Среда, 09 Декември 2015   
Македонецот кој му позајмил пари на австрискиот цар Јосиф II

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Македонецот Димитрие Анастас/иевиќ Сабов, кон крајот на XVIII век, на австрискиот цар Јосиф II, му позајмил 30 илјади форинти, што во тоа време била огромна сума на пари. Овој познат добротвор ја помагал Каловачката Митрополија и ја основал гимназијата во Сремски Карловац. По препорака на Карловачкиот митрополит Димитрие станал унгарски благородник.

Во периодот од XV до XVIII век, голем број на христијанското население од Македонија бега пред зулумут кој владее во Османската империја. Засолниште наоѓаат од другата страна на реката Дунав, каде Македонците се ставаат на располагање на тамошните власти. Исто така, во потрага за парче леб, многумина тука доаѓаат на печалба. Познати како добри војници. Трговци и сл., некои Македонци за своите заслуги се стекнуваат со благороднички титули.

Во овој период, во Хабсбуршката монархија како благородници кои потекнуваат од Македонија се сретнуваат имињата на Данчо Македонски (во денешна Војводина), Никола Македонец (жупан во Чанад), Ладислав Македонски, Волк Македонски (врховен жупан на Красо) и др. Во XVIII век, благородници биле кир Хаџи Манојло во Будим, Теодор Николич од Велес, Теодор Јанкович Миријевски, Димитрие Анастас/иевиќ - Сабов од Негуш и други.

Димитрие Анастас/иевиќ – Сабов, роден во 1724 година во Негуш, Егејскиот дел на Македонија.

Тој како дете доаѓа со некои трговци во Земун, кои го оставаат кај некој тамошен трговец да го учи занаетот. Извесно време поминува кај него, а потоа тој го испратил младот Димитрие во Нови Сад за да го изучи кројачкиот (сабовски) занает. Три години тој работи како калфа и патува низ Унгарија и Славонија, а во 1748- 1750 година отворил свој дуќан во Сремски Карловци.

Во овој период доаѓа до забрзан развој на градот, па Димитрие Сабов го споил својот занает со абаџискиот и капамаџискиот. Правел народни носии од аба и прекривки, кои ги продавал во Футог, Кечкемет, Пешта и на други места. Покрај оваа работа, тој печел цигли, тргувал со вино, вршел закуп на земјиште, се занимавал со риболов, банкарство и друго на просторот од Сремски карловци до Виена.

Во текот на наредната деценија како одличен занаетлија, трговец и банкар, Димитрие се стекнал  со големо богаство. Во 1790 година за себе и семејството изградил прекрасна куќа во центарот на градот, која во 1949 година била заштитена со закон. Зградата има подрум, приземје во кое работел и спрат во кој живеело семејството. Уличната фасада ја украсил богато со декорација во рококо стил, со средишен портал. На четирите приземни прозорци, поставил богато декорирани рококо железни решетки и на секоја од нив ги ставил своите иницијали Д.А. Оваа куќа денес е единствен објект на градежната архитектура од XVIII век во Војводина.  

Меѓутоа, Македонецот од Негуш, немал среќа со семејството, бидејќи сите деца му починале. Тоа е една од причините поради која тој се вклучува во подобрување на состојбите во Сремски Карловци. Димитрие станува најголем ктитор на Карловачката Митрополија и првенствено го потпомага формирањето и постоењето на нејзините институции  и изградба на објекти за овие намени. За овие потреби тој донирал огромна сума од 20.000 форинти.

Постојаната помош која ја дава за Караловачката Митрополија ќе има огромно значење во зачувувањето на културните обележја на тамошното православно славјанско население и пошироко.

Димитрие Сабов имал значајна улога и во Австриското царство.

На австрискиот цар Јосиф II, кој кон крајот на XVIII век презел низа реформи меѓу кои и „Едикт за толеранција меѓу христијанските вери“, му позајмил 30 илјади форинти, што за тоа време била огромна сума.

Демократизацијата која настанува во општеството, за време на владеењето на Јосиф II, ќе му овозможи на Димитрие да спроведе низа други активности.

По смртта на Јосиф II,  на престолот доаѓа неговиот брат Леополд II, со кого Димитрие води долготрајни преговори. Со донација од 20.000 форинти, која ја потврдил царот Леополд, на 11 октомври 1791 година, Македонецот Димитрие Сабов станува основач на првата гимназија во Сремски Карловци, во која потоа ќе се образуваат голем број на великани како на српскиот, така и на славјанскиот народ.

Со донација на уште 20.000 форинти за гимназијата во Сремски Карловци во 1803 година, по препорака на Карловачкиот митрополит, Димитрие Анастас/иевиќ – Сабов станал унгарски благородник. Набргу потоа, тој починал на 2 ноември 1903 година, во Сремски Карловци.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.