Среда, 28 Октомври 2015   
СДСМ ваков како што е не може долго време да му ја загрози победата на ВМРО-ДПМНЕ

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Ми се слошува од овие од опозицијава-ептен ја фатија онаа ,,пу - пу не важи или пес рекол пес одрекол, што си сакам то си праам“.

Ви текнует кога СДСМ дојде без интриги ва власт?

Тоа беше далечната 2002 година, се’ друго беше само со интриги , исто како што пробуваат и денес.

СДСМ од 1990 година до денес само еднаш беше победник на непосредни избори и тоа во 2002 година. Оттогаш до денес, освен интриги, раководството на СДСМ не покажа никакви квалитети.

СДСМ носи вина за македонските државјанства на 150.000 косовари во Македонија, за бугарските летоци 1990 година, за несреќната референца БЈРМ, за промена на знамето, за промена на уставот, за лошата територијална поделба, за конфликтот во 2001, за конфликтот во Куманово 2015 и за уште што не, цело време загрозувајќи ја стабилноста на државата ни Македонија.

Сето тоа укажува дека раководството на СДСМ не извлече поуки од минатото.

По повеќекратните порази на локалните, претседателските и парламентарните избори, наместо да дојде до промени на политиките кои ги бара новото време, а тоа значи остварливи програми кои ќе ги приближат до народот, раководството на СДСМ се уште се служи со старите методи на интриги, уцени, закани, заплашување на јавноста со војни, немири и дестабилизација на државата.

Ајде уште еднаш да се потсетиме накусо на изборите од 1990 година до денес.

Парламентарните избори 1990 година се првите повеќепартиски избори што се одржани во Република Македонија (тогаш се уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам и парламентарната демократија. Најмногу гласови освои ВМРО-ДПМНЕ, но поради распоредот на силите во Собранието, настанаа сериозни тешкотии при формирањето на владата. На крајот се формира “експертска“ влада.
Некаде во 1992 година, со интриги, извршниот комитет беше убеден дека ВМРО-ДПМНЕ може сама да формира влада, а Љубчо Георгиевски да биде премиер. Експертската влада беше рушена, но СКМ-ПДП денешно СДСМ со ПДП си направи своја влада.

Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Се одржаа истовремено со првите непосредни претседателски избори на 16 и 30 октомври1994 година.
ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите, со тврдења за сериозни нарушувања на изборниот процес. СДСМ повторно успеа, со интриги, да го изработи ВМРО-ДПМНЕ, по што уследи бојкот, иако анализите покажуваа дека во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ ќе освоеше највеќе гласови. Без конкуренција во вториот круг, поради апстиненцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДП, СДСМ си формира влада и апсолутно владееше цели четири години.

Парламентарните избори 1998 година се одржаа на 18 октомври и 1 ноември 1998 година. Победник на изборите беше ВМРО-ДПМНЕ, која по изборите формира коалициска влада заедно со Демократска алтернатива (ДА) и Демократската партија на Албанците (ДПА).
Во 2001 година за време на симулираната војна, со интриги, закани и уцени, раководството на СДСМ се наметна широка коалиција, наводно заради спас на Македонија. На крајот што добивме? Погубен за Македонија рамковен договор.

Аје да го наречеме регуларно-СДСМ по конфликтот во 2001 г. ги доби изборите во 2002 г.

Прв пат, СДСМ на Парламентарните избори 2002 година кои се одржаа на 15 септември 2002 година, ги доби парламентарните избори.
Тоа беа први „регуларни“ избори на кои СДСМ победи. Овие избори СДСМ ги доби после наметнатиот конфликт во 2001 г. и заради катастрофалното однесување на тогашната влада од ВМРО-ДПМНЕ.

Континуирани интриги до денес

Парламентарните избори 2006 година се одржаа на 5 јули 2006 година. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која формира влада.
По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на лидерот на победничката партија Никола Груевски, избран за премиер на владата на 28 август 2006 година.

Од 2006 година до денес, СДСМ е во опозиција и цело време на нелегален начин се обидува да дојде на власт или да влезе прво во некаква коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со цел да труби кај народот дека : “ВМРО-ДПМНЕ не е кадарна самата да ја води Македонија и затоа ја прифати помошта од СДСМ, ние да им помогнеме“.

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година.
Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла од страна на СДСМ, по самитот на НАТО одржан 2008 година во Букурешт. На изборите победи коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Предвремени парламентарни избори во Република Македонија се одржаа и на 5 јуни 2011 година. Тие беа втори предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија по барање на СДСМ.
На изборите повторно победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која по изборите формира нова коалициона влада.

Предвремени парламентарни и локални избори 2013 во Република Македонија по барање на СДСМ се оддржаа и на 24 март и 7 април 2013 година.

Пратеничката група на СДСМ инсистираше заедно со локалните да се одржат и парламентарни избори, но ова било одбиено од страна на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. На распишувањето на изборите му претходело и собраниски бојкот од страна на СДСМ поради настаните од 24 декември, кога пратеници на СДСМ на чело со тогашниот лидер Бранко Црвенковски пробаа на насилен начин да влезат во парламентот.

Бараа предвремени избори, а потоа не сакаа да учествуваат на избори

Во почетокот на март, во Македонија пристигна европска делегација за надминување на политичката криза. По неколкучасовни разговори со политичките лидери - еврокомесарот Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и поранешниот претседател на Европскиот парламент Јежи Бузек - лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски се согласил да учествува на престојните избори.

Како заклучок: СДСМ ваков како што е не може долго време да му ја загрози победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните локални, парламентарни или претседателски избори, се’ едно.

Се` додека на чело на таа партија се наоѓаат личности кои си дозволуваат да соработуваат со странски разузнувачки служби само за да дојдат на власт тие претставуваат сериозна закана по слободата на македонскот народ, односно по интегритетот и суверенитетот на македонската држава.

Народот дава мандат, народот зема мандат! А сите обиди со дестабилизација на земјата да се изврши рекомпонирање на власта, ќе останат безуспешна авантура, којашто неизбежно ќе им се врати како бумеранг на авторите авантуристи.

Си ставиле ли некои од овие силеџии прст на умот, се разбира ако го имаат, како ќе реагираат сите тие 500.000 гласачи кои на последните непосредни избори гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата?

На Македонија, не му е потребна поделеност, туку сплотеност на целиот народ за зачувување на името, идентитетот и јазикот, а сите други разлики не треба да се решаваат на улица со “улична демократија“, туку треба да се “пеглаат“ низ институциите на системот.

Некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не можат да се лажат цело време!

Доказ за сето ова е последната анкета, погледнете ја.

http://netpress.com.mk/anketa-graganite-imaat-pogolema-doverba-vo-vmro-dpmne-otkolku-vo-sdsm/

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.