Среда, 09 Декември 2015   
Македонците го немаат тој луксуз да прифатат било каков комромис за името

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Неодамна 28 шефови на дипломатиите на земјите членки на НАТО ја повикаа Црна Гора да пристапи кон Алијансата. Македонија која го заслужи тој статус уште во Букурешт 2008 година и овој пат беше изоставена заради спорот со името.

Повикот Црна Гора да стане 29 членка на алијансата во 2016 година е прво ширење на НАТО, по 2009 година, кога беа примени Хрватска и Албанија. По овој повод генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе рече дека „Црна Гора се покажа на патот да воспостави владеење на правото.“  

Македонија го поздрави повикот за прием на Црна Гора да стане членка на НАТО, бидејќи таа e уште една пријателска земја од нашиот регион, која дополнително ќе влијае како во Алијансата, така и врз стабилноста и безбедноста на Балканот.

Меѓутоа, ако се има предвид дека Македонија уште од 2008 година во Букурешт заслужи да биде членка и не е промена заедно со Хрватска и Албанија во НАТО само заради спорот со името со Грција, а потоа не е испочитувана ни пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, тогаш за каква владеење на правото говори генерален секретар на НАТО Столтенберг.

Дека не се работи за резултат на некакви вистински реформи или некаков голем напредок на Црна Гора, туку за геостратешка одлука со која треба да се намали влијанието на Русија на Балканот, говори фактот дека во Црна Гора 26 години не се променила власта на еден човек и една партија, што само по себе ја негира дефиницијата за демократија. 

Македонија со спроведените реформи и учество во повеќе мисии на Алијансата одамна го заслужи своето место во НАТО. И покрај одолговлекувањето на приемот, Македонија останува со заложбите за членство во НАТО. Сепак, поради притисокот да се реши спорот со името, НАТО се повеќе ги губи симпатиите кај македонскиот народ. По толку време чекање и по се што има напревено во мисиите во Ирак, Авганистан и Босна и Херцеговина, тој се чуствува изневерен од НАТО алијансата.

На македонскиот народ му е познато дека останувањето надвор од чадорот на НАТО во овие торбулентни времиња, претставува зголемен безбедносен ризик, но тој нема намера само заради членство во овој сојуз да дозволи некој да му го смени името, по мирен пат. Тој е свесен дека доколку се дозволи било каква промена на уставното име со било која додавка дека ќе има реперкусии врз неговиот идентитет и врз опстанокот на државата. Македонците го немаат тој луксуз да прифатат било каков комромис за името.

Свесни дека Грција нема намера да го смени својот став и да дозволи Македонија да стане членка на НАТО, но и за расположението на македонскиот народ, САД кога станува за односите меѓу Вашингтон и Москва ја ставија Македонија заедно со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора на линијата на огнот.  

Со повикот да стане членка во НАТО, безбедносниот ризик за Црна Гора е намален, но, во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија тој е зголемен. Особено постоењето на мрежа на ќелии на радикални исламисти во БиХ, Санџак, Косово, Албанија и Македонија, како и големиот број на борци повратници од боиштата во Сирија,  преставуваат сериозна опасност по мирот и безбедноста во регионот. Мајските настани во Куманово, само потврдија дека Македонија останува таргет на радикалните исламисти.

Опозицијата на чело со Социјалдемократите во желба да се добере до власта по секоја цена, со своето делување ја усложни ситуацијата во земјата. Постојат повеќе страни, не само надворешни туку и внатрешни, кои сакаат да ја искористат комплексната политичка и безбедносна криза во која е втурната земјата за спроведување на свои агенди, притоа не водејќи сметка за последиците по Македонија и безбедноста на целиот регион

Договорите од Пржино, кои треба да го неутрализираат премиерот и лидер на владеачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот тим во одбрана на земјата, но и да создадат преодна влада која треба да спроведе одредена надворешна агенда, која нема врска со почитувањето на правото и демикратијата, на виделина изнесе многу работи. Една од нив се барањата на Албанците од земјата за ревизија на Охридскиот договор.

Според пишувањата на ТВ Алсат М, „Анализата за имплементација на Охридскиот договор се подготвува веќе неколку месеци од владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, со помош на Европскиот институт за мир, чиј прв човек е Питер Фејт, како и од ОБСЕ.“ Дел од предлозите на оваа анализа, како што пренесува овој медиум се: „Преамбулата на Уставот да биде во формата предвидена во оригиналната верзија на рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните на Република Македонија, донесување закон со кој ќе се потврди уставниот амандман дека албанскиот јазик е официјален јазик во Македонија, како и усвојување на државниот и на општинските буџети со Бадентер...“

Вклучувањето во власта на опозицијата и евентуално вметнување на препораките од Анализата на Охридскиот рамковен договор во Уставот, според кажаното, за многумина експерти води кон федерализација на земјата и нејзина поделба. Исто така, отварањето на Уставот неминовно ќе го отвори и прашањето за промена на името, која една техничка влада ќе може да го спроведе без да го праша народот на референдум. Како и да е крајна  цел на дестабилизацијата на земјата е со разни притисоци да се смени името и да се разнебити македонскиот народ.

Но, сите како да забораваат токму на факторот - македонски народ. Доколку се случат вакви или слични промени, кои можат да имат тешки последици по идентитетот на Македонецот, тогаш може со голема веројатност да се случи народ, исто како што се случи во 2001 година кога по настаните во Арачиново влезе во Собранието!

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.