Коментари

Македонскиот народ ќе и додели шут карта на оваа власт

svekrva-nova

svekrva-nova
Свекрва

Обична појава стана оваа власт да ги фалсификува и најочигледните вистини. Во земјата и во странство, на очиглед на општествената јавност, се шират невистини дека Македонците се за промена на уставното име за да влезат во ЕУ и НАТО, односно дека ќе има позитивен исход на евентуалниот референдум за промена на името. Основната тенденција на овие лаги се насочени против идејата за обнова на македонското заедништво кое е против промена на уставното име и идентитетот на македонскиот народ.

Во последните години актуелната власт успеа да го подели македонскиот народ. Таа ги преставува  т.н. федералисти кои сакаат воведување на двојазичност во земјата, кантонизација и промена на уставното име во Република Северна Македонија, наводно со цел да влезат во ЕУ и НАТО и унитаристи кои предводени од опозицијата се зачувување на унитарниот карактер и уставното име на земјата. Со оглед дека унитаристите се помногубројни, актуелната власт се служи со секакви инструменти за да го промени јавното мислење.

Имено, власта со потпишувањето на спогодбата со Грција, со која се согласува да го промени уставното име на земјата во Република Северна Македонија за севкупна употреба го ископа политичкиот гроб за Македонија. Се чека уште референдумот за да власта и официјално ја погреба Република Македонија и македонскиот народот, а нејзиното место потоа да го замени нова вештачка творба Република Северна Македонија, во која ќе живеат „Северинци“.

Меѓутоа, на ваквата одлука на власта јасно и гласно им се спротивстави македонскиот народ во земјата и дијаспората, поради што беше подложен на заплашување и уцени. Дури, од гласноговорниците на  власта можеа да се слушнат мислења дека доколку народот одбие да се преименува и земјата ја изгуби влезницата за ЕУ и НАТО, тогаш државата може да биде цел на аспирациите на соседните држави. Исто така, дека тогаш можеби ќе се појават спорови меѓу самото население на земјата. Едни ќе влечат кон една страна, други кон друга страна, и т.н., а сите ќе изнесуваат аргументи во корист на една или друга опција.

Сепак, факт е дека најголем дел од Македонците не сакаат промена на името под услов Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО и се цврсто определени против секаква надворешна власт во нивната земја. Дека ниту апелите, ниту заплашувањата на „Северњаците“ можат да го поколебаат македонскиот народ покажа последната демонстрација на власта која за време на викендот во 15 македонски градови организираше прослава за условниот повик на Брисел, Скопје да му се приклучи на НАТО.

Да се слави со музика влез во воена алијанса, каде се лее крв и солзи, е надвор од паметот, а уште е пострашно ако пак го славиш влезот во Алијансата која како услов за членство ти наметнува промена на уставно име и идентитет.

Тоа е однос на господар кон својот слуга, така што ни еден слободољубив и суверен народ не смее да прифати. Но, тоа што е ненормално и невозможно да се помисли и да се направи во некоја друга држава, за нашите политичираи од власта е сосема нормално. Очигледно одамна забегале од реалноста, од која сега за нив нема враќање.

За разлика од актуелната македонска власт и малиот број поддржувачи, мнозинскиот македонски народ, не размислува така. Концертите кои ги организираше власта низ македонските градови не ги исполнија нивните очекувања. Тие беа бојкотирани и од пејачите и од народот, така што владата непотребно расфрли големи буџетски пари, за кои толку многу му замеруваше на претходната власт.

Ако ова беше само една мала проба пред референдумот за промена на името кој се планира да се оддржи есенва, тогаш Македонците со сигурност може да се каже дека имаат кичма и нема да дозволат промена на името само за да влезат во ЕУ и НАТО.

Свесни за ваквото расположение меѓу народот, актуелната власт ќе се обиде по секоја цена да ги испорача нарачките на центрите на моќ, па дури ако треба да фалсификува или пак да го ескивира референдумот.

Меѓутоа, она што оваа власт нема да може да го избегне е одговорноста за она што досега му го направи на својот народ.

Доаѓа време кога македонскиот народ ќе и додели шут карта на оваа власт и политички ќе ја закопа заедно со Северна Македонија, зошто Македонија е на Македонците!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top