Среда, 11 Ноември 2015   
ЕУ со нова препорака за Македонија

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Европската комисија во својот извештај за Македонија ја задржа препорака, седма по ред, за почнување преговори со ЕУ. Но, овој пат отворањето на пристапните преговори е условено со спроведување на политичкиот договор од Пржино, прашање кое ќе биде разгледано по изборите во април.

Најновиот извештај со условна препорака, што е резултат на дестроктивното однесување на СДСМ, покажа дека Македонија има капацитет да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ. Истовремено задржувањето на препораката преставува пораз на политиката на СДСМ, која направи се Македонија да ја загуби. Нејзиното деструктивно сценарио за предизвикување на политичка криза  и губење на угледот на Македонија едноставно не успеа.

Наспроти тоа, извештајот на ЕК преставува признание на владината политика и напорите кои ги прави за успешно спроведување на проектите и реформите во општествениот живот. Во однос на економските критериуми, ЕК забележува дека Македонија е на добро ниво на подготовка во развој на функционална пазарна економија. Според ЕК, придобивките на земјата од стабилна макроекономска средина, со поддршка на здрава монетарна политика, создаваат услови за влез на пазарот, како и на формирање на здрав правен систем.

Сепак, во земјата не постојат илиузии дека во Европскиот совет може да се постигне едногласност за да оваа препорака се преточи во одлука за преговори. Одредени земји членки уште од 2009 година, до денес континуирано стојат на патот не европските интеграции на земјата, иако Македонија одамна е подготвена.   

Едногласноста во донесувањето на одлуките, одмна на ЕУ и создава големи пречки во решавањето на проблемите со кои се соочува. Тоа денес се покажува и со бегалската и мигрантската криза, при која постои разногласие околу заедничкиот брз одговор.

И додека ние се стремиме кон ЕУ, Луксенбуршкиот министер за надворешни работи, Жан Аселборн, предупредува дека на Европската унија и се заканува распад. Тој како причина ја наведува бегалската криза заради која некои земји ги затвараат границите. Според него, кога солидарноста ќе прејде во протерување на бегалците, распадот може да се случи многу брзо.  

И германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, како што пренесува ФП. ќе изјави дека Европската унија е на крстопат. Алудирајќи на кризата во еврозоната и кризата со бегалците, тој ќе рече дека „Земјите членки на ЕУ треба сега да одлучат, дали да се вратат повторно кон логиката на националното размислување или да ја прифатат идејата дека Европа е еден континент, кој е солидарен, кој преговара заедно“.

Македонија е дел од Европа и без разлика дали е членка или не на ЕУ, во рамките на своите можности, таа ги исполнува начелата многу повеќе од самите земји членки. Но додека Македонците ја покажуваат својата солидарност, Словенија на границите поставува ограда,  Велика Британија размислува за излез од ЕУ доколку нема реформи.

Дека реформите се неопходни  за да Европа стане еден ден солидарен континент, говорат многу прашања кои стојат отворени или се отвараат. Така сега и Каталонците бараат независност. Парламентот на Каталонија официјално го отвори процесот на отцепување од Шпанија, кој по примерот на косовскиот модел треба да се заврши без референдум најкасно за осумнаесет месеци. Најавата за формирање на независна република Каталонија до 2017 година ја тресе Шпанија која се противи на независноста на Каталонците.

Бидејќи заради вето на Шпанија не ќе може да биде примена во ЕУ, новата Каталонска држава би се обидела да влезе во ОН, а доколку и таму не успее тогаш врз основа на студија на меѓународни правни експерти ќе го користи косовскиот модел и ќе бара прием преку „УНЕСКО“. Познато е дека Косово еднострано прогласи независност во 2008 година и дека сега се обидуваат да станат членка на „УНЕСКО“. Инаку за да се стане членка на ОН е потребно согласност и препорака на Советот за безбедност.

Обидот на Каталонија сигурно ќе предизвика домино ефект не само во другите региони во Шпанија, туку и во многу други земји членки на ЕУ. Отука Европа мора да ја избегне едногласноста во одлучувањето и да превземе навреме реформи за да не се распадне. Такви реформи би и овозможиле на Македонија да стане дел од обединета и солидарна Европа.

Што носи утрешниот ден никој не знае, но пред ЕУ и Македонија ќе има многу предизвици за кои е потребно единство на македонскиот народ и подготвеност во испонувањето на критериумите кои се бараат од нас за да го сочуваме својот дом и својата земја за идните поколенија.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.