|
|
Седум кандидати, еден избор за спас на Македонија! |
Свекрва Во трката за претседателски избори во Македонија досега седумина кандидати собраа најмалку по 10.000 гласа. Според досегашните бројки, не се очекува уште некој друг од пријавените кандидати до 8 март да ги собере потребните гласови за да се најде на гласачкото ливче. Од пријавените кандидати за избор за претседател, потребната подршка од 10.000 граѓани (или од 30 пратеници) досега ја имаат добиено Гордана Силјановска – Давкова (ВМРО – ДПМНЕ), Стево Пендаровски (СДСМ), Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција Вреди), Максим Димитриевски (ЗНАМ), Билјана Ванковска (Левица) и Стевчо Димитриевски (Гром). Од седумте кандидати само професорката Гордана Силјановска – Давкова кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Стево Пендаровски кандидат на СДСМ, покрај партиската поддршка, успееја во еден ден да ги соберат потребните 10.000 граѓански потписи. Во еден ден, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ доби подршка на повеќе од 27.000 граѓани, додека кандидатот на СДСМ помалку, што преставува показател какво е расположението на народот. Имено народот сака промени, бара крај на сиромаштијата, понижувањата и враќање на достоинството. На граѓаните на Македонија им е доста од владеењето на СДСМ и ДУИ, кои за седум години владеење ја опустошија и обезличија земјата, и кои мнозинството граѓани ги внесоа во сиромаштија. Ним им е доста и од претседател кој не знаеше да се спротивстави на таквото владеење, кое доведе до зголемувањето на криминалот и корупцијата во земјата. Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, бара втор мандат, иако како досегашен претседател на државата, наместо да ги штити националните интереси, тој потпиша низа штетни закони за државата. Наместо правда, тој со своето досегашно претседателствување внесе немир во земјата. Народот е свесен дека секое гласање за него преставува продлабочување на кризата, а единствен излез од неа се гледа во промена на досегашните преставници во власта. Од страна на албанските партии и нивните кандидати не се симнува нивната националистичка реторика дека тие се автохтони и „кога ќе се отвори уставот би требало да се острани ограничувачкиот термин за Албанците 20 проценти, бидејќи биле државотфрци. Исто така, според нив време било со нивното име да бидат во уставот и претседателот требало да биде изгласан во Собранието, за да може да се избере претседател Албанвец. Нив очигледно не ги интересира никој друг кој вреди да биде на позиција освен Албанец. Таквата иритантна реторика ги мобилизира Македонците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Евреите, голем дел од Албанците кои си ја сакаат Македонија и другите етнички заедниви, кои покрај незрелото и прислужничко владеење на досегашниот претседател, единствена светла точка за претседател на државата гледаат во професорката Гордана Силјановска–Давкова кандидат на ВМРО ДПМНЕ. Големата поддршка која што професорката ја доби од граѓаните, преставува „знак на пркос кон актиелната власт и надеж на граѓаните за промени и подобра иднина. Време е народот да ја симне од власт коалицијата СДС и ДУИ и да дојде на власт колицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, власт која не само што ветува туку и ги исполнува своите ветувања. Тоа ќе биде власт која знае да ги заштити своите национални интереси и да ги спроведе зацртаните проекти. Мнозинството граѓани веќе одлучија, но вие останатите што сте неодлучни не чекајте. Не правете ја истата грешка. Сега имате седум кандидати, но еден избор за спас на Македонија! Само, Гордана Силјановска – Давкова, може она што го зборува и да го исполни, да ги заштити националните интереси и правата на граѓаните. |