|
|
Новата 2024 година македонските граѓани повторно ќе ја дочекат со голем број неисполнети ветувања |
Македонска нација Нема почеток на преговори со ЕУ, нема реформи, нема борба со криминалот, нема правда, нема чесно владеење и одговорна власт. Секојдневни афери и изневерени ветувања го пратат владеењето на коалицијата СДС и ДУИ, кога дојдоа на власт во 2017 година. Ветуваа многу, но не правија ништо, освен зголемена корупција, криминал и уништени институции. Македонија никогаш до сега немала послаба влада. Власта ја задржа праксата да се влијае врз судството и обвинителството, со што ја зголемија високата корупција и криминалот. Земјата ја обезличија, но не извршија реформи во судството, во јавната администрација и т.н. Не извршените реформи и промената на името (висока цена за влез во НАТО), создаде недоверба во системот, амбиент поради кој работоспосбни млади лица ја напуштаат земјата. По промената на името, поради спорот со Грција, оваа власт се обиде повторно да го понижи македонскиот народ. Таа го прифати таканаречениот Француски предлог за решавање на спорот со Бугарија, со кој се доведува во прашање идентитетот, јазикот, историјата и културата на Македонецот. Таква сервилност и распродажба на националните интереси може да се очекува само од земја во која владее висока корупција и криминал. Под раководство на оваа власт, македонското тло го тресеа голем број афери во секој дел од општеството. Тоа беа афери со набавки на вакцини, заштитни маски и медицинска опрема, Онкологија, потоа набавка на софтвер од поранешен генерален секретар на Владата, рекетот и СЈО, издавање пасоши на криминалци, па до аферата „Бехтел и Енка“ за која денес малку се зборува. Во текот на владеењето, власта речиси ништо не направи за изградба на нови енергетски капацитети. Вардарската долина е запоставена, а денес кога во светот се водат војни за вода и енергија, таа сака да му го даде проектот Чебрен на Грците. Исто така, таа ништо не направи за изградба на патната мрежа. По повеќе од триесет години, Битола и Охрид сеуште немаат квалитетно поврзување со главниот град на државата. Од друга страна железничкиот превоз е посебна приказна, исто така седум години на власт СДС и ДУИ не успеаја да го довршат ниту автопатот од Кичево до Охрид. Иако постои проект од поранешна Југославија, изградбата на пругата кон Бугарија која почна да се промовира во деведесетите години за време на Бранко Црвенковски сеуште трае. Околу 90 км пруга кон Бугарија до денес никако да се изгради иако постојано беше проектиран буџет за неа. И наместо развој на железничкиот сообраќај, неспособната власт годинава укина редовни линии во внатрешниот железнички сообраќај, а меѓународни патнички сообраќај и нема. Покрај пругата кон Бугарија, не е изграден ни паневропскиот коридор 8, за кој власта вели дека ќе биде во 2024 година. Иако ветуваше, власта предводена од СДС и ДУИ, ништо не направи ни со изградбата на клинички центар во Скопје. Таа го стопира стариот проект и објави дека ќе го гради на периферијата на градот, кај селото Бардовци. Досега пациентите требаше да се лекуваат во нов клинички центар. Но наместо тоа, јавноста доби само нови афери, како онаа на Онкологија. Вакви пропусти у неисполнети ветувања на актуелната власт се многу. Но останува надежта дека во Новата 2024 година, на престојните парламентарни и претседателски избори, народот ќе им пресуди на СДС и ДУИ, и дека новата власт на чело со ВМРО ДПМНЕ ќе ги заврши незавршените проекти, дека ќе направи амбиент кој ќе им донесе благосостојба на народот. Среќна Нова 2024 година |