Среда, 04 Ноември 2015   
Македонците се спремни повторно да застанат во одбрана на својата татковина

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Посредникот на ОН Метју Нимиц во интервју за грчки „Катимерини“ вели дека дојде време да се реши прашањето за името. Според него, проблемот со бегалците, зголемувањето на терористичките закани во регионот, како и економските тешкотии со кои се соочува Југоисточна Европа, се причини поради кои решавањето е од суштинско значење за двете земји. Односно дека може да има решение, кое ќе ги покрие нациналните интереси на двете земји и ќе ја отвори вратата за подобра соработка, посилен евроатлантски пристап кон решавање на регионалните прашања. Сето ова е обична флоскула која ги прикрива вистинските намери, но и го објаснува сето она што досега го доживува Македонија.

Според Нимиц, кој првпат отворено говори за „своите“ ставови, решението за името на државата треба да го содржи терминот „Македонија“, но, исто така и една разумна одредница–географска одредница за да се обезбеди достоинството на земјата, но, исто така да се разграничи големиот дел од Македонија, кој е нераскинлив дел од Грција.

Говорејќи за ставот на Вашингтон од каде имал целосна поддршка, Нимиц нагласува дека „САД има силен интерес за решавање на ова прашање, бидејќи како сојузник сакаат да ѝ помогнат на Грција за решавање на прашањата на начин кој ќе придонесе за зајакнување на пријателството меѓу двете земји и ја гледаат Грција, како клучен фактор за мир и безбедност во регионот. Тие се многу загрижени за стабилноста во Југоисточна Европа, особено во овој тежок период.

Што се однесува пак до односот на САД кон Македонија, како што вели тој: „по распадот на Југославија, САД ја поддржуваат Македонија, поттикнувајќи промовирање на демократските институции и процеси, економски развој, како и безбедноста, стабилноста и нејзиниот територијален интегритет како новосоздадена држава. Во тој контекст САД даваат висок приоритет на процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, секогаш во согласност со правилата и процедурите.“

Меѓутоа, досегашното прекршување на меѓународните договори, правила и процедури (пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Косово, Либија, Сирија и т.н.), укажува со што се може да се соочи и што може да очекува во иднина Македонија од преставниците на меѓународната заедница.

Токму интервјуто на Нимиц, потоа изјавите кои доаѓаат истовремено од најрадикалните структури во Грција дека премиерот Никола Груевски нема да го смени името и дека СДСМ е пофлексибилна и посакуван партнер, како и временската рамка од 15 месеци која како задача генералниот секретар Бан Ки Мун му ја поставува за да се реши спорот со името, може да се смета како отворен притисок Македонија да го смени името.

Срамна и жалосна беше прес конференцијата на амбасадорите на ЕУ, САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија пред Владата по повод политичката криза во земјата која со помош на опозицијата сами ја исфабрикуваа.

И не само тоа, преставниците на меѓународната заедница уште еднаш покажаа двојни стандарди кога се работи за Македонија, што се гледа од нивниот однос кон настаните во Подгорица, каде отворено застанаа против насилно рушење на власта, а тука отворено застанаа во поддршка на опозицијата што е надвор од нивниот мандат.     

Меѓународната заедница заборава дека е ова земја е на македонскиот народ и дека тој одлучува кој ќе биде на власт и како ќе се вика.

Никој, ама баш никој, ниту една партија, ниту сите партии заедно, немаат мандат да го сменат името. Дури и да дојдат илјадници бегалци, никој нема право да го смени името на оваа света земја која несреќно беше распарчена со букурешкиот договор во 1913 година.

Доколку денес Македонија беше оформена како држава на целата етно-географска територија, немаше Балканот да биде буре со барут и мек стомак на Европа и НАТО.

Токму бегалската и мигрантската криза ја покажаа целата неспособност на Грција. Таа ниту била ниту ќе биде држава која одговорно може да се носи со предизвиците на новото време. Сето тоа е резултат на една вештачки создадена држава, која не ги ни почитува малцинските права, вклучувајќи ги правата на македонското население кое останало да живее во Егејскиот дел на Македонија. За жал грешките кои се направени во 1913 година, продолжуваат да се прават и денес.

Нимиц ќе спомене дека голем дел од Македонија е нераскинлив дел од Грција, а заборава дека нераскинлив дел од Србија беше и Косово, кое со надворешна поддршка денес ита не кон Европа, туку кон Голема Албанија. Албанските апетити кои се насочени кон Македонија, Грција и Црна Гора, се апетити кои лесно можат да го запалат регионот и пошироко.

Во сите овие игри обвиткани со магла, кумуваат Социјалдемократите како платена агентура на Сорос.

По осамостојувањето на Македонија, СДСМ за да остане на власт, повеќе работеше во интерес на Грците и Албанците отколку за македонскиот народ. Всушност челниците на СДСМ спроведуваат надворешна политичката агенда за воведување марионетски режим што ќе им служи на западните олигархии, а води кон пропаст на македонскиот народ.

СДСМ поддржан од своите спонзори, не престана со своите обиди за рушење на власта во земјата. Но, сите тие, забораваат дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски поддржан од македонскиот народ нема да дозволи некој да си поигрува со судбината на земјата. Исто така, нема Македонец кој ќе дозволи некој да му го одземе неговото име на ова единствено парче слободна земја, кое е пиемонт за обединување на сите Македонци.

Македонскиот народ нема да дозволи федерализација на Македонија и нема што да решава за името. Македонците се спремни повторно да застанат во одбрана на својата татковина.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.