Среда, 13 Јануари 2016   
Американците во овие клучни денови за Македонија, застанаа зад партијата која има визија и програми

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Македонија пред сериозни предизвици во 2016

Почетокот на 2016 година најавува дека годинава во Македонија може да се очекуваат сериозни политички и безбедносни турбуленции. Покрај бегалско-мигрантската криза за која нема индиции наскоро да заврши, потоа опозицијата која прави се за да не се испочитува договорот од Пржино, годинава се очекува зголемен притисок на дел од меѓународната заедница врз земјата за да го реши спорот со името и обезличена да ја внесе во ЕУ и НАТО!?

Сите показатели говорат дека на Македонија и престојат сериозни предизвици во 2016 година. На ова укажува и еднодневната посета на премиерот Никола Груевски на САД, кој е стратешки партнер на земјата, при што тој оствари средби со американскиот потпретседател Џозеф (Џо) Бајден, претседател на Законодавниот дом на Конгресот Пити Сешн и со помошник секретар за национална безбедност Ален Берсин.

Во текот на овие средби било разговарано за унапредување и продлабочување на билатералната соработка на полето на инвестициите и трговската размена. Исто така се разговараше и за потребата и заложбите за интеграцијата на нашата земја во НАТО во функција на регионалната стабилност и безбедност, како и за предизвиците во врска со мигрантската криза и начините за нејзино менаџирање.

Груевски по средбата изјави дека со Бајден имале одлична пријателска средба и дека зборувале за добрите работи и за предизвиците. Притоа тој истакна дека „Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период.“

Тоа ја потврдува и изјавата на претседателот на Законодавниот дом на Конгресот Пити Сешн, кој пред почетокот на средбата ќе истакне:

„ ...почестен сум од вашата посета. Ви благодарам што одвоивте време.

Америка се гордее со вас, за вашиот економски раст и развој, за вашите идеи со кои ја направивте земјата подобра.“.

Овие средби во САД се одржаа само неколку дена пред доаѓањетона еврокомесарот Хан во Македонија, кој треба да види како се спроведува договорот од Пржино. Навидум дадените изјави укажуваат за нова американска поддршка на политиката на Груевски.

Односно дека прагматичните Американци во овие клучни денови за Македонија, застанаа зад партијата која има визија и програми, но и најголема поддршка меѓу народот. Но, дали тоа значи дека американската политика навистина се дистанцирала од неуспешната опозција предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наскоро ќе видиме по однесувањето на Брисел.

Очигледно е дека на надворешниот фактор, кој со помош на опозицијата предводена од СДСМ го започна проектот за промена името и предизвика политичката криза во Македонија, сеуште ќе се држат до договорот од Пржино. Меѓутоа истите се свесни дека челниците на СДСМ, иако знаат да виткаат кичма, немаат ни капацитет ни знаење да спроведат промени по нарачаниот терк, односно немаат доволно поддршка за да го доведат општетсвото во состојба во која македонскиот народ ќе се самооткаже од името и идентитетот. Само да напоменеме дека на СДСМ ова нема да им биде првпат како да си играат со македонскиот суверенитет и идентитет само за да дојдат на власт. Тие го сменија знамето, ја прифатија референцата ПЈРМ и т.н.. 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев веќе не го крие стравот од избори и отворено бара закажаните избори за 24 април да се одложат за јуни и септември. Меѓутоа, секој обид да се изигра овој услов, го доведува во прашање целокупниот договор и угледот на меѓународната заедница.

Впрочем,ваквото однесување на СДСМ ги доведува во прашање не само изборите закажани за 24 април туку и договорот од Пржино. Ако овој договор не се испочитува, тогаш се поставува прашање дали треба Груевски да поднесе оставка и дали во Владата треба да останат технички министри и заменици министри од опозицијата кои се поставени без вољата на народот, а врз основа на договорот од Пржино? 

Оттука се очекува меѓународните преставници да бараат да се спроведе договореното од Пржино, оставка на Груевски и избори на 24 април. Но, со оглед на нивната агенда, тие потоа ќе направат се за да дојде до некакво прологирање на изборите, се додека  техничката влада не ја постигне целта, па потоа земјата да биде набрзина внесена во НАТО.

Свесни дека за оваа операција против себе го имаат целиот македонски народ, кој масовно застана зад политиката на Груевски и ВМРО ДПМНЕ за зачувување на името и идентитетот,  сериозните притисоци нема да изостанат. Можни се  настани од типот кога во мај минатата година беше вметната криминално терористичка група во Кумановската населба Дивље. Но, се заборава дека исто така е можно и масовно излегување на македонскиот народ на улица.

Во 2016 година Македонија ќе се соочи со сериозни предизвици, а како ќе оди разврската на македонскиот јазол тешко е да се предвиди. Сепак Македонија не е ни Украина, ни Турција, ниту било која азиско-африканска држава, туку европска земја. САД, ЕУ и НАТО треба да се запрашаат дали сето ова е потребно, зошто секое поголемо заострување на состојбите во земјата го зголемува ризикот и опасноста да биде запален целиот регион, но и Европа!?

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.