Коментари

Кој е Велимир Прелиќ- а која Мара Бунева?

Мара Бунева

Дилема или одговор !

Мара БуневаПомина уште една “контроверзна” панахида за “контроверзната” Мара Бунева. За среќа овој пат немаше инциденти, а немаше и некоја голема посетеност. Се помина некако тивко и незабележливо. Провокациите од страна на одредени кругови, тука и во соседна Бугарија веќе не се толку интересни за Македонската јавност.

Поентата на мојов текст, не е каквов е публицитетот на луѓето кои тука се изјаснуваат како Бугари, туку сакам само да поставам едно прашање во врска со случувањата од пред 82 години. Не сакам да навлегувам во полемики за тоа каква била Мара Бунева и поради кои причини го убила Велимир Прелиќ. Тоа го оставам на историчарите.

Мене како Македонец ме интересира кој е Велимир Прелиќ? Што правел Велимир Прелиќ во Македонија? Прашањата во себе го кријат и одговорот на прашањето зошто Мара Бунева е навредувана и оцрнета како една од личностите во Македонската историја кои ја имаат етикетата ,,контроверзни,, .

Дали сета омраза кон таа млада Македонка не е само создадена од инерцијата на омразата со која толку години беше труена Македонската јавност. Мене лично не ме интересираат тие политички калкулации и манипулации со името на Мара Бунева.

Мара Бунева е, родена 1902 година во Тетово од мајка Ана и татко Никола. Основно училиште завршила во Тетово, а средно образование во Скопје. Таткото на Мара Бунева – Никола С. Бунев бил пријател на видниот публицист родум од Тетово- Матеја Геров и на познатиот д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена.

По аферата со затворањето и судењето на Македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај камениот мост во Скопје. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.

На атентатот што го извршила Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 Македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација, основана во 1923 година во Виена. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале Македонски студенти. Истовремено, свои јадра создала и во Македонија – во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена.

Се обраќам кон сите кои имаат барем малку отворени очи. Треба да му изградиме споменик на Велимир Прелиќ на Камени мост? Кога зборуваме за Гоце, Даме Јане, треба да го спомнуваме и Велимир Војвода? Треба да го правиме сето тоа за да може омразата кон Мара Бунева да има некаков основ? Треба да се направи нешто или поточно да се измисли и Прелиќ да ја заземе позицијата според која ние треба да ја негираме Македонската хероина Мара Бунева? Колку од Вас драги мои беа таму во виорот на настаните па знаат кој каков бил? Читате историја и знаете дека историјата ја пишуваат победниците а, пак секој си ја толкува различно. Дали омразата кон Бунева е заради фактот дека “црниот ѓавол” на Македонското револуционерно движење Иван Михајлов ја дал наредбата за убиството на Прелиќ?

Голем поздрав на сите вистински Македонци. Нека 2010 и донесе на Македонија успеси на внатрешен и меѓународен план, а на нас Македонците здравје и истрајност во борбата за афирмирање на нашите Македонски идеи и постигањето на Македонските зацртани цели.

Керин

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top