Среда, 13 Март 2024   
Ламбе Арнаудов: СДС ја уништува МАКЕДОНИЈА за власт, ВМРО-ДПМНЕ ќе го сруши СДС за да ја сочува ТАТКОВИНАТА

                                      1Lam1 

                                                      Ламбе Арнаудов

ВМРО-ДПМНЕ ќе го сруши СДС за да ја сочува ТАТКОВИНАТА, НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ!

Најидиотскиот, најнедемократскиот, антицивилизациски остаток на озлогласеното едноумие, сé уште живее во лудите глави на остатоците од тоталитарниот режим, што е далеку зад сите нас слободоумни демократски определени луѓе освен за нив, умислените РЕГЕНТИ на своите татковци и дедовци, однапред предодредени да бидат подобри од другите, глупави големи, но празни глави.

Ниту во времето на владеењето на вашите дедовци и татковци, ниту пак сега со вас предводниците на најотровниот плод што вашите предци го посеале, погубен за нашата татковина, НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ.

Во недостиг на аргументи во одбрана на вашето разурнувачко владеење со татковината и понижувањето на македонскиот народ, наеднаш се сетивте: исти сме.

Не постои честит човек во Македонија кој би прифатил да го изедначат со вас одроди и предавници, а да не ви залепи жешка шлаканица или во најдобар случај да не поминете без сочна пцовка  упатена кон оние кои ве научиле на вакво декадентно учење и крајно дегенеративно однесување кон македонскиот народ и татковината.

И, Колку што бесот и гневот упатен кон вас е апсолутно оправдан, толку повеќе, неприфатливо и за осудување се сите постапки што толку ревносно ги применував, е перманентно без застанување, во разнебитувањето на сé што е МАКЕДОНСКО.

Кој луд ќе застане покрај вас?

Што мислевте? Заслепени од неограничената моќ што насилно, терористички ја грабнавте, ви  дава за право да демонстрирате силна агресија врз македонскиот човек, слободоумен патриот да го изедначете со вас од дното.

НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ.

Ние, ВМРО-ДПМНЕ секогаш (22 пати на парламентарни, претседателски, локални избори и референдуми) ве победуваме со народот, со нивната верба во нашите чисти како седумпати прочистено сребро идеи, програми и платформи во корист на граѓаните.

И, сето тоа зачинето со исполнување на ветувањата што сме ги дале и се заветиле пред својот народ, кој пак безгранично ни верува заради тоа.

Потоа со цврсто зацртани црвени линии кои никогаш не ги преминуваме, со јасно утврдени критериуми, правила и начела низ кои што се содржани сите желби на нашиот народ аргументирано, бараме од меѓународната политика, само и ништо повеќе, да биде конструктивна и нелицемерна кон ставовите што самата ги донела како атрибути во корист на човештвото, да ги примени и кон НАПАТЕНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД.

Така било, така е, и така ќе остане за век и веков, кај нас во ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа сме поинакви, посебни и за вас никогаш достижни.

А, вие, кутрите, понизни вазали, полтрони кон оние кои се изживуваат и бесрамно онанираат врз силните вредности, уникатни и за нив недостижни, трчате и облетувате како муви без глави околу ним, го КОДОШИТЕ својот народ, го понижувате за  вие срамно и лажно да се воздигнете над народот кој повеќе го мразите од колку утврдените му непријатели кои ги имаме.

Кај нив трчате и се натпреварувате кој полошо да каже за народот и татковината, тој подобро да помине. Тоа се вашите перверзни дејанија, сé во ваша лична корист, а на штета, сега не само на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНИЈА, туку и на општата состојба на целокупната општествено граѓанска заедница.

На крај. НЕ СМЕ СИТЕ ИСТИ, и затоа што овој слоган потајно во вашите глави го велича едноумието.

Ако сме сите исти, зошто избори!?

Оставете нé нас уште некое време да ја завршиме започнатата апокалипса. Да ве оставиме ли да ја уништите државата и да го изобличете МАКЕДОНЕЦОТ!? - Мисија во вашите болни глави за сопствено гордеење.

Нема да ви успее. Затоа што не сме сите исти.

Различните од вас во ВМРО-ДПМНЕ ќе ве спречат.

На следните двојни избори, прво ќе ве прегазиме, а потоа ќе ве упатиме таму каде што заслужувате–ПРЕД СУДОТ НА НАРОДОТ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.