Петок, 15 Јануари 2016   
В О Ј В О Д А

111111Мери Георгиевска

В О Ј В О Д А

Големите историски искушенија на секој народ се можност за потврда на неговата политичка зрелост, а токму таквата зрелост е потврда на принципот vox populi –vox dei (гласот на народот е глас Божји). Од друга страна, севкупната историска и неисториска негова егзистенција не е и не може да биде ништо друго освен едно постојано и неизбришливо небаре пиреј, неуништливо и издржливо историско искушение, коешто го храни нашиот ген како таков. Тој наш ген е политички писмен ген, а неговата азбука е ѕвезденото небо, во коешто милениумскиот роб си ја бара својата ѕвезда водилка и си ја наоѓа својата мајка родилка, која раѓа секогаш „едно чедо повеќе“ отколку што ќе потоморат разноразните политички тезгароши и купи-ден – помини ебиветри. Денес се роди Војвода. Од него се уплашија дури и оние, кои сонуваа да го заменат откако темелно ќе го избербатат!? Јасно им е дека Тој ќе се прошета малку низ Македонија и ќе се врати на бел коњ. Од поодамна веќе јасно им стана дека со Војводата Никола Груевски не можат да го откорнат срцето на народот и дека мнозина од нив самите себе ќе се маскираат и костимираат во – народ! Од најголеми улижувачи исфарбани во идеи со фабричка мана, ќе се престорат во смрдливи каци со кисела зелка само и само да бидат близу до него, за секој случај. Само едно не им е јасно, а тоа е дека народ не може да се глуми. Уште помалку да се глумата. Затоа и се глупираат пред него без срам и перде. Но, и токму затоа ќе си останат цел живот само перде, кое збирајќи ја сценската прашина, шмира класика.

Да си ВМРО ДПМНЕ не подразбира глумење лудило, нити глуматање полза од бидувањето. Или си или не си Патриот. Сите кои што се прават курнази се зезнале јако или ептен јако. Никола Груевски со овој маневар ја урива една од најголемите предрасуди во кои живееја многумина и живеевме сите ние, а тоа е комунизмот. Комунизмот мора да се трансформира, зошто тој е предрасуда, а секоја предрасуда е лага, која најчесто завршува со трагични последици. СДСМ во Распаѓање ја загубија можноста на кланицата да и дадат смисла. Бесмислата на СДСМ во Распаѓање е неотповиклива веќе подогло време. Нивната биолошка, морална, ментална и психичка астенија, нивната одамна пресушена верилност, нивните старечки фрустрации и паники се само симптоми кои повикуваат на трансформација, или преод од една во друга состојба.

СДСМ во распаѓање, Војводата Никола Груевски го нарекуваат фашист и диктатор, а Тој, најголемиот преродбеник ја издигна Македонија од тињата на непостоењето на картата на Светот, со поддршката на Македонскиот народ. Фашисоросоидно е да клеветите човек кој работи за доброто на сопствената Татковина и за нејзиното воздигнување на економски и политички план. Фашисоросоидно е да клеветат Човек, кој го брани идентитетот и името на својата држава како да си го брани сопствениот живот. Фашисоросоидно е да натерате 400 деца да ви ја бранат линијата на лагата и измамата. Нема веќе изговор за бесмислиците на СДСМ во Распаѓање. Нивната идеологија претставува најсофистициран облик на самоизмама. Кој лаже друг, себе си се лаже. Кој краде, да му се исуши раката. Кој го издава Македонското име и идентитет, јазикот сопствен да си го откорне !!

Македонскиот народ нема да дозволи рушветот на СДСМ во Распаѓање да стане критериум за вредност на постоење. Преку абракадабра и измамнички потези, не само што нема да дојдат на власт. Тоа е веќе јасно. Туку ќе мора и да преземат одговорност за бомбашките напади. Господ да не пази од општество во кои би владееле црпнати што мислат дека можат се, а не знаат ништо !! Македонскиот народ, како никогаш до сега е зрел и сплотен во алката на правдата, вистината и верата. Она сме што ќе бидеме !! Сега сме посилни и посплотени од секогаш, а иднината со ваква сплотеност е кристално јасна. Датум- 24 Април, 2016-та Резултати- апсолутна победа на ВМРО ДПМНЕ!! Прослава- во име на Вистината!! Завист?? Нема да има. Зависта умира од завист!! Шетачи и скитници маскирани во боите на ВМРО ДПМНЕ, марш дома. Никогаш не сте биле со чесни намери и никогаш нема да бидете !! Лавовите ве мирисаат на далеку !!

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.