Среда, 18 Ноември 2015   
Три нови иницијативи до Уставниот суд за пакетот од Пржино

smk2
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров денес поднесе три иницијативи до Уставниот суд на Република Македонија за поведување на постапка за оценување на уставноста на: (1) Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, (2) Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, и (3) Законот за заштита на приватноста, донесени на 75. седница на Собранието на Република Македонија одржана на 10 ноември 2015 година, а врз основа на договорот од Пржино и лидерските средби на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА во Клубот на пратениците.

Во врска со тоа, ја пренесуваме изјавата на Тодор Петров:

На 21 октомври годинава поднесов иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство. Од Уставниот суд на Република Македонија побарав да го поништи овој Закон, а до донесувањето на конечната одлука, да донесе Решение за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се преземаат врз основа на Законот. Со Законот се нарушува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, се формира паралелно Јавно обвинителство со истите надлежности за истите дела како и веќе постојното Јавно обвинителство на Република Македонија, и се суспендира Уставот на државата, односно Јавното обвинителство на Република Македонија како единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон! Со Законот, таканареченото бадентерово мнозинство, спротивно на Уставот, се прошири при номинацијата на кандидатот за специјален јавен обвинител во Собранието, дури се воведе и при одлучувањето во Советот на јавни обвинители при неговиот избор, престанување на функцијата и разрешување. Се уште немам сознание дали и како Уставниот суд постапува по иницијативата.

Денес, на 17 ноември 2015 година, поднесов уште три иницијативи до Уставниот суд на Република Македонија за поведување на постапка за оценување на уставноста на: (1) Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, (2) Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, и (3) Законот за заштита на приватноста, донесени на 75. седница на Собранието на Република Македонија одржана на 10 ноември 2015 година, а врз основа на договорот од Пржино и лидерските средби на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА во Клубот на пратениците.

Во согласност со Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, а врз начелата на приоритет и итност (во согласност со членот 50 став 1 од Уставот на Република Македонија), до донесувањето на конечната одлука за поништување на овие закони, на Уставниот суд му предлагам да донесе Решение за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се преземаат врз основа на нив. Очекувам Уставниот суд најитно да постапи по иницијативите.

Прво, барам Уставниот суд да го поништи Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, бидејќи Уставот не познава институт “преодна Влада за организација на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија“. По Устав, Владата има полн капацитет до крајот на мандатот, а нејзиниот избор и разрешување се уредени со Уставот. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада. Побарав поништување на институтот “заменик министер“ и “дополнителен заменик министер“ што не е во согласност со Уставот, укажав дека со последните изменувања и дополнувања на Законот за Владата на Република Македонија се нарушува поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, бидејќи при несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик министер за надлежни се утврдени Државната изборна комисија, надлежниот суд или надлежниот Управен суд, што е неуставно! Понатаму, со Законот за Владата на Република Македонија не може да се прејудицираат предвремени избори за пратеници или да се суспендира надлежноста на Собранието за распуштање како услов за организација на предвремени избори за пратеници под условите утврдени во Уставот. Оттука и несогласноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата со Уставот.

Второ, барам Уставниот суд да ги поништи одредбите од Изборниот законик со последните изменувања и дополнувања во врска со валидноста на изборите за тројцата пратеници од изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, бидејќи не постои уставен цензус за избор на пратеници, освен при изборот на претседател на Републиката - за претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од избирачите. Не постои уставен цензус за валидност на изборите за пратеници во шесте изборни единици во Република Македонија! И со еден излезен избирач, изборите се валидни. Во согласност со еднаквоста на граѓаните за остварување на избирачкото право, претставува груба повреда на еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите, услов за избор на пратениците во изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија да биде најмалиот освоен број на гласови при избор на пратеник во изборните единици во Република Македонија!

Истовремено, во спротивност со Уставот е одлучувањето во Државната изборна единица на етничка основа. Со тоа се врши етничка сегрегација на членовите на ДИК, затоа што ја сепарира важноста на одлуката на ДИК доколку “предлог-одлуката се однесува на интереси на немнозинска заедница“, при што “пред ставање на предлог-одлуката на гласање, кој било член на ДИК кој припаѓа на немнозинска заедница има право да побара ДИК да одлучува по таквата предлог-одлука“ со посебно мнозинство, односно “со консензус“! На овој начин, освен етничка сегрегација, се врши имајоризација на членовите на ДИК од немнозинска заедница врз членовите на ДИК припадници на македонскиот народ, бидејќи добиваат законска сила да суспендираат одлука на мнозинството членови на ДИК. Имајќи предвид дека “граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба“ и “пред Уставот и законите се еднакви“, одредбите од Изборниот законик кои воведуваат одлучување на етничка основа во ДИК и по тој основ се во спротивност со Уставот, бидејќи ги прави нееднакви пред Уставот и законите.

Независно од декларацијата на партиите во Собранието за одржување на предвремени избори за пратеници, имајќи предвид дека предвремени избори за пратеници можат да се одржат само ако Собранието се распушти со мнозинство од вкупниот број пратеници, а со Закон не може да се суспендира или прејудицира надлежноста на Собранието на Република Македонија утврдена со Уставот на Република Македонија за распуштање, како единствен услов за одржување на предвремени избори за пратеници, кои се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието, побарав Уставниот суд да ги поништи и тие одредби од Изборниот законик. Собранието се распушта со Одлука, а не со најава во Закон, како што тоа го сторија партиите во договорот од Пржино!

И трето, побарав Уставниот суд да ги поништи одредбите од Законот за заштита на приватноста кои се однесуваат само на материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комункациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година и овозможувањето некој на неповикано лице да го запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимена, доколку содржината на разговорот која ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот претставува јавен интерес, без овластување и налог од надлежен орган. Побарав Уставниот суд да ја поништи одредбата од Законот со која од заштита на приватноста на личниот и семејниот живот, достоинството и угледот на граѓанинот се изземени објавените материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комункациите заклучно со 15 јули 2015 година. Исто така, побарав Уставниот суд да ја поништи одредбата со којашто се овозможува примената на Законот после шест месеци од денот на влегувањето во сила.

Уставот гарантира почитување и заштита на личниот и семејниот живот и на достоинството и угледот на секој граѓанин, оваа гаранција е општа и временски неограничена, не подлежи на одложена примена, како што тоа во Законот за заштита на приватноста е утврдено и поради тоа барањето за оценка на уставноста и поништување на спорните одредби.

Сите закони подлежат на оценка на сосгласноста со Уставот, па и овие донесени врз основа на договорот од Пржино. Впрочем, основата на секоја партиска програма е уставност и законитост! Иницијативите пред Уставниот суд се обид за елиминација на деформацијата на уставно-правниот поредок предизвикана со договорот во Пржино! Законите од договорот во Пржино не ја надминуваат политичката криза во земјата, туку ја продлабочуваат и неа и хаосот во земјата, бидејќи го суспендираат Уставот и уставно-правниот поредок. Еве можност Уставниот суд да покаже независност и да ја одбрани честа и достоинството на професијата и Републиката!

Не е тајна дека ја отфрлам меѓународната арбитража во Македонија, поради аферата со незаконското прислушкување, бидејќи Македонија не е ниту протекторат ниту територија без организирана власт. Македонија е суверена држава, Македонците се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени! Очекувам законодавната, извршната и судската власт ефективно да ги извршуваат надлежностите утврдени со Уставот и законите! И натаму сметам дека, Македонија е жртва на специјална војна со цел дестабилизација на земјата и рекомпонирање на власта, заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.