|
|
Лицемерието на ЕУ е огромно |
Свекрва ЕУ со својата политика продолжува да го трауматизира македонското општество По Балканските војни земјата и народот беа поделени помеѓу Србија, Грција и Бугарија. Последиците од поделбата на Македонија на Мировниот договор во Букурешт во 1913 година, се чуствуваат и денес на единственото слободно парче македонска земја. Таа истата Европа, соседите од европските големи сили кои ја поделија Македонија, како и мафијата инсталирана во власта, денес не дозволуваат македонската држава да го заземе своето место на масата на ЕУ. Брисел неодамна се одлучи за пристапни преговори за Украина која е во војна и која не котролира голем дел од својата територија, како и за Молдавија која не владее целосно со својата територија, Преднестровје. Ветувањето дека ако го смениме името ќе влземе во ЕУ веќе не важи. Сега, Македонија мора да исполни ново барање ако сака да влезе во ЕУ- во Уставот треба да влезат Бугарите, истите оние кои не признаваат ни македонски народ, ни македонски јазик, ни култура, ни историја, оти се било бугарско! Актулната власт предводена од СДС и ДУИ во текот на своето владеење не успеа да најде пријатели со кои ќе се надминат пречките за влез на земјата во ЕУ. Денес власта милува за неуспехот на својата меѓународна политика и дипломатија да ја окриви ВМРО-ДПМНЕ иако е многу јасно, дека ниту таа, ниту руинираниот систем се виновни за одлуките на ЕУ. Има држави, кои поради различни интереси не сакаат влез на Македонија во ЕУ. ЕУ со својата политика на неитеграција на Западен Балкан продолжува да го трауматизира македонското општество. Тоа отвора простор за поголемо присуство на корупција и меѓународниот криминал. Имено, државата се повеќе наликува на акционерско друштво, во кој голем дел од пакетот акции ги контролираат СДС и ДУИ. Делењето на пасоши на меѓународни криминалци, потоа случувањата во судството и новите закони за неказнивост, само потврдуваат дека мафијата е инсталирана насекаде во државата. Сепак, неоткажувањето од техничка влада и поставувањето на Албанец за премиер во последните сто дена пред избори покажува дека коалицијата СДС- ДУИ е силно загрижена за својата иднина, Таа нема да сака да се откаже од своите позиции и затоа ќе направи се на наредните избори коалицијата СДС и ДУИ повторно да победи. Информациите од можни нереди пред и за време на престојните парламентарни и претседателски избори, потоа од изборни нерегуларности и непризнавање на изборните резултати треба да се сфатат сериозно. Поставувањето за премиер на техничката влада човек кој не почитувал деловник и злоупотребувал ЕУ знаменце, укажуваат дека во власта се подготвува на било кој начин да ги добие изборите на пролет. Но за да се спречи секаков вид на малверзации, злупоотреби на институции, насилство, за да се спречи нарушување на изборната воља на граѓаните и да се спречи нарушување на безбедносната состојба во земјата опозицијата мора да влезе во техничката влада. Опозицијата мора да застане на чело на Министерството за внатрешни работи и другите договорени ресори, за да ја заштити демократијата и уставниот поредок. |