Среда, 30 Декември 2015   
КАТИЦА ЗА СВЕТИЦА

Petar KrivchevskiПетре Кривчевски

По сценарио и режија на Зоран & Зоран а со амин на специјалната Катица, политичкиот воајеризам и циркус под шаторот на „нашите пријатели однадвор“ - продолжува. Без политички програми и намери со дела да се наметни, канибалот со свиткана кичма како слеп за стап се фатил за снимките кои, најверојатно, и дебело ги платил. Уф, пардон, тоа ние сме глув(п)и и идиоти - му ги дале патриоти. Откога уцената на премиерот не му успеа, ем падот на владата за три дена по првите „бомби“, а анкетите ИРИ-тираат одново до ниво на лудило, на кметот од Струмица му остана последната сламка, Света Катица. Со нејзина помош и опструкција договорот за избори во април да не се испочитува, оти сметката за поразот кај од народот туку и од сопартијците одново ќе се испорачува. Отчет ќе се бара!

Прекршениот устав и воспоставениот паралелизам сами посебе го дефинираат овој правен преседан кој и за обичното, лаичко око е видлив и препознатлив дека се претвора во домино ефект и ја отвора Катицината кутија која што практично  го прави уставот решето. Така што сега веќе секој си зема за право (и со право!) да бара изземање на ЈО и пренесување надлежноста на СЈО. А, по истата таа логика, било кој незадовлен пак од СЈО може да побара ССЈО (Супер Специјално Јавно Обвинителство). Незадоволните од него ЕССЈО (Ептен Супер Специјално Јавно Обвинителство), па Марсовско и ете ви го интергалактичкото моронство во овој класичен политички рекет на црпнатиот од Муртино, кој аздисан по функцијата тера ну-та-ну по принципот целта ги оправдува средствата. Кој устав, кому програми, зошто избори, кој народ кои црни камења. Тој си ја пикирал првата фотелја на „Илинденска“ и тука нема ама, зошто, како, со кои средства и колку жртви. Ех зајко-кокорајко да си ги јадеш ушите начурлени како антени на сите четири страни а највеќе на југ кон Атина и на север кон Брисел, со петарди лав не се тера а камо ли и тепа. Троа галама паф-пуф и - толку. А сетне - бришка!

Значи тоа е тоа, „бомбите“ не им ги дадоа резултатите па останува надежта во Катица - првата, права и единствена светица од „Бихаќка“. Само кога наскоро ќе увидат дека и со неа и со „шатор“, но без волјата на народот премиер не се станува, нека бараат друго чаре. Бајачка! Да им забае од уплав од народот и против изборни уроци та белким, најсетне, тоа ќе им помогне. Оти вака, како до сега, баењето со умот не што не им помогна туку и ги дошашардиса па не можат да увидат и осознаат дека со лага ага не се бидува. Не барем во плурализам и демократија.

Туку, еве, кој не верува дека Катица заслужува за светица и повеќе и пред Мајка Тереза, нека ми прости што ја спомнувам, нека се обрати во грчката амбасада или во нивната престолнина Атина, ризницата на богови. Или, пак, ако за тоа нема време и пари нека ги гледа пресовите на специјалката од  Гевгелија од која, глеј чудо, се очекуваат чуда а ваму нема ниту кафекуварка и се ќе им се разјасни. Ете, гледате, без кафе ленти да преслушува - не е ли тоа натчовечка работа за Катица, на која баба Јустиција може само вода да и носи (за, кафе) а Мајка тереза да и позавиди. И на чипката но и на насмевката. Гласен турбо молк!

Друго, прашање е дали воопшто има смисла предавање на снимките од, како што самите тврдат, над 600 000 разговори. Зошто? Па поради тоа што во секој момент можат/еа да направат нивни копии и сетне истите да (о)станат вечен дамоклов меч за уцена, пазарења, дистрибуција по домашни и/ли странски чауши, лепење по интернети... без разлика што се оригиналите предадени. Кој е улав  да верува дека не се копирани и селектирани, така што тие што им се во полза ќе ги појават а останатите, против ними, земја ќе ги голтни.

За крај, бидејќи чудата на Св. Катица се натземски (натмакедонски) заклучокот сам по себе си доаѓа: меѓународната заедница, која ни ја посади, да си ја прогласи за меѓународна специјалка. Да им истражува и кумува во Британија за Шкотска и Ирска, во Шпанија за Каталонија, Белгија за кантоните, Франција за бомбашите, Германија за бегалците, САД за кулите. Но пред тоа да си ги дореши и домашните задачи: фабрика за афери, случајот Вранишковски, 24-ти декември, ТАТ, мистериозната приватизација... или, како што во старт Ѓеровски благослови - нека биде Катица за сите. И за вечни времиња - амин!

П.С. Јавноста јавно шепоти за странски интереси и домашни предавници. Ма дајте ви се молам тоа се приказни за Македонија непознати. А песните? Народните? Тие се уште една пи-ар „маст“ на оваа ненародна и диктаторска власт. Груевизам, абе - тоталитаризам! Не ми верувате? Тогаш следете ги очи в очи 24 часа анализите, топ темите и контра вестите, независните Тричко, Политико, Ризаов, експертите Спасов, Орданоски, Најчевска, НВО-та „слези Курто - да дојде Мурто“, пленумите „од градинка па до гроба“, пишаните Фокус, Утрински, Слободен печат (среде медиумски мрак?!) или пак листајте портали па сами ќе извлечете заклучоци: срам да не било тоа што сме биле ем и сакаме да бидеме - Македонци!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.