Среда, 17 Март 2010   
„Македонска нација“ за 9 месеци повеќе од 10.000 фанови на Фејсбук

Мане Јаковлески
Мане ЈАКОВЛЕСКИ

Веб страницата на Македонска Нација за прв пат со Македонски содржини се појави на 17 Јуни 2009-та година и со ентузијастички и национален дух се посвети на Македонската нација, на Македонскиот дух, на Македонската историја, Македонските легендарни имиња.

Содржините кои успеавме да ви ги понудуме, го задржаа вашето внимание и со задоволство можеме да објавиме дека бројот на фанови на Македонска нација на Фејсбук веќе ја надминува бројката од 10.000. Што е од големо значење за сите нас заедно.

Исто така со задоволство можеме да објавиме дека веб страницата на Македонска нација за овие девет месеци ја посетиле над 100.000 посетители од целиот свет.

Досега на веб страницата се објавени 1520 текстови поделени во повеќе категории.

Искрено ни е драго што Македонската нација ја поддржа нашата иницијатива во негување и зачувување на Македонскиот идентитет, што ја прифати нашата поддршка која ја упатуваме кон нашата држава и Влада за опстојување на Република Македонија и поддршката за истрајност до сите Македонци.

Особено ни е чест и задоволство да упатиме благодарност до сите наши соработници од земјава и од светот, благодарност до нашите иселеници од дијаспората, до нашите Македонци кои се малцинство во соседните држави.

Македонска Нација останува со вас, на ваше задоволство и во исполнување на Македонската мисија и визија во истрајноста на националната свест, на историјата и културата на Македонија, на актуелните збиднувања и зачувување на Македонското духовно богатство.

И само да потсетиме:

“Македонска нација“ не е орган на политичка партија, друштво, или организација, туку е широка национална трибуна, во која може да соработува секој оној Македонец и Македонка, кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. На македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност“.

Ќе напише во својот уводник уредникот на “Македонска нација“ во далечната 1971 година. Годината кога за прв пат светлото на денот го виде весникот “Македонска нација“. Весникот што долго време го очекуваа сите Македонци ширум светот. Весникот, во кој ќе можеа да прочитаат за себе, за својата татковина, за своите најблиски. Но, и весникот, чија главна улога беше да се зборува за она што беше забранeто. Да се зборува за вистината на Македонците, за вистината на Македонија, за вистината, која се сокриваше. За вистината на религијата, историјата, за националната припадност ... за нас Македонците, протерани, замолчени, измачени и убивани. За вистината на Македонија, за нејзината независност, за улогата на странските држави, за улогата на соседите. За се што придонесе да се јави гласот на освестените Македонци. Македонците кои си ја сакаат својата држава, своето парче земја, својот јазик и својот идентитет.

Ќе речете, премногу сличности за период од педесет и повеќе години!? Дефинитивно е така, и тоа е факт! Но, факт е и дека стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира! Тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство. Нашата мисла водилка, што ја негуваме години наназад. Да ни го одземе правото на свое размислување и определување. Велат, годинити се менуваат но, болките остануваат. И тоа е точно. Сега во времето на демократијата во Европа ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани бoлки. Повторно некој сака да каже дека сме нешто друго. Повторно некој сака да ни го одземе чуството на среќа. Повторно некој сака да ја менува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата. Но, нема да дозволиме. Ние знаеме дека сме Македонци. Ние знаеме дека не можеме да бидеме ништо друго. Ништо освен Македонци. Големи или мали, како сакате!

Ете затоа повторно “Македонска нација“.

Ете затоа повторно гласот на Македонецот. Овој пат многу послободен за да може да зборува за себе, за вистината, за Македонија. Да ги истражи и објави сите неправди, сите злодела што со години наназaд ни биле направени, а при тоа никој не сакал да ги слушне. Да ги објави вистините за Македонија, па колку и да се тие болни за некого. Да се чуе гласот на секој Македонец, овде во нашава татковина, но и надвор од неа. Тоа им го нуди нашиот портал. Порталот “Македонска нација“ од сега па натаму ќе биде местото, каде ќе се објавуваат вистините за нашата држава. Местото, во кое свое место ќе си најде секој. И оној што размислува лево, но и оној кој и припаѓа на десната опција. И оној кој размислува вака, но и оној кој размислува онака. Затоа што ние разбираме дека живееме во демократија. Впрочем тоа беше и желбата на оние кои го издадоа првиот број на весникот “Македонска нација“. Секој има право на својата вистина. Таа едноставно мора да се чуе, разбере, напише.

Ете затоа повторно “Македонска нација“. За да нема тајни мисли. За да нема задкулисни игри, на кои ние Македонците од секогаш сме биле жртви. За да нема прогон. За да нема осуда. Затоа што мислата мора да живее. Сонот мора да се реaлизира.Татковината мора да опстои, а ние Македонците мора да се бориме за да не биде. Тоа е пораката која мора да ја носиме сите во нас. Како водилка низ мачнината која можеби повторно не очекува.
 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.