Среда, 13 Јануари 2016   
Се обидуваат да го оцрнат или да му наметнат поинакво лице на Премиерот на РМ

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Вистинските патриоти, обединуваат а не разединуваат

Во последно време сведоци сме на низа активности кои се насочени да се дискредитира и дестабилизира политичката гарнитура која е на власт, но не само политичката гарнитура, туку и секој оној кој ја поддржува и промовира ПРОМАКЕДОНСКАТА опција за Македонија! Со систематично и добро разработено сценарио се спроведуваат разни активности со кои директно се напаѓа кредибилитетот и моралниот интегритет на низа личности, почнувајќи од највисоката позиција, па до сите клучни точки во хиерархијата на власта.

Затворени во тој магичен круг на сопсвеното бедно егзистирање, не им преостанува ништо друго освен да ги спроведуваат инструкциите кои ги добиваат од центарот. Човек не знае дали да ги жали (оти на крајот од краиштата најголем дел од нив се Македонци), или да застане на страна и да ужива гледајќи го сопствениот нивни потоп кој го создаваат кон поколенијата свои. Треба само да ги оцрнат луѓето, институциите, па во тој налет на афектирачки бес да плукаат и по сопствена земја и по сопствената Црква. Да плукаат по она што ги дефинира како луѓе создадени од ова парче земја – Македонија.

Нивна намера е до толку да бидат гласни во повторувањето на своите лаги, што би ги парализирале сите медиуми кои сакаат професионално да го пренесуваат гласот на вистината. Овие извршители се дома, истата онаа дома која ги родила,  но и надвор од дома, истата онаа не-дома која ги одродила (некои од нив) од каде ја спроведуваат зацртаната агенда, најчесто заради сопствени интереси.

За многу аналитичари ова преставува само инфициран комплекс на самозаштита, во надеж дека народот тоа нема да го препознае и да ги види тие волци во овчи кожи!

Се обидуваат да го оцрнат или да му наметнат поинакво лице на Премиерот на РМ, неговите блиски соработници, и на крај се обисуваат да го навредуваат сопствениот народ, тој ист народ од кој очекуваат наредните избори да го даде гласот за нив-каква иронија.

Ги навредуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, голем дел од тие кои дведесетите години се бореа за самостојна Македонија, а тие, навредувачите тогаш, а богами и до денес  се уште не се дефинирани во своите чувства – дали се југословени или словени, или се се’ само Македонци не?!

Интересно е што овие обиди доаѓаат од една мала и национално импотентна група, која преку свои медиуми или интернет портали плука по се што е Македонско, плука по сите што размислуваат поинаку од нив, по сите оние кои си ја сакаат Македонија, по сите кои се радуваат затоа што Македонија оди напред, Македонија се гради, Македонија вработува, во Македонија се буди патриотизмот,...

Имајќи го предвид токму тоа, не можеме да бидеме сигурни дали тие се во конфликт со Премиерот, сопствената земја или пак се во конфликт со самите себе, иако некако сме на мисла дека сепак е ова последново!

Организаторот на нападот на Македонија не е во земјата, тој е надвор, делеку од неа, а овие тука, домашниве ЛАНГАЧИ, за корка леб си го продаваат своето достоинство, се разбира ако го имаат, ја продаваат и сопствената држава, се разбира, ако ја чуствуваат за своја, ја загрозуваат иднината на денешниве наши и идни генерации сеуште неродени, кои еден ден ќе се страмат од постапките на овие денешниве ЛАНГАЧИ.

Во нивните постапки нема милост, нема патриотизам, нема размислување за последиците кои може да ги предизвикаат со своите постапки. Прави извршители, платеници, луѓе кои одамна се откажале од сопствената земја, луѓе кои во име на македонскиот народот всушност работат покрај за туѓи, работаат и за сопствените интереси. Тие се навистина луѓе кои работаат да ја снема Македонија од картата на земјата.

Секој нивни напад може да се смета како обид за поделба и во овој сегмент, како дел од стратегијата на тие кои работат против интересите на Македонија. 

Животот е пролазен, но остануваат само делата на вистинските патриоти, а тие обединуваат а не разединуваат. 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.