Среда, 31 Јануари 2024   
ПОДЗЕМНИТЕ СЛУЖБИ ВОДАТ СМЕТКА ЗА СВОИТЕ КАДРИ

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Makeдонија доби нов технички премиер и нова техничка (преодна влада)! Антимакедонската и поданичка koн ДУИ партија на власт СДСМ  го испочитува договорот со етнонационалистичката ДУИ дека 100 дена пред редовните избори ќе добиеме, за прв пат од стекнувањето на независноста, Албанец за премиер!? И добивме!? Новиот премиер што веќе се вдоми во кабинетот на ул. Илинденска е Талат Џафери, доскорешен претседател на Собранието на Република Македонија.

   Тоа што новиот - технички премиер е Албанец во едно граѓанско општество какво што за жал не сме, не би требело да да биде некој посебен проблем (та нели сите пред Уставот сме еднакви), но според мене спорна е личноста Талат Џафери, поточно некои делови од неговата биографија: Kако професионален војник/офицер дезертирал и од ЈНА и од АРМ по што во 2001 се приклучи на терористичката ОНА, која поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон во 2001 г. ја нарече "Убијци од планините" (Killers from the Mountains), и лично е одговорен за убиство на поголем број македонки бранители. 

   Како појаснување: во меѓународната пракса имало слични примери кога во интерес на повисоки интереси (прекин на воени дејствија и постигнување на мир и сл.) се гледало "филозофски" на минатото.

На пример со терористилката Ирска ослободителна организација (ИРА) која од 1920тите години од минатиот век водеше крвава војна за ослободување на Севрана Ирска од британскоито владеење. Но по договорот со Тони Блер, соочени со фактот дека ако се оди на референдум и изјаснување на граѓаните, ирските ројалисти (приврзеници на британската круна) како мнозинство би надвледеале во прилог на останување во рамките на Обединетото кралство. Но, за разлика од Талат Џафери и неговите соборци - терористи, припадниците на ИРА покажаа лојалност кон Лондон, а нивниот командант на воениот штаб Мартин МекГинис дури постана член на Британскиот парламент, па дури имаше средба и со Британската кралица, сега покојната Елизабета втора.

   А нашиов Талат, сега премиерот Џафери, како се однесуваше. на пример, како претседастел на Собранието на РМ? Не само што беше  н е л е г и т и м е н  претседател (беше "избран" со 57, наместо потребните 61 пратенички глас), во пракса манифестираше етноцентризам и приоритет на големоалбанските интереси со злоупотреба на институтот носење закони со "европско знаменце", т.е по кратка постапка и без комисиска расправа и оценка, а антимакедонската СДС редовно слепо му аминуваше. Тој истиот Талат Џафери не одолеа на искушението и од првиот ден во премиерскиот кабинет продолжи да се однесува идентично, давајки изјави прво на новинари од Косово и Албанија, прогласувајки ја промената на чело на македонската влада за "истрориска" (демек прв Албанец за премиер), a на изборот први му честитатаа премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Косово Албин Курти, а побрза тоа да го направи и амбасадорот на ЕУ во Македонија Гир!

  Што можеме да очекуваме од оваа преодна, или техничка, влада? Ништо посебно! Нејзина задача е да ги подготви следните парламентарни и претседателски избори да бидат фер и демократски, а дали ке бидат - не верувам! Напротив, сметам дека сегашниве властодршци ќе бидат брутални и бескрупулозни во нивните настојуавња по секоја цена да ги добијат изборите за да не мораат да даваат отчет за украдените над 30 милијарди евра од Буџетот за изминативе скоро седум години колку се на власт. Но да не заборавиме дека и надворешниот фактор преку домашните колабиорационисти, поданички медиуми и структури од надвор ќе настојуваат преку помагање на колалицијата ДУИ-СДС да го стимулираат понатамошното разнебитување на Македонија и македонството.

  Но судбината на земјата и нацијата ќе зависи и од самите гласачи и нивната излезност на следните избори! Што помасовно ќе излеземе на изборите и го дадеме гласот за опозицијата, шансите за опстанок ни се поизвесни, а неизлегување на гласање со суштина е еднакви како давање глас и подршка на СДСМ и ДУИ!!!

                                        НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ РАБУДИ СЕ, НЕ СПИ ТИ!!!

2. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дек САД ќе и дадат б е с п л а т н о (?) "пакет воена опрема" на Грција, што ќе се состои од бродови, оклопни возила, транспортни средства и вишоци друга воена опрема!? На оваа најава од Блинкен грчкииот премиер Мицотакис реагираше со коментар дека: "Пораката од Вашингтон бил важен ден за националната одбрана /на Грција/ и за грчката дипломатија, бидејќи стратешката длабочина на грчко-американските односи е истакната и запечатена“. Мицотакис исто така нагласил дека пакетот ќе биде достапен бесплатно, од американските резерви.

   Неспорно е геостратегиското значење на Грција во регионот, кон Блискиот Исток и јужното крило на НАТО и тука не треба да имаме никакви дилеми. Грција е членка на Алијансата од 1952 година и има бројна дијаспора во САД.

   Но нешто што мене ме иритира, особено како поранешен амбасадор на РМ во НАТО е прашањето зошто САД немаат сличен манир на дарежливост и кон нас, туку за модернизација на нашата армија и за замена на опремата и оружјето од советско производство со модерна опрема според стандардите на НАТО чија членка сме, да плаќаме во кеш, со пари од Буџетот, т.е. од македонските даночни обврзници. Така на пример, во 2022 година за набавка на оклопни возила од САД се инвестирани 210 милиони долари, а за нова набавка на опрема и оружје од САД ќе се инвестираат годинава уште 250 милини долари. Наместо тие средества да се инвестираат во развој на македонската економија!?

   Грција од секогаш била мезимче на меѓународната заедница, посебно на САД каде има многубројна, стара и влијателна дијаспора. Но и ние се покажавме во изминативе децении дека сме лојален партнер и сојузник на САД! Грција не учествуваше во многу акции што ги предводеа САД, а во кои ние бевме активно вклучени. Како илустрација само да напоменам учеството на двете земји - Македонија и Грција во операцијата ИСАФ во Авганистан. Тамо ние имавме во некои етапи 160 војници и офицери, додека Грција партиципираше со едвај 30, и тоа главно медицински персонал и оперативци/известувачи. 

   Многу добро знам колку огромни количества опрема и оружје беа повлечени од бојното поле по завршетокот на операцијата ИСАФ, од тоа подоцна беше модернизирано и подарувано, или за ефтини пари се продаваше на сојузници на САД.

   Неспорно е дека САД и помагаат на македонската армија во многу области, но кога се работи за продажба на оружје на нашата земја, тука навистина имам сериозни забелешки. Македонија (верувам и со сугестии од САД) и подари на Украина 12 тенкови, исто толку хеликоптери и четири авиони од типот Сухој, сите од советско производство, но од САД или други членки од НАТО не добивме никаква компензација во оружје за разлика од некои членки (на пример Полска) кои за секој подарен тенк, хеликоптер или авион, добија за возврат нови такви средства од современо производство.

  Не ми е познато зошто САД и другите наши НАТО партнери вака се однесуваат кон нас, но не исклучувам дека можеби е во прашање  п р о в и з и и т е  што некој ги зема од нашите набавувачи на одружје, како на пример со набавката на оклопните возила минатата година од која некој во МКД стави во џеб четириесетина милиони долари на име провизија!

3. Минатата недела во Скопје се одржа конференција на македонската Паневропска унија (ПУМ), а според најавата од медиумите повод бил одбележување на 30 години од основањето. И се ќе беше во ред доколку организаторите не ја злоупотребија организацијата за себепромоција со што несомнено беше оскрнавен и самиот јубилеј. Имено, на настанот не беше поканет ниту еден од историските основачи чија заслуга е афирмација на организацијата и земјата, а организацијата е најзаслужна што нејзини членови  во деведесетите години од минатиот век - Премиерот Љубчо Георгиевски, Претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски и Претседателот на државата Борис Трајковски беа членови и на високи позиции во самото раководство на ПУМ.

   Да бидеме на јасно, ПУМ сега е узурпирана од поединци и има нелегитимно раководство (не е избрано според статутот!).

   Иако непартиска и невладина организација, во Паневропската унија главно гравитираат членови од десницата, конзервативци и христијански демократи. Во конкретниов случај, како да објасниме дека член на актуелното раководство кој се претставува дека е десничар, а за истиот лично Заев и Анѓушев ургирале телефонски за да биде примен за предавач на еден од скопските факултети!? Друг пак од позорникар (полицаец) за џепен криминал на Бит Пазар, е унапреден дури во амбасадор!?

   Ете, тоа е за жал реалноста, но подземните служби очигледно водат сметка за своите кадри и нивните кариери!?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.