Среда, 11 Ноември 2015   
Социјалдемократите се здружија со ѓаволот

svekrva1Свекрва

СДСМ без да бидат избрани од народот по четврти пат влегуваат од опозиција во власта.

Социјалдемократите се здружија со ѓаволот само за да дојдат на власт, а сега со поддршка на Соросовите експозитури и дел од меѓународниот фактор се обидуваат да го уништат македонскиот народ и неговата држава.

По Пржино и суспендирањето на Уставот, нивните гласноговорници веќе повикуваат на федарализација на државата. Меѓутоа, како сите тие да заборавиле на елементот народ. Навидум мирен, искусниот македонски народ кој ја препознава играта на „вавилонската демократија“ и не заборава, својот одговор ќе го даде било на избори или поинаку.

СДСМ без да бидат избрани од народот по четврти пат влегуваат од опозиција во власта.

Со влегувањето на мала врата на власт во 1992, 1994 и 2001 година, СДСМ остави пустош во македонската економија, што му донесе беда и сиромаштија на македонскиот народ, а што е најтрагично и промени во Уставот и законите кои го трасираа патот за декомпонирање на македонската држава.

Поставувањето на партиски луѓе на опозицијата во министерствата, како што велат од опозицијата, е за да ја контрилира власта. Но токму ваквата намера укажува дека опозицијата нема желба да работат во интерес на народот, туку да ги пасивизира институциите и Владата во спроведувањето на активностите кои се од витален интерес за граѓаните и земјата. Односно луѓето на опозицијата треба да бидат алатка на одредени надворешни сили да обезбедат пасивизирање на безбедносните структури.

Денес, влегувањето на СДСМ во власта, не дава оптимизам за развој на демократијата. Напротив, со влегувањето на СДСМ во власта е погазен Уставот и суспендиран правниот поредок, а сето тоа внесува голем немир кај граѓаните, кои се загрижени за мирот и иднината на македонскиот народ и држава.

Наметнатиот договор во Пржино од страна на големите сили, беше само подготовка за спроведување на решенија спротивно на желбата на народот. Дека тука не се работи за демократија туку за спроведување агенда спротивна на интересите на народот покажува и поставувањето на партиските луѓе од СДСМ во власта, наместо независни експерти. Едноставно експертите од граѓанскиот сектор, кои даваа поддршка на опозицијата, беа изоставени, со што СДСМ си го покажа вистинското лице.

Отворено поддржани и подмачкани од арогантните дипломати од Пржино, лидерот на СДСМ без срам е спремен да потпише секаква наредба која ќе дојде од „Империјата на хаосот“. Не случајно се најавува сојуз на албански општини во Македонија, а гласноговорникот на СДСМ и уредник на весникот „Слободен печат“ и порталот „Плусинфо“, Бранко Геровски, во својата најнова колумна ќе повика да се разговара за федерализација на државата.

Во однос на Охридскиот договор Геровски вели дека „прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик...“

Ваквиот повик значи дека главното прашање на кои се сконцентрирани големите сили во Македонија, наскоро ќе се отвори со цела жестина. Ова прашање, пред учесниците на договорот од Пржино, го презентираше Питер Фејт, кој кон крајот на септември престојуваше во Скопје.

Тоа од друга страна значи дека повторно, благодарејќи на СДСМ, ќе се соочуваме со закани од албанскиот политички фактор, радикалните исламисти, македонските квислинзи и соросовата пропаганда. Уцената која ќе биде упатена до власата е веќе добро позната „или ќе прифатите или ќе ве снајде катастрофа“.

Во тој контекс, искуството не учи дека не треба да се исклучат училиштата и автобусите кои ќе бидат мегдан за пресметки и создавање на тензии, повторно и зачестено ќе се слушаат калашникови на „свадби“, по некоја експлозија во контејнер и сл.

Што се однесува до македонскиот и албанскиот народ тие имаат доволно искуство да не наседнат на овие провакоции. А народ како македонскиот кој го имал еден Итар Пејо може не само да ги надмине овие искушенија туку и да ги сврти во своја корист

Исто така, народот е свесен дека СДСМ во неможност на демократски и по редовен пат да ги добие изборите склопил пакт со ѓаволот. Да се биде слуга на ѓаволот кој не и мисли добро на Македонија е навистина мизерно и ја заслужува божјата казна. Така да кој со ѓаволот тикви сади, ѓаволот очите му ги вади.

Заради сето ова,секој Македонец кој ја спроведува идеологијата на четирите букви ВМРО, треба да биде буден и да внимава на замката која ни ја мести СДСМ со помош на САД и Вавилонската блудница.

Традицијата на светите четири букви ВМРО – обврзуваат, сеуште неродените деца – обврзуваат, и над се, Македонија, обврзува, затоа што ВМРО е одговорност, ВМРО е да ги штитиш интересите на Македонија, ВМРО е да ја сакаш, а ако затреба и да ја браниш Македонија

Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите, Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

За среќа се ближи и разрешницата. На изборите на 24 април 2016 година, „граѓаните ќе имаат можност да ги казнат сите оние кои работеа против интересите и угледот на Република Македонија и ги изневерија очекувањата на населението“.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, АМИН!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.