Среда, 20 Јануари 2016   
ИЛУЗИИ

Petar Krivchevski
Петре Кривчевски

Тазе илузија.

Останувајќи доследен во својата недоследност речи-поречи, политичарот со највеќе гафови, лидерот со милионски (во, евра) аболиции, градоначалникот со вујни-стрини тендери, заштитникот на алаш-Веруш чауши, борецот со свиткана кичма за македонската кауза и партиски канибал со тапија одново, по којзнае кој пат поплука тоа што потпиша и докажа дека, барем за него, од срамот се бегало но не и од стравот. Обвинет за пуч, детонаторот на Пржинските седенки ем лажна надеж на десетина шлукачи и стотина со коли  свиркачи, под товарот на прпата ја промрчи детската: пу-пу не важи! Типично за кметот од Муртино: Зоран потпиша, Заев одрекува!

Илузија - константа.

Во ера на десетици пишани медиуми, стотици канали по кабловски телевизии, сите социјални мрежи и безброј портали ти да го (зло)употребиш зборот медиумски мрак, или треба да си слеп и глув па да не можеш да гледаш читаш и слушаш, или пак да сакаш да си ги покажеш лажните рогови иако си тотално шут. Не политичка култура, не школска наобразба ами и основно животно ти недостасува. Значи тука, околу таа тема – медиуски мрак да или не, не сакам воопшто да разговарам туку би се осврнал на дилемата: медиумска (не)зависност.

Прво, основно но и најбитно: парата ја диктира политиката (деловна) на куќата. Никој, никаде и никогаш не може лошо да зборува или пишува против оној што го плаќа. Да не давам примери оти правилото е општо и неприкосновено: кој дава пари тој и памет соли. И точка, крај на муабетот!

Голема замка, барем за дел од граѓаните е и, условно кажано,  комерцијалната независност. Имено, одредени медиуми можеле и егзистирале само и угу од нивната читаност ли, слушаност или комерцијални (но не политички) реклами. Можеби има и такви случаеви, иако надвор од нашите микро простори. Но парадоксот каде е и тука парадоксот кој всушност и воопшто не е. Може ли медиумот се додека трае договорот да зуцне било што против нарачателот? Харикири, нели? Значи, потенцираме: парата царува, уредува и во однос на неа не постои а и не треба да се бара независност.

Тоа што е нужно е демократски амбиент! Плурално општество, јасна и сеопфатна легислатива, пазарна ориентираност, слобода на формирање медиуми и нивен израз што, со одредени фалинки а кои пак нема каде што ги нема, сето тоа и кај нас го има. Сега, тука, се крие главната поента на губитниците кои кукаат дека одредени медиуми биле под влијание на власта. Држи вода муабетов, дума да нема. Арно ама, прво дали тогаш не се самонегираат со признанието „одредени“ – што значи не сите и што со останатите, и друго дали тие кога биле (ако биле) власт не вршеле вилјание и дали ако бидат нема да вршата? С.ф! Поентата е да можат да никнуваат нови и нови така што никогаш никој сите не ќе може да ги закупи (и покори) па секогаш ќе има и вакви и такви.

Бајата илузија.

Минатото говори дека ВМРО-ДПМНЕ не може да истера цел мандат а СДСМ тоа да го истрпи, без да бара а потоа и бега од предвремени избори. Се пењават избори-та-избори а дај им ги – како од оган бегаат одними или од крст ѓаволи. Изговори? Извори! И реки цели. Секогаш оправдани и секогаш издржани. Да, де, поними! Хм, лош - децениски театар налик на циркус. Со години иста песна, со измами бараат власт и столица. Стара школа и матрица: лага, блеф и измама – никако идеја, програма и работа.

Капак илузија.

Тоа ти е некој некаде некогаш да нареди сам себе да биде прислушкуван, како што сега и овде З.З. и другарите се обидуваат лагава да ни ја продадат. Да де, со сиот ум и сите сили се убедуваат да не убедат дека позицијата наредила сама себе да биде прислушкувана а на прашањето зошто, како... ете, оти биле убедени дека нема да бидат откриени. Кои глупости, ееј! Некој сам себе да се прислушкува само врз основа на убеденоста дека тоа нема да допре до увото на јавноста. Не знам, не можам вакво нешто и да помислам а уште повеќе и обидам да аргументирам или пак и бранам,  меѓутоа знаејќи му го на авторот портфолиото му го сфаќам и прифаќам и кажаното.

 

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.