Среда, 16 Декември 2015   
Зоки, време е да си одиш од политичката сцена

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски-Прилеп

Во политиката постои едно златно правило кое гласи: „Умешноста на еден сериозен политичар, кој сака да остане забележан во историјата, е да се повлече од политичката сцена кога е потребно. Во спротивно ризикува да биде препознаван како негативен лик“. Најеклатантен пример со ова правило е аболицираниот лидер на насјголемата опозициона партија на македонската политичка сцена СДСМ, Господинот Зоран Заев, алијас Бошко Буха.

Да одиме хронолошки со Неговите најголеми гафови на македонската политичка сцена.

- Во 2008 година е осуден на казна затвор за финансиска афера наречена  ГЛОБАЛ, но благодарение на неговиот мецена Б.Ц., Кој во тоа време беше претседател на Република Македонија, беше аболициран.

- Видео снимка од партиски говор на зајчето пред своите сопартијци, каде нагласува дека, цитирам: Кога ќе дојдеме на власт живи луѓе ќе јадеме.

- Зоран Заев, алијас Бошко Буха, без ниту еден приговор за нерегуларности на изборниот процес, одлучи да не ги признава резултатите од последните одржани вонредни парламентарни избори.

Неговите пулени, народните избраници, обоени во плаво, почнаа да ја бојкотираат работата на законодавниот дом и со тоа настана политичка криза во нашата земја.

Аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Бошко Буха, почна да објавува во јавноста прислушувани разговори на личности од извршната власт, па така по долги натегања, под медијаторство на меѓународниот фактор, се договорија нови вонредни парламентарни избори, кои треба да се одржат на 24 април идната година.

Зоки и неговиот социјалдемократски политички естаблишмент, иако губат девет пати по ред, било да се работи за локални, парламентарни ли претседателски избори, во договор со актуелната власт, а повторно со посредство на меѓународниот фактор, се договорија да се постават два технички министри и тоа за внатрешни работи и труд и социјала и тројца заменици во министерствата за финансии, информатичко општество и администрација и во министерството за земјоделство.

Договорено беше тоа да бидат технички министри и заменици-министри, ама не обоени во плаво. Но Зоки си даде автогол. Па така зајчето си постави свои најблиски членови да седнат во високите позиции на петте гореспоменати министерства.

Тоа е добро, од причини што, Зоки, на евентуален десетти изборен пораз, вината конечно нема да ја бара кај противникот, туку во таков даден момент, треба веднаш да ја напушти македонската политичка сцена.

Друг голем гаф на Зоки Зајчето е неговата сомнителна Заева тендерска пајажина во неговата родна Струмица и видео снимката, каде самиот бара паричен надоместок во баснословни износи, изразени во илјадници евра, за легализација на  државно земјиште.

Зоки, Те трпиме неколку години на македонската политичка сцена и ќе смогнеме сили да ги слушаме твоите глупости и да ги гледаме твоите политички кардинални грешки уште неколку  месеци.

Те молам, во април идната година, ако добиеш чиста десетка во поглед на изборно фијаско од македонскиот електорат, те молам, со спортски жаргон кажано, обеси ги копачките и напушти го теренот.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.