Коментари

Со терор против теророт

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Толковниот речник на македонскиот литературен јазик теророт го дефинира како политика на пресметување со политичките противници со насилство, се до физичко истребување.

Теророт во суштина од секогаш бил ексклузивно право на власта и инструмент за владеење со народот. Користејќи се од „правото на посилниот“ секогаш оние што биле или се на власт го тероризираат населението, но сепак тоа не се смета за терор. Некоја одредена акција се смета за терористички акт само доколку е предизвикана и насочена кон оние што владеат со државата. Евидентен е фактот дека теророт постои и се развива паралелно со развитокот на човекот или парафразирано колку човекот се движи напред до толку повеќе се развиваат и неговите методи за наметнување на својата волја.

Како инструмент за владеење се применува уште од самиот почеток на човештвото со различен интензитет, но сепак неговата цел останува иста, да го наметне ставот на владетелот врз останатите.

Интересен е фактот дека теророт спроведуван од страна на власта не се смета за терор, а теророт односно акциите кои ги преземаат жртвите на теророт се вистински терористички акции со цел да наштетат на државата.

Една народна поговорка вели „пред вистината и боговите молчат“ но во овој случај сведоци сме на една изобличена верзија на оваа поговорка „пред силата и боговите молчат“. Со него се служеле сите цивилизации пред нас како што и голем број на држави и народи се служат. Во Римската империја теророт бил единственото средство со кое што можело да се хомогенизира хетерогеното население кое од една страна било товар, а од друга страна било благодет.

Употребата на теророт не е карактеристична само за цивилизациите од стариот век туку напротив, неговата употреба доживува рапиден пораст во средновековието, новиот век и современата историја и реалноста.

Јосиф Висарионович Сталин во една прилика изјавил: „Смртта на еден човек е трагедија, а на милиони само статистика“ и уште додава „Доколку сакате да има среќна држава, убијте ги сите несреќни“. Од оваа изјава произлегува ставот дека доколку теророт е во вистинските раце односно е во рацете на владетелот тој се применува за општо добро и како насилен чин воопшто не се забележува низ страниците на историјата. Токму од оваа причина многу насилни и противчовечки дејствија кои што се случиле останале незабележани.

Грчкиот терор врз македонското и турското население во период меѓу двете светски војни како и теророт вршен од страна на Османлиската империја врз населението било тоа да е од исламска или од христијанска вероисповест сеуште нема го нема заземено местото на осуда во историјата кое што и го заслужува. Теророт беше спроведуван и во комунистичките земји од 20 век(Југославија,Романија,Чехословачка итн.)  како и во монархистичките земји од типот на Шпанија,Велика Британија итн.

Многу од денешните терористички акции и терористички организации своето постоење им го должат на теророт спороведуван од страна на нивните влади врз нив. Долгата колонизација и економско исцрпување на земјите од третиот свет доведе до она што денес се нарекува Меѓународен тероризам.

Има податоци дека денес во светот постојат 3000 терористички организации со повеќе од 200 000 терористи воена сила. Исто така од 1970 година до 1997 година во период од 27 години во светот се случиле 73 785 терористички акции.

Тероризмот како таков не познава граници, не познава вера и нација туку напротив е насочен против сите оние кои што не се истомислиници со оние што се на власт.На Меѓународниот тероризам пред се не треба да се гледа на неговите сегашни манифестации туку на појавите кои го условиле неговото постоење.

Во глобала одговорни за подемот на тероризмот се истите оние земји кои што усрдно се борат против него. Евидентно е дека денес светот представува бојно поле за политички и економски интереси односно причините за крвопролевањето се длабоко економски и повторно се доаѓа до мислата на Маркс дека парите ја движат историјата.

Исламскиот тероризам како што денес се нарекуваат сите воени акции и напади извршени од страна паравоените организации од типот на Ал каеда, ИСИС, АЛ Нусра, Боко Харам итн всушност е одговор на тероризмот кој што споведуваа американските, делумно и руските власти во борбата за нафтените полиња. Долгата колонизација на африканските земји исто така придонесува кон постоењето на терористичките организации од овие територии и се гледа дека нивното дејство пред се е насочено против христијанското население односно против колонистичките остатоци во Африка.

Никако не смееме да застанеме во одбрана на тероризмот бидејќи тиранијата не е добро и воедно е далеку од идеално државно уредување.Античкиот филозоф Аристотел, учител на Александар Македонски смета дека тиранијата односно теророт е едно од најлошите начини на владеење.

Треба да се превземе силна антитеристичка акција која што нема да е насочена само на уништувањето на вооружените сили и организации туку акција која што пред се ќе е насочена кон уништување на причините за појавата на ваквите организации. Акциите треба да бидат насочени против империјалистичките настроени земји и против угнетувањето на малите народи.

Да кажеме стоп на мегаломанските економски и политички интереси кои малите народи ги туркаат кон бездна.Ентонни гиденс вели дека малите народи се услов за постоењето на големите држави.

Ваквиот став треба да се избиши наместо насилство и терор да се трудиме во светот да развиеме демократски и кооперативни односи. Да не се бориме против теророт со терор бидејжи од терорт само терор произлегува туку треба да се превземе решителна акција за анулирање на се што би можело да предизвикува насилство во светот за подоброто утре на сите нас.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top