Коментари

Фалсификуваните грчки наоди од „Вергина“

Михаил Барак

Михаил Барак
Михаил Барак

Според официјалната грчка интернет страна за историско наследство се потенцира големината на археолошкото откритие во денешна Вергина од страна на грчкиот археолог Андроникос Манолис.

Без никаква резерва се наведува дека станува збор за гробот на Филип Втори, таткото на Александар Македонски.

На сите страни гордо се истакнува бројката од „околу еден милион луѓе годишно посети на археолошкиот локалитет Вергина по 1997 година и се очекува нивниот број да се зголеми по изградбата на Музејот на Вергина. “

Оваа соопштение беше направено од страна на Министерот за Култура  Евангелос Венизелос во 2002 година, по повод 10-годишнината од смртта на Андроник Манолис, археологот кој ја откри „гробницата на кралот Филип Втори таткото на Александар Велики.“

Кога ќе ја земеме предвид бројката на посетители на овој локалитет и постојано наглас повторуваната лага за “гробницата на Филип Втори“ тогаш ни станува јасно на кој начин Грците си ги бранат своите позиции.

Но сепак, едно нешто се маркетинг пропагандите, а сосема друго археолошките истражувања и изјаснувањето на авторитетите во таа област.

Она што нам ни преостанува е да го правиме истото што и Грците, меѓутоа секогаш  повикувајќи се на релевантните оценки од поголемите светски авторитети, доколку сакаме да бидеме порамноправни во борбата со грчката пропаганда.

За да ја разоткриеме грчката цел со овие фалсификувани наоди ќе се послужиме со една аналогија :

„… археолозите не успеале да избегаат од идеолошката борба и интелектуалните трендови како и историчарите.

Расистичките идеологии на пример, тврделе дека варварите биле “Германци“ и претци на модерните Германци. Релативно цврстиот состав од артефакти најдени во одредени специфични места биле идентификувани со тие “Германци“ за потоа некои модерни Германци – особено оние за време на Нацистичка Германија –  врз основа на тие артефакти тврделе дека имаат право на одредени земји врз основа на етнички континуираното живеење. Тоа е глупост и ниту еден сериозен археолог денеска нема да поверува во такво нешто “

Истиот принцип на Нацистичката идеологија во Германија, го употребува и Грција денеска.

Создава измислени артефакти и тврдења за постојано етничко присуство за да може да ги заснова своите територијални претензии врз регионите кои веќе ги окупирала, но и оние кои влегуваат во склоп на зацртаните историски амбиции.

Нормално како што е наведено во петтиот параграф – тоа е глупост и ниту еден сериозен археолог денеска нема да поверува во такво нешто – затоа ќе ги разгледаме следните критики.

Ќе започнеме со Јуџин Борза, почесен професор по античка историја на Државниот универзитет во Пенсилванија:

“Многу европски, австралиски и северно-американски научници,  додека аплаудираа за важноста на откритието на Андроникос, останаа скептични за неговата идентификација на починатиот.“

” Андроникос ги презентираше своите теории [дека гробовите биле оние на таткото на Александар и на неговото семејство] со голема умешност, и грчкиот народ одговори со жесток ентузијазам,”  рече Борза.
“Навистина и јас бев еден од оние кои, во почетните две статии во доцните 1970-ти, го прифатија тврдењето на Андроникос дека остатоците биле оние на Филип Втори”

Борза сепак почнал да се сомнева во заклучоците на Андроникос, откако ги проучил дополнително доказите.

Тој ја контактирал Олга Палагиа, историчар на уметност при Универзитетот во Атина, за да се оцени градбата, керамиката, и сликите во гробницата.

Наскоро и двајцата дошле до заклучок дека формите на закривените тавани датираат од крајот на 320-[п.н.е.], речиси една генерација по смртта на Филип Втори   – изјави Борза за National Geographic News.

Палагиа исто така, утврди дека сликите на екстериерот на гробот опфаќаат историски теми кои, најверојатно се од периодот на Александар Велики, отколку оној на неговиот татко.

Поточно, додека за втората гробница  има општа согласност за нејзиниот кралски статус, сепак неколку научници го идентификуваа починатиот маж како Филип Трети Архидеус, наместо Филип Втори.

Филип Трети Архидеус  (359 п.н.е. – 317 п.н.е.) бил син на Филип Втори од бракот со Филина од Лариса, Тесалија.  Роденото име му било Архидеус додека името на Филип го презел откако станал крал на Македонија на 11 јуни 323 година п.н.е. Тој бил полу-братот на Александар.

Одредени поразумни грчки историчари во сенката на пропагандата како Трендафилос Д. Папазоис отворено го критикуваат  Андроникос:

„Ставот на професорот Андроникос во финалните заклучоци во однос на идентитетот на мртовецот базиран на гробниците во Вергина беше, според мое мислење, сериозна грешка на историските факти во областа на археологијата.“
Со нивните агресивни маркетиншки трикови Грците подметнуваат лажни тврдења за гробот на Филип Втори за да додадат поголема вредност на наодите, а со тоа и на своите историски амбиции.

Се рабира сесрдна помош добиле од Британците во фалсификување на овие наоди.

Оваа грешка на фактите е значително засилена со заклучоците од една група на британски научници предводена од анатомичарот д-р Ј. Мусгрејв, кои во својот извештај изјавија дека:

“… успешно ја реконструрале главата на кралот Филип Втори врз основа на коските на черепот пронајдени во гробницата бр. 2 ”

Можноста скелетот да биде оној на Филип Втори Македонски, пропадна , според новата студија објавена во април 21 издание на списанието “Наука“.

Не последен, но целосно доследен во својата објективност е коментарот на В.Линдзи Адамс професор по историја на Универзитетот во Јута:

“Навистина, за повеќето научници кои го истражуваат четвртиот век п.н.е.во Македонија, оригиналните наоди од Андроник сега изгледаат сомнително”.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top