Среда, 16 Декември 2015   
Јован Цвииќ за Грците и Македонија

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Јован Цвииќ (1865 - 1927) е српски научник, основач на Српслото географско друштво, претседател на Српската кралска академија (денешна САНУ), професор и ректор на Белградскиот универзитет, почесен доктор на Универзитетот Сорбона и Карловиот универзитет во Прага. Се смета за основач на српската географија.

По завршувањето со студии во Виена и враќањето во Србија, Цвииќ се зафатил со крупни проучувања од геоморфологијата, геологијата, антропогеографијата и етнографски проучувања на балканските земји и предели кои биле под Австро - Унгарија и Турција. Непосредно се запознал со општествените прилики и населението кое живее во Македонија, притоа забележувајќи ја посебноста на македонскиот народ.

Првите забелешки, Цвииќ ги објавува во виенскиот весник „Ди Цајт“ во 1903 година, а во 1906 година и во Белград во книгата „Проучување на етнографијата на македонските Славјани“. Овие научни трудови предизвикале големи реакции во Бугарија и Грција, како и во Европа.

Иако ги штити интересите на својата матична држава, тој во суштина не го менува својот став. Тоа можеме да го видиме од статијата „Грци и Македонија“, која во меѓувреме, на барање на уредникот на белградска Политика, ја напишал Ј. Цвииќ. Зборувајќи за влегувањето на грчките чети во Македонија во текот на 1904 година и кои се нивните цели, тој дава кратка но интересна анализа за состојбата во Македонија, за активностите на Македонската револуционерна организација и делувањето на пропагандите, вклучувајќи ја и српската за која смета дека заостанува зад другите. Притоа, тој на индиректен начин потврдува за посебноста на македонскиот народ, но и предупредува на пенетрација на Грција во Македонија.

Во текстот објавен на 21.12.1904 година на насловната страна на белградското списание, за активностите на вооружената пропаганда во Македонија, Цвииќ ќе го напише следново:

„Внатрешната македонска организација вешто раководена, наоѓа во секоја прилика некоја општа мисла, која владее со нивната акција. Така во последно време, од кога започна реформната акција, таа мисла е водилка. Сметаат дека се ближи времето за мирно решение на македонското прашање во смисол на автономија, и затоа држат дека треба да се унифицира славјанскиот елемент во Македонија по насилен пат, и да се зајакнат македонско-бугарските стремежи. Напоредно се трудат рајата да ја еманципираат, да биде со машко чело и према турските власт и према беговите и према нивните, во најголем дел, арбанашки субаши. Внесуваат верба во населението дека треба ги извлече сите бенефити од реформската акција и ова навистина во моментот се извлекува. Во Македонија навистина се прави денес прав процес на морална еманципација. Јас до ова уверување дојдов патувајќи пролетва и есенва во Македонија, и разговарајќи со комитите, во најголем дел обични селани, кои преку ден ја обробатуваат земјата, а ноќе формираат чети.

Тргнувајќи од горната основна идеја, Внатрешната организација (вредно е да се испита има ли таа некој зад себе и кој е тој)  прави се за да ги сведе на немерлив минимум или да ги укини оние стремежи кои ги смета за свои, територијални.Тие утврдија дека тоа се грчки и српски стремежи. Бугарската работа или ја сметаат или како своја или ја трпат. Кај нас повеќе не треба да лажеме, и Внатрешната македонска организација има македонско-бугарски стремежи, и ако многу нивни главни преставници не сакаат територијална заедница со Бугарија.

Познато е дека на таа работа на истребување на другите стремежи и пропаганди има и своја претходна историја, но во поново време енергично е започната  во солунскиот и битолскиот вилает, и тоа над Грците и патријаршиските следбеници, кои Внатрешната организација сега ги смета за најопасни...

Тоа изгледа го направила поради посебните етнографски и црковни прилики. Во овие два вилаета има Грци во голем, но точно не познат број. Познат е нивниот приморски крајбрежен појас и населението по поголемите места...

Нема причина за насилно уништување на овие прави Грци, кои во Солунскиот и Битолскиот се слабо малцинство во однос на Славјаните. Меѓутоа, Славјаните во двата вилаети во најголем дел припаѓаат на патријаршијата. Егзархистичките приврзаници се значително помалку...Тие поради црквата дел се сметаат во патријаршистички или грчки приврзеници, исто како што егзархистите во Бугари. Воглавно на основ на првите Грците полагаат право на овие два вилаета. Иако тоа, во основа е погрешно, сепак, бидејќи европската јавност во најголем дел не го познава македонското прашање, Грците по тој основ можат да имаат привремени успеси. Тоа е причината зошто Внатрешната организација прво ги насочи силите кон Грците и патријаршиските Славјани во споменатите валаети.

Зошто тоа го прави најинтензивно сега, за време на реформските процеси?  - Тоа е поради тоа што мисли дека после познатите неуспеси, не може ништо по паметно да направи, а потоа да го расправи прашањето во македонско-бугарска корист, пред тоа да се земе дефинитивно да се решава. Бидејќи еден дел на патријаршиските приврзаници му припаѓа на нашата народност, ние патиме од теророт на внатрешната организација исто како и Грците. Настана растројство и паника меѓу патријаршистичките прврзаници и изгледаше дека уште во август Внатрешната организација поголем дел ќе ги придобие на своја страна.

... Секоја држава има право да ги помага или да ги брани своите сонародници или прврзаници на кои им прети опасност. Во Македонија што побргу зошто сега нема никој друг кој озбилно би ги заштитил. .. Тоа се гледа по нас. Ние не умеевме ни во спорниот дел на косовскиот вилает доволно да ги заштитиме своите сонародници. И овде каде имавме место... изгубивме во последно време голем дел поради опишаната работа на Внатрешната организација, која се рашири и на овој крај. Не смееат нашите конзули да даваат само површни и привремени резултати и со вешти фонфаронади да ги преставуваат како значајни, што е чест случај. Се подразбира дека таквите во најкритичното време на деструктивната работа под нашаите соработници не умее да снајдат. Но не се криви само за ова. Воопшто нашата надворешна политика во Македонија остана без доволно директиви, бидејќи не умеела да се снајде меѓу пријателството со Бугарија (и јас мислам сосема оправдана и умна работа) и уништување на српските достигнивања во Македонија од страна на Внатрешната организација. Таа наша политика мора да биде поцврста и поенергична, а не меко, да се браниме и да ги унапредуваме националните интереси. На тоа треба да се навикнеме и ние и други. За споменатото време внатрешната организација добила замав и уништи голем дел од нашата работа и во спорниот крај на косовскиот вилает...“

Цвииќ во својот осврт за делувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија во текот на 1904 година дава интересни детали. Опишувајќи го нејзиното делување во македонската земја тој бележи следното:

„Преку границата  во Македонија е префрлено над илјада комити и десетина илјади илјади пушки. Јас бев на грчко-македонската граница при крајот на септември и почетокот на октомври кога тоа префрлање се одвиваше во најголеми размери. Грчките погранични службеници за тоа јавно говореа. Грчките конзули во Македонија трчаа на сите страни и ги помагаа своите чети, дури дојде и грчкиот воен аташе од Цариград, а во Солун се зборуваше дека и тој е во врска со грчките комити...

Додека бев таму се примети по селата како Грците и патријаршиските Славјани се чуствуваат посигурно. Понатаму, психолошкиот момент дека некој се грижи за нив, ги напраби похрабри... Навистина изгледа дека Грците со тоа нема многу да постигнат. Можеби во комитската борба ќе потклекнат. Немам ни место ни време за да тоа доволно убедливо го докажам. Сепак ова е најважно, тие имаат малку свој народ на кој можат да се потпрат, додека Внатрешната организација ја црпи својата сила од многубројните Славјани, не ретко и од патријаршиските Славјани.

... Тие (Грците) како и внатрешната организација, сметаат дека македонското прашање набрзо ќе се решава. А со енергичната акција на грчките чети, европската јаност ќе обрати силно внимание на грчките претензии во Македонија, зошто со четите се гледа дека Грците имаа таму свое население и свој голем национален интерес. Оваа аспирација се препознава и по тоа што напоредно со четничката активност започнаа жива активност (се разбира погрешна) за известување на европските народи, особено западните хумани народи, за своите права во Македонија. Покрај книги и брошури, кои се така шовинистички да со нив не се постигнува никаков успех, и нивните преставници во странство развија жива активност. Осебено е интересно со колку софизми ги брани своите интереси во Македонија грчкиот преставник  во Париз Делијанис во еден од последните броеви на Тајмс. Не можам поблиску да навлегувам во тоа, важно е тоа, и тоа најголема свесна грешка, дека сите патријаршисти ги смета за Грци. Не е исклучено дека Делијанис и писателите на невистинитите брошури привидно постигнуваат некаков успех, бидејќи како што напоменав експертите во Европа се многу малку запознаени за јадрото на македонското прашање! ...

Овие последни чекори и вид на пропаганда (покрај четите) се едни од знаците на нереално мислење за македонското прашање, а изгледа дека такво мислење преовладува во Грција. Премногу се надеваат на вештината на дипломатијата. Премногу се потпираат на дипломатија и триковите кои би помогнале македонското прашање да се реши во грчка корист. Изгледа дека и на паметните луѓе во Грција тешко да им се објасни дека наместо сето тоа би било добро да ја уредат и спремат војската...“

На крај од својата анализа за делувањето на пропагандите и решавањето на македонското прашање Цвииќ ќе заклучи:

„Мене ми се чини дека во нашата интелигенција и народот има најмногу подржувачи (можеби поради тешката географска и политичка положба и поголемо политичко искуство) кои знаат дека единствена политичка формула за самостоен политички и културен живот на балканските народи е зближување и заеница на Балканците. Тоа би требало и Бугарите да го чуствуваат. И кај нив има неколку паметни и хумани луѓе кои во тоа се убедени. Меѓутоа несразмерно поголем дел од интелигенцијата и некакви политичари имаат само прашања, само зборови, но не искреност и дела.

Не треба да се губат од вид Грците, народ кој е надарен и кој има многу поголема иднина од тоа што сега изгледа. Навистина нивната географска положба и општите врски се такви да тие не мораат да имаат никакви врски со Бугарите, уште помалку со нас. И нивниот јазик претставува голем проблем за договор кој би опфатил широки слоеви... Меѓутоа националните интереси во Јужна Македонија ги тераат да стапат во контакт со нас и со Бугарите. Изгледа дека последните случувања во Солунскиот и Битолскиот вилает ќе ја имаат таа последица, да Грците почнат озбилно да размислуваат  за контакт со нас и Бугарите или со еден од нас.“

Подоцна овие негови заклучоци се остваруваат. Србите, Бугарите и Грците ќе склучат сојуз без притоа да биде вклучен македонскиот народ и неговите преставници. Двете балкански војни, како ни двете светски вијни нема да го решат целосно македонското прашање.  

Инаку, Цвииќ објавува мапи во 1906, 1909 и 1913 година, на кои видливо е дека македонското население се разликува од другите и дека всушност не припаѓа ниту кон Србите, ниту кон Бугарите. Иако со овие карти на научниот свет му е дадено на знаење дека Македонците се посебен народ што се разликува од соседите според својот јазик, фолклорот и обичаите, сепак не помагаат во решавање на македонското прашање.

(извор: Ј. Цвииќ Политика 21.12.1904)

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.