Среда, 20 Март 2024   
Внуците на Партизаните ја разнебитуваат Македонија

1Mane 4 Мане Јаковлески

СДС и ДУИ имаат полна уста за евроинтеграции и се спремни целосно да ја растурат државата пред земјата да влезе како територија во ЕУ.  Со оглед дека државата сеуште не е умрена, овие две сеуште владеачки структури, преку разни тендери ја пљачкосуваат земјата. И додека тие ја разнебитуваат: државата, народот страда.

Лут поради се што му се случува откако дојде оваа ненародна власт, народот едвај ги чека престојните избори да им наплати.

Македонија денес, пред претседателските и парламентарните избори, благодарение на СДС и ДУИ е нефункционална држава. Владее корупција и криминал на секој чекор, а правдата е недостапна за политичарите и крупните криминалци. Не се знае ни кој јаде, ни кој пие, но се знае кој плаќа – Македонскиот народ.

Иако го промени името, Македонија стана само член на НАТO, но не и на ЕУ. По овој неупсх, СДС и ДУИ ја ставија македонската држава на лицитација, сигурно мислејќи дека по нејзиното растурање во парчиња ќе влезе во ЕУ. Така денес Македонија е како и за време на Втората светска војна кога беше поделена на две окупациони зони.

Македонскиот народ кој излезе како победник од Втората светска војна и врз коските на загинатите за слобода ја изгради македонската држава, АСНОМ-ска Македонија, денес гледа како СДС без испукан куршум ја разнебитува.

Неодамна во Струга е подигната спомен плоча на албански јазик со која се велича акт од 1941 година кој се смета за фашистички, а во Охрид  била остранета спомен плоча на Охридскиот судски процес во кој 1941 година, биле осудени со казна затвор и смртна казна, група комунисти, поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор.

Денес местото на  бугарските фашисти го зазеде СДС, внуците на Партизаните кои ја разнебитуваат Македонија.

Иако против извршителите биле преземени мерки, не се преземаат мерки против заканите за дестабилизација на земјата, дискриминацијата и повредата на достоинството на македонскиот народ. Со право преставниците на ДУИ велата дека тие раководат со државата. Едноставно тие не гледаат дека во СДС имаат равноправен партнер во власта и работат што сакаат.

Имено, СДС дозволи ароганцијата на одредени преставници на ДУИ да оди до таму, што нивните колумнисти веќе пишуваат дека „Албанците ги надминуваат Македонците“, а некои пак дека нивните раководители имаат коифициент на интелигенција дури повисок од Алберт Ајнштајн. 

Омаловажување на народот, распродажбата на државните и националните интереси, распадот на институциите, колапсот на здраството и  образованието, економската нестабилност, намалената безбедност, цветањето на корупцијата и криминалот и др., доведе до масовно иселување на младите од Македонија без разлика на етничката припадност.

Се празни Источна и Западна Македонија. А единствен спас за македонскиот народ и македонската држава е симнување од власт на СДС и ДУИ на престојните избори. За таа цел мнозинскиот македонски народ, како и останатите заедници, треба масовно да излезат и со пенкало да им пресуди на оваа ненародна власт.

Од понудата, единствена партија која има капацитет да ја поврати веќе распаднатата држава, е ВМРО ДПМНЕ, а нејзиниот кандидат за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот избор кој може да ја врати правдата во земјата и да ги ги поврати и подобри надворешните  позиции на Македонија, особено во евроинтегративниот процес.

Драги Македонци и припадници на останатите заедници, судбината на земјата е во ваши раце. Вие ја кроите вашата и иднината на вашите деца, иднината на земјата. Излезете масовно и кажете НЕ за непрокопсаната политика на преставниците на СДС и ДУИ, а големо ДА за преставниците на ВМРО ДПМНЕ. Тоа е партија која се' има докажано дека во клучните моменти за земјата знае и може да се справи со кризни ситуации.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ, СУДБИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Е ВО ТВОИ РАЦЕ!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.