје 2014“ ќе доведе дури до судир на политички инструираната архибригада и обичните граѓани заради предвидената изградба на црква на плоштадот Македонија, пред  објектот „Лумикс“. Токму овој настан, ќе го издвои Грчев, член на СДСМ како предводник кој се спротивставува на секој проект кој што прави Владата на ВМРО ДПМНЕ.

Опозицијата во годините кои следат прави се за да спречат добрите проекти во образованието, медицината, економијата. Секаков развоен буџет во тој правец беше изложен на критика и се правеа обиди истиот да биде спречен. Во обид да се спречи донесувањето на буџетот во декември 2012 година, СДСМ ќе ја доведе земјата на работ на граѓански судир. Но и тоа нема да им помогне да ги освојат симпатиите на мнозинството и да ја освојат власта. Мнозинството од народот, кој е свесен дека опозицијата работи деструктивно и спротивно на интересите на народот и земјата, во континуитет ќе и даде црвен картон на опозицијата.

Но, тоа не влијае на СДСМ која останува на истата политика и е против секаков проект кој може да биде во интерес на земјата. Тоа го покажува и расправата во Собранието околу изградбата на новите автопатишта низ Македонија во октомври 2013 година. СДСМ тогаш се спротивставува на инфраструктурните инвестиции кои ги планира Владата на Македонија. Таа ги критикува најавените инвестиции за изградба на патишта, без разлика на тоа што едниот од овие два патни правци се наоѓа токму во Источна Македонија, регион каде што со децении немало изградба на никаков автопат, а постоечката патна инфраструктура е во лоша состојба. 

Исто така, СДСМ тогаш го критикуваше и договорот на Македонија со руската компанија “Газпром“ за реализација на проектот “Јужен Тек“, кој треба да обезбеди сигурна енергетска иднина на Република Македонија.

Инаку овој договор кој беше јавно и транспарентно објавен и ставен на очиглед на јавноста, СДСМ се обиде да го оспори и да го претстави како штетен за Република Македонија. Исто така, како во случајот со позајмицата на кинеската банка за изградба на новите автопатишта Кичево – Охрид и Миладиновци – Свети Николе – Штип.

И денес, челниците на опозицијата продолжуваат со истата политика.

Тие континуирано работи против проектите на владеачката партија. Опозицијата притоа троши огромна енергија за да ги спречи овие проекти, но и за да го спроведе единствениот проект на кој работи, а тоа е влез во власта и промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.