|
|
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не го излажала сопствениот народ |
Мане Јаковлески Со помош на домашните предавници, донесени на власт во 2017 година, македонската држава се разградува, се уништуваат институциите и од унитарна држава ита кон бинационална, федерална, па се до конечно исчезнување. Лажно ветувајќи дека нема да има промена на името, по устоличувањето на власта СДС и ДУИ го сменија името спротивно на вољата на граѓаните. Донесоа закони со кои го изменија описот на државата и овозможија да процвета корупцијата и криминалот во земјата. Во состојба на нефункционални институции, поради вметнат несоодветен кадар или намерно, беше овозможено земјата да биде изложена на невидено пљачкосување. Со цел да се заплаши македонскиот народ за да не ја брани државата, луѓето кои си ја сакаа државата, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, беа осудени за тароризам и сега гниат по затворите. За тоа време предавниците и криминалците во власта или блиски до власта, кои се шетаат слободно, со полна уста за евроинтеграција, за да ја избегнат одговарноста пред Законот, го доведоа судството на смртна постела. Се лажат сите кои мислат дека Македонците лесно ќе се откажат од сопствената држава. Македонскиот народ повеќе од три децении успева да ја сочува својата држава и не се согласува сегашните предавници да направат протекторат за да ја распарчаат земјата, за да продолжат да ја плачкаат државата. Мекедонскиот народ повеќе не им верува на СДС, внуците на партизаните кои лажно ветуваа евроинтеграциии, чување на името и идентитетот на македонскиот народ, но ја разнебитија државата. Македонскиот народ верува во ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија која во клучните моменти знаела да го поведе народот и имала капацитет да се справи со заканите по безбедноста на земјата. Тоа е партија која е способна да ја реорганизира државата, да ги поправи состојбите во образованието, здравството, земјоделството, економијата или било кој друг витален сектор. Пред престојните претседателски и парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ излезе со својата програма за спас на земјата. Платформа од #1198 проекти кои ќе треба да ги реализира идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. Амбициозна програма со која меѓу другото се предвидува реформи во власта, една изборна единица, Собрание со 90 пратеници, враќање на довербата во судството и обвинителството, ивестиции, нови вработувања, укинување на балансерот, силно образование и здраство, 5000 денари повеќе за секој пензионер и т.н. Иако на прв поглед програмата изгледа амбициозна, таа е изводлива зошто ВМРО ДПМНЕ има капацитет, луѓе и искуство за да може да ги спроведе, ВМРО-ДПМНЕ е партија која ветува и исполнува. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не го излажала сопствениот народ, ВМРО-ДПМНЕ не е ЌЕ партија. СДС и ДУИ со право се уплашени од историјски најголемиот пораз на престојните Претседателски и Парламентарни избори и дека по изборите мечот на правдата ќе се спушти на нивните глави. Тие се спремни на се, а некои од нив и на дестабилизација на земјата за да можат да побараат меѓународна интервенција. Безбедносните служби нема да дозволат да се развиваат вакви сценарија, а за да се спречат пак изборни манипулации потребно е македонскиот народ масовно да излезе и да го даде својот глас на ВМРО-ДПМНЕ. Само така можеме да ја спасиме државата од оваа ненародна власт и да се создадат услови за еден подобар живот во земјата, живот кој ќе ги врати нашите деца назад од туѓина. |