Коментари

Апелот на „Лозарите“ и после сто и дваесет години има големо значење

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

„Ние сме должни да започнеме систематска дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет нашата лоша положба и ќе го постави одново македонското прашање и прашањето за Одринскиот вилает на зелената маса. Но за една таква дејност е потребно групирање на сите Македонци: ние сите треба да се обединиме и дружно да дејствуваме“ – пишува Ѓ. Петров под псевдонимот Николев во списанието „Лоза“ од 1.V.1894, стр. 36 -38.

Растежот на македонската национална посебност бил поттикнуван и преку пишувањето на македонските печатни органи. Тие се придужени со апели за започнување на систематска дејност во организационото оформување на борбата за слобода. Оттука и не е случајно што овој апел го среќаваме во статијата, објавена во „Лоза“, органот на „Младата македонска книжовна дружина“. Тоа е месечно списание, кое излегува во Софија во периодот од јануари 1892 до јуни 1894 година. Основач е охриѓанецот Климент Караѓулев, а одговорен редактор дебарчанецот Иван К. Божинов, додека соработници биле: Георги Баласчев (Езерски), Петар Попарсов, Коста Шахов, Димитар Мирчев, Дамјан Груев, Иван Хаџи-Николов, Ефтим Спространов и други. Излегуваат 6 броја во две одделни и различни етапи.

Уште во првиот број на „Лоза“, под мотото дека „Ништожник е оној кој има подобар пријател од својата татковина“, Младата македонска книжовна дружина согледувајќи ги последиците од најновите политички настани на Балканот, како севозможните надворешни елементи кои роварат во Македонија, ги повика Македонците да се обединат. Во апелот испратен до македонскиот народ тие велат дека: „ …Треба значи да се собереме во една општа, моќна сила – сила народна, ако сакаме да ја сочуваме иднината на својата татковина. Тоа треба да биде стремежот на секој Македонец, каде и да се наоѓа тој“.

Во петтиот број од списанието „Лоза“ од мај 1894 година, Ѓорче Петров под псевдонимот Николев во статијата „Да се здружиме“, повторно го повторува апелот и пишува:

„Макар што останатите провинции на Балканскиот Полурстров под директното владеење на Султанот и да не почувствувале некоја суштествена корист од решенијата на седумте европски големи сили на Берлинскиот конгрес, сепак тие извлекоа барем една морална корист, која се состои во тоа што во Европа се установило убедувањето дека Турците не се добри управници и дека христијаните во тие провинции заслужуваат една подобра управа, која би ги гарантирала сите права потребни за достоинството на човекот. Од нас погоре цитираниот член 23 од Берлинскиот договор засега нема поголемо значење.

Ние извлековме и суштествени материјални користи, кои се предвидени во таа уредба, но и самите големи сили, немајќи директен интерес, малку, дури никако не се загрижија досега да ја принудат Турција да ги исполни своите задолженија, ниту пак самото христијанско население од тие провинции направиле некои сериозни систематски чекори во корист на тоа. И така ние поднесовме уште цели 16 тешки години на свој грб, речиси покорно.

Нам, на Македонците, положбата во овие последни години уште повеќе ни се влоши. Од една страна, најинтелигентното и најбогатото население од Македонија чувствително се губи под неподносливиот поредок и него го голтаат соседните ослободени земји, од друга страна, секоја година со десетици илјади работни раце не се слободни да ги обработуваат своите земјишта, ги напуштаат своите домови, оставаат се пусто и заминуваат во странство, од каде што најмалку половината век не се враќаат по своите куќи; од трета, многубројни убиства речиси секој ден таму се извршуваат од своеволните разбојници. Додека, и самата турска влада, со својата присторена трпеливост, им дава полна слобода на разни пропаганди, кои го разделуваат христијанското население и го развратуваат било преку големи поткупи, било преку внесување на заблуда, иако самата влада многу добро ја познава народноста и верата на тоа несреќно население и е должна да го заштитува од осквернување на неговите чувства и обичаи. Ако турската влада ги имала при срце вистинските интереси на христијанското население, пропагандите немаше така лошо да не` распокинат, како што не смеат да го распокинат турското население. Ако се додаде кон ова и заселувањето на избеганите Турци черкези-моаџири од ослободените земји, од кои мнозина сега им се одмаздуваат на христијаните за несреќите што им ги донесе војната и постојано и неказнето ги заграбуваат нивјето и ливадите од рајата. Сето тоа е еден доста јасен портрет кој ни ја покажува безизлезната положба на нашата мила татковина – Македонија. Таква е иста положбата и во Одринскиот вилает.

Оваа ужасна положба од рајата во Турското царство најпосле го принудува секој малку поразбуден патриот да размислува и да направи можни усилби за да се апелира и кон своите браќа и кон потписниците на Берлинскиот договор и кон човекољубивите чувства на образованиот свет, за да се подобри оваа положба на намаченото христијанско население во Турско.

Но, нашиот долг кон татковината не се запира само до сувото апелирање. Ние треба да се нафатиме со една систематска борба и да објавиме војна против нашите тирани. Ние сме среќни, бидејќи го имаме за основа Берлинскиот договор, имаме на своја страна шест големи сили. Откако ќе се уверат дека при денешнава положба на работите во тие провинции од европска Турција не може да има спокојство, тие ќе го принудат Султанот најмалку да воведе реформи определени за тие наши места во член 23 од Берлинскиот договор.

Според тоа, ние сме должни да започнеме систематска дејност која ќе ја покаже пред целиот надворешен свет нашата лоша положба и ќе го постави одново македонското прашање и прашањето за Одринскиот вилает на зелената маса. Но за една таква дејност е потребно групирање на сите Македонци: ние сите треба да се обединиме и дружно да дејствуваме“.

(Документи, Том први, Скопје, 1981, стр. 323-324 )

Веднаш по појавата на првиот број, списанието „Свобода“ ја алармира бугарската јавност.

Набргу Младата македонска книжовна дружина беше растурена од властите, а членовите и содејците беа апсени, интернирани и прогонети. Во историјата членовите на Друштвото се познати како „лозари“, а движењето како „лозарство“.

Од денешен аспект, кога Грција бара промена на нашето име и идентитет, не ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг и кога Меѓународната Заедница не превзема ништо да го дисциплинира јужниот сосед, кој не само што го блокира влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, туку се обидува да ја наруши внатрешната стабилност, апелот на „Лозарите“ и после сто и дваесет години има големо значење.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top