Среда, 30 Јуни 2010   
Кој го уби Ѓорче Петров или хронологија на глупоста

Страшо Ангеловски

Оние кои ги читале моите досега објавени текстови многу добро знаат дека никогаш не се занимавам со дневнополитичките случувања, а уште помалку со случувања или изјави кои заради сопствената глупост би ги засрамиле и Мистер Бин (Роан Аткинсон) и Бени Хил заедно. Но, овојпат цврстиот одбрамбен механизам кој ги штитеше моите сетила од недоветностите и глупостите, конечно попушти, па, денес ќе се осврнам на неколку случувања и изјави, кои ме натераа да се срамам што го дишам истиот македонски воздух со нивните „создатели“.

Случувања и изјави кои со тежина од тон на метар кубен, во време од секунда на квадрат, со брзина од километар квадратен во минута должина, со квантен скок се струполија врз нас.

Случувањата и изјавите ќе ги споделам по случаен редослед, а не по интензитетот на глупоста содржана во нив. Одиме по случајниот ред:

  • Образложението на тројцата судии за прекинување на затворскиот и добивање куќен притвор за Катица Јанева бидејќи, замислете, е самохрана мајка и дека згора на тоа е и жена на која и е потребна хигиена?

И се ќе беше во ред, посебно денес кога е денот против насилство врз жените, посебно оние на кои им треба повеќе хигиена од оние другите кои исто така се во притвор или затвор, доколку не знаевме неколку ситници – „самохраната мајка“ има син со сопствено вработување, сопствен стан и сопствени 25 години. Плус, белким му оставила и некој денар од оние 340.000 евра кои ги „заработи“ како специјална јавна обвинителка за време на доооолгите 4 години работа.

Верувам дека многу подобро образложение ќе беше доколку напишеа дека одлуката ја носат бидејќи во затворскиот притвор нема апетисани, за кои инаку СЈО-то само во првата половина од годинава, потрошило 13.000 евра. Малку повеќе од, на пример, средствата што граѓаните на Виница, сите заедно, ќе си ги повратат скенирајќи фискални сметки. За среќа, срамот што го чувствувам е зашто го дишиме истиот воздух, а не и дека ги грицкаме истите апетисани.

  • Изјавата на Шилегов, кој во наплив на „патриотизам“ и „антиврховизам“ конечно ја обелодени долго чуваната тајна, можеби и најголемата непозната во македонската историја, дека Борис Сарафов го убил Ѓорчета Петров.

Верувам дека идните историчари ќе му бидат благодарни до гроба што во стилот на „враќање во иднината“ го откри овој „несомнен“ историски податок и уште искрено верувам, дека ќе беше двојно поуспешен како историчар, доколку требаше со име и презиме да наброи десеттина тифусари кои ја препливале Неретва. Сепак, тој дел од „македонската“ историја му е многу поблизок. Срамот што го чувствувам е зашто го дишиме истиот воздух, а не зашто знаеме иста историја.

  • Издавањето на прекрасната сала на Македонскиот народен театар за прослава на годишнина од постоењето на една навивачка група, во случајов групата со академско име „Шверцери“ од скопски Чаир.

И доколку директорката на оваа национална институција, инаку една од гордостите на македонскиот народ, мислела дека тоа ќе биде всушност свечена академија по повод формирањето на литературниот кружок на чаирскиот огранок на друштвото на писателите и очекувала настанот да помине во камерна атмосфера, тогаш го имаме победникот во категоријата „глупост на неделата“. Доколку не, тогаш е свесен соучесник во уништувањето на државните вредности и сквернавењето на македонските културни светии.

Во обата случаја, срамот што го дишиме истиот воздух е огромен, а најитната оставка е нешто најмалку што можеме да очекуваме.

  • Изјавата на Стево Пендаровски дека и тој ќе се иселел од Македонија доколку не станел нејзин претседател. Изјава која еден ден очекувам да ја прочитам и во мемоарите на, да речеме, еден Путин, Ердоган, Макрон, па дури и Трамп, дека веќе ги имале спакувано куферите за да си заминат од Русија, Турција, Франција, САД, ама ете станале претседатели, па под мотото „важно е нешто да се работи – претседател, претседател, што и да е“, останале во своите држави.

Бидејќи во овој случај коментарот може да биде поглупав и од самата изјава, ќе наведам само еден пример:

„Во април 1940 година, фашистичка Германија извршила инвазија врз кралството Норвешка. На 9 април заради силното бомбардирање, кралот Хокон VII, заедно со кралското семејство и членовите на парламентот, го напуштаат главниот град и се повлекуваат во местото Елверум, но не ја напуштаат својата татковина. Под целосна закана за својот живот, кралот никогаш не го признал Квислинг за премиер, по што, чекајќи го неговото признавање, Германија дури во 1942 го признала Квислинг за премиер.

Кралот Хокон VII, под закана од германско бомбардирање, како татко на нацијата, никогаш не ја напушти ниту помисли да ја напушти Норвешка, а соработникот на окупаторот, Квислинг, беше осуден на смрт со стрелање, казна која беше извршена на 24 октомври 1945 година“.

Оставам секој од нас сам да ја извлече поуката.

На крајот, најдов една дефиниција, која ниту е единствена, а најверојатно не е ниту најточна, но ќе ја цитирам зашто верувам во неа:

„По дефиниција, ПАТРИОТИЗМОТ претставува збир од силни и искрени чувства на љубов, почитување и приврзаност кон сопствениот народ, националната држава и целокупниот етнички простор на тој народ, неговиот јазик, историјата, културата, преданијата и традициите, националните симболи и најзначајните автентични национални институции од областа на политиката, одбраната, науката, просветата, културата, религијата, спортот“…

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.