Коментари

Само мајка Македонија може да нè сака и чува од секакво зло


Свекрва

Македонија долго време беше условувана со исполнување на разни критериуми за да стане членка на ЕУ и НАТО. Иако најчесто демантирано, позади сето тоа стоеше барањето за промена на името. Откако и покрај сите условувања и заплашувања македонскиот народ не попушти на нивните барања, дел од меѓународната заедница со помош на внатрешните структури започна широка акција за разнебитување на македонската држава.

Со помош на опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев и невладиниот сектор спонзориран од Соросовата фондација, меѓународниот фактор ја започна „шарената револуција“.  По ударите насочени кон институциите на извршната, законодавната и судската власт, сега „шарените револуционери“ преку своите медиуми удрија врз претседателот на државата како единствена институција која им ги поремети плановите на нарачателите за промена на власта и поставување на марионетска влада, која ќе го смени името.

Случајно или не, владиниот авион „лирџет“ со кој претседателот Ѓорѓе Иванов требаше да се врати од Сараево за Скопје, поради технички проблеми остана во БиХ, а како што пренесуваат медиумите, претседателот со комерцијален лет ќе продолжи на веќе планираната посета за Софија.

Без да шпекулираме се прашуваме дали тоа е коинциденција, порака или намера на некои надворешни структури, во земјата каде во сеуште неразјаснета авионска несреќа загина поранешниот македонски претседател Борис Трајковски!?   

За тоа време „шарените револуционери“ продолжуваат со боја да ги фарбаат македонските споменици, исмејувајќи го сопствениот народ и историја. За таа цел досега се потрошени многу странски средства за купување боја, но и за да се платат луѓето кои со боја го уништуваат јавното добро. Ако оваа т.н. левица само еден мал дел од тие средства ги потрошеше за боја со која ќе им ги офарбаше домовите на сиромашните сограѓани или пак им ги наполнеше фрижидерите, сигурно многу повеќе ќе постигнеше и ќе ги собереа симпатиите на народот и немаа да се плашат да излезат на избори.

Ваквиот начин на протестирање со кој се уништува јавното добро само покажува дека челниците на опозицијата и Соросовата фондација не ги интересира народот. Всушност, тие со овие постпаки го фарбаат и народот и членството за да не ги видат вистинските цели кон кои се стремат опозициската и соросовата елита во земјата. Но, во немоќ да направат нешто повеќе од ветеното на своите спонзори, заслепени од омраза, тие не можат да видат дека одамна се прочитани и дека со толеранција и Божја воља веќе се победени.

Токму ваквата толеранција, ги излудува челниците на опозицијата, која како последна алатка за постигнување на целта да посакува, според изјавите на Заев, украинизација во земјата. Погубното сценарио во која СДСМ ја турка земјата во меѓуетнички судир или меѓумакедонски судир, кој може лесно да го премине лимитот на толеранција кај мнозинството граѓани.

Сепак се во животот има своја граница на издржливост, а револтот се повеќе се зголемува, особено кај Македонците во западна Македонија.

Ако се надмине прагот, тогаш Заев кој тропа секакви глупости и го провоцира народот, ќе се соочи со неговиот бес и нема да има место каде да се скрие. Многумина македонци во западна македонија се веќе спремни да ја земат правдата во свои раце.  

Но, тоа не е решение, бидејќи таква реакција на народот се очекува меѓународниот фактор повторно да се наметне и ни ја крои судбината. Федарелизации, нови поделби, губење на име и идентитет ќе бидат последица од нивното мешање. Зошто да дозволиме некој друг да ни го покажува патот кон нашата пропаст, кога можеме да одиме кон врвот. Нам такви кумови кои ни го вртат часовникот наназад не ни требаат. Ние треба да одиме напред, а за тоа Македонците треба да изберат меѓу доброто и лошото, меѓу докажаното и пропаднатото.

Ние не смееме да се враќаме кон времето кога црвената елита не се интересираше за економскиот развој и просперитет на земјата, кога не се интересираше за вработувањето на луѓето, туку дозволуваше сива економија за да го купува социјалниот мир, а неспособна за нешто друго, таа во тие води најмногу се снаоѓаше и заработуваше.

Ние треба да го одбериме правиот пат, пат кој има развојна програма, вработување и подобра иднина. Програма која во последните години ги даде очекуваните резултати и не направи поцврсти и отпорни кон внатрешни и надворешни шокови.

Сега кога ја исправивме кичмата дали треба одново да ја виткаме заради интересите, лакомоста и политичката недоследност на т.н. „црвена елита“ или „шарените револуционери“?

Многу промашени и нечесни политичари работеа против националниот и државниот интерес на Република Македонија.

Затоа Македонци, дојде време кога ние потребен пресврт, кога треба да се ослободиме од баластот кој не сопнува, кога поразот треба да го претвориме во победа. Но тоа мораме заеднички да го направиме, заеднички сите Македонци да го сочуваме името и идентитетот, да ја чуваме, негуваме и градиме Македонија, бидејќи само таа мајка Македонија може да нè сака и да не чува од секакво зло.

Бог да ја чува Македонија.

АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top