Среда, 02 Декември 2015   
На народот им треба лидер како Никола Груевски

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Глобализацијата често се интерпретира како процес на светска интеграција во еден заеднички систем каде постои меѓузависност на земјите и регионите од земјината топка. Таа честопати е дефинирана како процес воден од невидлива рака, а не како програма управувана од една земја или на група земји. Во тој процес во кој се зголемува вмреженоста и испреплетеноста на економските и политичките интереси, а во која е нарушена моќта на државата, претпочитајќи ги социјалните и културолошките аспекти, се повеќе доаѓа до судир на цивилизациите.

Македонија која е определена кон пазарната економија, предводена од премиерот Никола Груевски, направи напор за промовирање на националниот интерес, како и вмрежување во меѓународните структури и центри кои имаат влијание врз овие процеси. Македонија ги мобилизира своите ресурси, информации и фондови, но поради дејствувањето на Грција и внатрешните елементи, долго време е изложена на притисоци, но и на последици по нациналните интереси, идентитет и суверенитет.

Опозициската СДСМ, како внатрешен елемент, откако првично политички и безбедносно ја дестабилизира земјата, сега се обидува и економски да ја блокира државата. По договорот од Пржино, по кој со помош на странците опозицијата влезе во власта, сите чекори кои ги превземаат нивните луѓе, потсетуваат на времето на нивното владеење на почетокот на независноста на Македонија.

Тогаш, во темната пролет на македонската држава, црвената елита, ја запусте Македонија. Медиумите беа контролирани, фабриките се затвараа, луѓето беа отпуштани од работа, се кратеа пензии, а истовремено се тргуваше со името и државните симболи.

Денес, таа црвена елита ја пее истата песна. Дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, најави вето на редовните аукции на државни записи предвидени со Буџетот за 2015 година. Доколку тоа се оствареше, тој ќе ја доведеше во прашање редованата исплата на пензиите, платите за безбедносните служби, на здраствените и образовните работници, помошта за социјално ранливите категории, изградбата на патишта, други важни проекти и т.н.

Иако безуспешно, поради одлуката на Државната изборна комисија со која се поништува ветото, ваквата политика на луѓето на СДСМ, предизвикаа загриженост кај граѓаните на Македонија. Дополнително загрижуваат и заканите кои ги упатуваат Социјалдемократите кои „сметаат дека банките како најголеми доверители мораат да имаат предвид дека утрешната и сите наредни аукции на државни хартии од вредност, кои немаат согласност од дополнителниот заменик министер  за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување...

Всушност се потврдија претпоставките дека со влегувањето на опозицијата во власта, СДСМ ќе се обиде да создаде хаос и да оди спротивно од интересите на државата.

Истовремено, тие го покажаа правото лице, како ја замислуваат иднината на земјата доколку дојдат на власт, по предвремените избори во април 2016 година. Всушност нивниот концепт е воведување на диктатура и државна цензура, спротивно на она за што јавно се декларираат дека се за слобода и демократија. Дека опозицијата е спремна да употреби фашистички методи покажуваат и нивните предлози за измени на законската регулатива за медиумите.

Според барањата на СДСМ, тие сакаат да имаат свој претседател на Агенцијата за медиуми, кој ќе има право да дава или одзема лиценци за работа на медиуми врз основа на свое лично убедување, а не со одлука на Советот на Агенцијата. Исто така, тој би имал слобода сам да одлучува дали некој медиум треба да биде казнет, дали работи објективно и непристрасно, дали ги почитува правата и слободите и дали ги негува хуманите и моралните вредности. Опозицијата бараше и зголемување на казните од 10.000 на 50.000 евра, како и за поставување свое раководство во Македонската радио телевизија. Меѓудругото, СДСМ бара и укинување на одговорноста на членовите нa советот доколку нанесат штета на радиодифузерите.

Ваквите барања на СДСМ кои се далеку од нивните ветувања од слобода и демократија, отвараат низа прашања, меѓу кое, што навистина ни припрема опозицијата. Промената на реториката во однос на Кумановските настани и лицемерието кое при тоа го покажува лидерот на СДСМ, посочува дека македонските граѓани треба да бидат будни.

Имено, Зоран Заев сам призна дека не ја говорел вистината по акцијата на македонските безбедносни сили на 9 и 10 мај оваа година во Диво Насеље во Куманово. Тогаш тој излезе со тврдење дека акцијата во која загинаа осум припадници на безбедносните сили ја наместиле македонските власти, а сега  во Словенија зборува дека случувањата во Куманово се исто така терористички акт како и во Париз.

Ваквите неконсистетни ставови покажуваат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не е сериозен политичар кој може да ги брани интересите на македонскиот народ и држава. Исто така, тие укажуваат дека тој работи исклучиво за свои лични интереси и дека во даден момент може да предизвика војна и поделба на земјата. Во услови кога Македонија се соочува меѓудругото и со мигрантска криза, а во БиХ, Косово, Албанија и Македонија постојат ќелии на исламистички групи  спремни да тргнат во борба против Западот, ваквата неговата политика е погубна.

Штетата која опозијата и ја прави на Македонија е огромна и за жал поради надворешна поддршка таа не е санкционирана. Но ако тоа сега не може да го направи владеачката партија, тоа ќе го направи народот на парламентарните избори наредната година.

Народ памти и добро знае на кого ќе го довери својот глас, но тој нема сигурно да биде за Зоран Заев и СДСМ.

На народот им треба лидер како Никола Груевски, кој заедно со својата партија ВМРО ДПМНЕ, има визија, знаење и умење да го води македонскиот брод низ немирното море на глобализацијата, чии бранови од разни сфери на влијание се судираат тука во Македонија.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.