Среда, 30 Декември 2015   
Што ни носи СДСМ во новата 2016 година!?

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Оваа 2015 година ќе остане запаметена по политичката и безбедносна криза во земјата, во која ја воведе опозицијата предводена од СДСМ, а која активно беше поддржана од надвор и Соросови структури. Западот ја стави земјата на огнената линија меѓу Истокот и Западот, а мајските кумановски настани беа само опомена на тоа што може да следува.

Наместо опозицијата да помогне максимално да се валоризираат роуд шоата на актуелната власт и економијата да почне да се движи со многу покрупни чекори напред, со објавувањето на креираните прислушувани разговори надвор од институциите, СДСМ ја воведе земјата во политичка и безбедносна криза. Всушност, тоа доведе до вмешување на меѓународниот фактор и договори во Пржино, кој, како и Рамковниот договор, во иднина и те како негативно ќе се рефлектира врз интересите и иднината на македонскиот народ и држава.

Опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев, во недостаток на визија и програми, без разлика на демократските принципи и против вољата на мнозинството, Уставот и законите, во текот на годината со надворешен „чадор“ тргнаа да ја руши власта по секоја цена. Се здружија со секого кој им понуди поддржка и заштита и започнаа опасни игри.

Таканаречените бомби, настаните во Куманово и шаторите пред владата, само наговестуваа дека може да се повтори 2001 или  украинското сценарио. Сепак, институциите на власта и народот покажаа голема мудрост и со превентивно делување не дозволија овие сценарија да се спроведат во дело, со што се избегнаа поголеми жртви и материјални загуби.

Успешната акција на безбедносните сили кои ја елимира вооружената група во Куманово, а која имаше за цел да изврши повеќе терорисички акти во земјата со масовни убиства, и во која загинаа осум припадници на безбедносните сили, го спречија вториот план на опозицијата, предизвикување на Обоена револуција, односно реализирање на украинското сценарио.

Жртвите на безбедносните сили во Куманово не беа залудни. Тие спречија терористичи активности слични на Париз. Меѓутоа, контактите на опозицијата со подржувачите на тариристичката група во Куманово и откриените фалсификувани лични карти, пасоши, документи за банкарски салда и др., како и наоѓање на снимки од прислушкуваните разговори кај криминалните структури, кои очигледно биле спремни за дискредитирање на челници на владеачката партија, говори не само за спрегата на СДСМ со македонското подземје, туку и за посебната војна која ја водат за свои лични интереси и за надворешни структури.

Однесувањето на меѓународниот фактор во земјата и договорот од Пржино, отвори многу дилеми и прашања во јавноста за нивната вмешаност. Односно, се поставува прашањето која е вистинската цел, кога меѓународната заедница ја толерира опозицијата и нејзините деструктивни сценарија, притоа погазувајќи го правото и вољата на мнозинството.

Сепак позади владечаката партија ВМРО ДПМНЕ и нејзинот лидер Никола Груевски стојат мнозинството граѓани во Македонија. Сите рејтинзи говорат во корист на ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер.

Јасно им е на сите дека СДСМ на закажаните избори во април идната година катастрофално ќе изгубат. Затоа, СДСМ со низа активности и афери купува време и сака да ги пролонгира изборите. Поточно, откако по договорот од Пржино, дел од челниците на СДСМ се наоѓаат во власта, тие прават секакви обиди изборите да не се одржат. Прават секакви опструкции, но и ветуваат се и сешто доколку се помести времето на избори, наводно дека не сме подготвени.

Меѓутоа, во Македонија сите се изморени од политичката криза која ја предизвика СДСМ. Сите сакаат што побргу да се одржат изборите, особено бизнисмените кои најмногу трпат од политичката криза.

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во врска со однесувањето на СДСМ и одржувањето на изборите вели: Тие се свесни дека ќе ги загубат бидејќи го чувствуваат пулсот на јавното мислење кое не подлегна на манипулациите кои во текот на оваа година СДСМ ги правеше со обидот да ја дестабилизира државата ставајќи ја во голем ризик, ставајќи ги сите граѓани како заложници,’

Интересно е што сега кога е откриена „фабриката“ за фалсификување лични карти, пасоши, документи и снимени материјали се откриени, ги нема љубителите на демократијата и човековите права да кажат ниту збор против опозицијата. Сметаат дека немаат потреба да коментираат за тоа како нивната „бомба“ наменета за владеачката партија им експлодирала под нозете на нивните “миленици“. А за тоа што не се појавуваат пред јавноста имаат добар изговор – отсуство поради Божичните и Новогодишните празници.

СДСМ сега се искашкани со г...а до гуша. Смрдат од далеку, а тука ги нема нивните ментори да ги избањаат. Нема кој да ги стави под чадорот. Свесни за ова тие се спремни на се и се очекува нивното однесување нема да биде прорачунато.

Во Новата 2016 година, кога премиерит ќе излезе од Владата, СДСМ  верувајќи дека главната пречка е остранета за да ја остварат целта, ќе се обидат да ги отворат прашањата од Договорот од Пржино за Рамковниот договор и двојазичноста на целата територија на земјата. Исто така, можно е да заиграат и на картата за решавање на името.

Меѓутоа, било каква одлука во овој период спротивна на интересите на македонскиот народ, нема да ги амнестира од историската одговорност. Македонецот нема да заборави, тој последен ќе го каже својот збор, без разлика дали тоа ќе биде на закажаните избори во април 2016 година или на улица.

Во секој случај во идната престапна година Македонија ја очекуваат интересни и возбудливи настани. Нека ни е Среќна нова 2016 година!

Господ да ги чува Македонците и библиска Македонија!

Амин!

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.