Среда, 04 Ноември 2015   
И улицата има два краја

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

По „загорувањето“ на дговорот од Пржино, оценките за причините виновниците и последиците ви ги оставам секому поединечно, но она што забележувам и сакам да истакнам е „воскресението“ на улицата во главите и изјавите на коекакви експерти, аналитичари и политичари со или во опозицијата. При осека од идеи и настани (мораториум за нови „бомби“) во игра се уфрла оваа старонова закана. Абре аристотели, за „улична демократија“ се сака народ и поддршка а за него водач со лик и дело а не со гафови, поткупи и уцени, партиски аболиции место регуларни судски постапки и триста други дубари, валкани потези и долги какани опашки.

Споредбите на опонентите (впрочем како и резултатите и од делата но и од анкетите) се од видот бог и шеширџија меѓутоа кога умот не им доаѓа, еве, нека им биде. Да компарираме барем од (црниот) 15-ти септември 2002 па наваму. Ајде присетете се, обидете се ве молам на ветувањата и исполнувањата: автопат преку Бабуна, пруга до Бугарија, од секое семејство по еден вработен и т.н. и на тоа слични (п)разни реторики. Се насе едно големо ништооо! Ветер во магла. Ред-лага ред-измама. Лошо и бетер. Ами пак ако ги додадеме името, знамето, референдумот... Кое арно, кој ал народот виде од главата(рот) Бранко и неговите „пипци“ сем пљачките од видот стара заштеда, нови пирамиди и арамиска прив(ф)атизација.

Еве сега два-три реда и за делата на опонентите. Излегоа со програми со рокови и цифри а што направија и колку од тоа остварија народот прочита, се потсети, потоа и одмери и си кажа на наредните девет изборни циклуси. Јасно и гласно. Не, не дека тие се светци или Германци или Јапонци меѓутоа сите нивни дела: и музеи, споменици и врби но и надингани субвенции и пензии, странски инвестиции, компјутери, спортски сали, мрежи од (авто)патишта... сето тоа низ време на кризи и турбуленции смешни ги чини споредбите со (не)делото на Заев и друштво без никаква одговорност. Оттаму и вакви (пуф!) се ефектите од „бомбите“. Оти луѓето ги интересираат делата, иако и трачевите и карактерите - дума да нема, арно ама и егал и за обете страни а не селектирани и монтирани по ќефот и ножицата на газдата кој и самиот призна дека знае да „подвикне, навреди...“. Е, ама тие „бомби“ ашш... ги немаа, не ги објави. Или пак ние не ги видовме?

Но, дозволете да констатираме она што сите вие и добро и одамна го гледате и знаете: додека мозоци на нивните креации ќе бидат Фрчкоски, Ѓероски и Политико а опозицијата (примарно СДСМ) не се престрои и од темел реформира може колку и душа сака да прети дека ќе протестира и блокира, не ги ли надмине силно и суштински дефектите - пусти ќе ѝ бидат желбите ем јалови ефектите. Оти, искрено, знаете ли вие некој случај салонски политичари преку протести и улици да стигнале до власт и фотелји? Едноставно и народски кажано: тоа што не се прчи не се ни кози, „Луј Витон“ на барикади не го личи.

Значи вака, да - улицата знае да биде алатка на демократијата но и мегдан на анархијата! Како и стапот впрочем и таа има два краја со основната сличност дека подебелиот секогаш го извлекува послабиот. Хм, и таа им утопија одамна видена, испробана и истрошена се покажа и докажа како промашена. Протестираа, маршираа, блокираа, освојуваа и? Цврц Милојко, што би рекле отаде Куманово. Да, во ред, играа и на картата на време, демек кај и дае овие сами ќе паднат а бидејќи трети нема народот одново ними ќе ги враќа. Арно ама ниту Никола е Љубчо а ниту ова се деведесеттите. Спонавме, преродбениците и со сите маани и лоши страни, наметнаа едно такво темпо од работа со кое во овие и повеќе од волнени времиња остварија резултати кои што неминовно бараат нова сила и енергија прво да им парира а потоа и собори.

П.С. Ете, по навика нашиве државотворци одново кукумјавкаат и чекаат домашниве задачи да им ги завршат од надвор нивните ментори. Арно ама во сегашниве (не)прилики, со само 3-4 општини, не европејци, не Американци туку и Марсовци да слезат од калта нема да ги извадат. Ништо живо не ги спасува, до гуша се бре братко ем веќе и во уста им влегува. Уф, пардон, Спасови (сениор и јуниор) ќе ги извадат (во водство) со своите „Рејтинг“ анкети. Нејсе, и ними ќе им се потрефи. Кај и дае еден ден ќе победат, ако не оваа пролет другата есен - сигурно!

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.