Среда, 07 Февруари 2024   
КРАТКОВИДОСТА НА ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР

1martin1 

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

1. Македонија е богата со светли датуми од поблиското и подалечно минато што ги одбележале луѓето на оваа света и во Библијата многупати спомената земја! Да го споменеме на пример двојниот Илинден -  2ри август 1903 и 1944, па Денот на зезависноста 8ми септември, потоа 11ти октомври - Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичката окупација, и други датуми. Но секако еден од најсветлите датуми е и 4ти фебруари, денот на раѓањето на иконата на Македонија и на македонската револуционерна борба и на нејзиниот народ, Гоце Делчев.

Нашиот и само наш Гоце Делчев (но не пречи ако го почитуват и слават и други бидејки неговите идеи и пораки се у н и в е р з а л н и), е светилник на вековната македонска револуционерна борба што резултираше со независност на дел од поделената во Букурешт1913та година етничка Македонија и создавањето на независна Република Македонија.

Мораме да бидеме доследни и да укажеме: во тие борби и настојувања за независност на Македонија не учествуваа само македонците по род, туку и поединци на други народи кои живеат во Македонија! Следствено, празниците што ги наведов се празници на  с и т е  кои живеат во Македонија и како такви ние сите треба да ги чуствуваме и почитуваме.

42549007

Благодарение на големиот Георги Димитров, по мајка Македонец, а по уверување космополит, денес ги имаме и ги поседуваме посмртните остатоци на нашиот Гоце. Се поклонуваме на неговиот саркофаг во црквата Св. Спас во Скопје и секоја година највисокото државно раководство, Поглаварот на МПЦ, претставници на политички партии и претставници на здруженија на граѓани се поклонуваат пред  вечното почивалиште каде му се исполни и неговата животна желба: да почива во слободна и независна Македонија.

Иако години наназад се соочувавме со невидена агресија од источниот сосед кој настојува да си го присвои нашиот Гоце, до сега успеавме да одолееме и да не дозволиме скрнавење на неговиот светол лик.

Со години наназад највисокото државно раководство - Претседателот на државата, спикерот на Собранието и Претсеедателот на Владата на Македонија,  се поклонуваа пред саркофагот на Гоце. 

  Но не и оваа година. Актуелниот (насаден на таа позиција спротивно на Уставот на РМ) Претседател на Владата на Македонија, Талат Џафери не дојде да се поклони и да положи цвеќе пред саркофагот на Гоце. Наводно имал други обврски (?), а наместо него тоа го стори извесниот Бојан Маричич, прв потпретседател на Владата. 

  За постапката на бившиот мајор на ЈНА Талат Џафери говори многу лошо за него лично бидејки, иако е само технички премиер (според неуставниот договор со антимакедонската СДСМ за Албанец за премиер на техничката - неуставна влада сто дена пред изборите), тој сепак е на позиција премиер на  сите  граѓани на оваа понижена земја и мора соодветно да се однесува и да ги почитува!!!

Што мисли Талат, но и неговите ментори од Зајас и Мала Речица, со ваквото етноцентрично однесување? Ќе ги понижуваат македонците, ќе освојуваат територија и ќе манифестираат супремација над своите православни сограѓани, Македонци!? Па видовме во 90тите години од минатиот век  до каде доведоа тие големонационалистички концепции во стилот: "сите...во една држава". Зарем Талате со твоите ментори тоа го посакувате и тоа во првата четвртина од 21от век? И мислите дека тоа некој ќе ви го дозволи.

Додуша, јасно ми е дека некои соседи и особено некои важни светски политички центри не ни посакуваат добро и би сакале како во 19oт и почетокот на 20oт век да прецртуваат мапи и да влечат нови граници, но народот такво нешто нема да дозволи.

И Талате, да те информирам: моите корени влечат од славна Копачка, во песни опеана. Јас сум растен со албанци, повеќето од Зајас, кои ни доаѓаа кај нас дома, со кечиња и обавезно со пиштоли на  појасот (типичен фолклор за луѓето од Зајас) за да побараат од татко ми Злате изјави за стаж, пензија, детски додаток и сл. Но тоа беа Талате нормални луѓе, верни на оваа земја, и огорчени противници на етнонационализмот што го заговараат твоите ментори, а чиј експонент (судејки според твоето однесување и постапки) си лично ти, мајоре на ЈНА, со зевршени школи и воени академии во Белград и воспитуван во еден друг дух.

Дали некогаш си се запрашал: каде води политиката што ти ја практикуваш, а ја заговаат повратниците од Швајцарија, сега  твои сопартијци од Мала Речица!?

Ослободи се од твојата политичка кратковидост Талате! И покрај твоите постапки изминативе триесетина години од осамостојувањето, сепак имаш прилика да се покажеш и да докажеш дека  не си како нив Талате. Појди и поклони се на гробот на Гоце да те паметиме дека можеби имало нешто човечко во тебе.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.