Среда, 27 Март 2024   
ДА ИМ СЕ СУДИ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Како што наближуваат изборите, се изнаслушавме и допрва ќе слушаме  на мас-медиумите секакви бисери што ние, обичните смртници, не ги знаеме, што и не мора да бидат точни, но секако не тераат да се замислиме.

   Така, на пример, лицето Стево Пендаровски, кој се топори за втор мандат за претседател на РМ, јавно призна на ТВ емисија дека   л и ч н о   учествувал во подготовките на "Францускиот предлог" како основа на катастрофалната Преговарачка рамка за почеток на преговори за членство на РМ во ЕУ. Ако е така, а нема причина да не му веруваме на Стевота, тогаш предлагам идната влада да покрене постапка нему, а и други слични по неделата како неговите, да им се суди за велепредавство. Вакво шарлатанство и непочитување на сопствениот народ не смее да помине неказнето!

На друга ТВ трибинa (talk shaws) беше речено дека македонските разузнавачки служби детектирале бугарски емисари кои биле во седиштето на ДУИ во Мала Речица и му издиктирале на МНР Бујар Османи што - според нивниот вкус, треба да содржи преговарачката рамка!? Е па замислите народе  к о ј   и   к а к о  не претставувал на меѓународен план изминативе речиси седум години??? А ако се земат во предвид криминалните/коруптивни договори за автопатиштата, набавките за оружје за АРМ и многубројни други афери, јасно е дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ја чека врашки многу тешка работа.

 Но ајде да апострофирам уште еден бисер од предизборните кампањи од ТВ-дебатите. Наводно, татко му на Таче (екс-премиерот Ковачески),  поранешен генерален директор на фабриката за шавни цевки "11 октомври во Kуманово", да ти градел фабрика за шавни цевки во близина на Солун, а со тие цевки ќе се пренесувал гасот од Александропулос (на границата со Турција) до гасната централа што (со коруптивен договор) е предивдено да ја гради грчката фирма Митилинеос во близина на Скопје!? Коментар - излишен!?

2.Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери секако ќе мора да бараат одговори на безброј многу прашања заради страшното наследство што го остава зад себе безличната власт на заминување. Но еве ќе предложам само една сугестија и тоа не за да го усложнам процесот на опоравок на општеството, туку едноставно да се појаснуваат работите. Имено, предлагам да се истражи според мене спорната сопственмост (!) на седиштето на СДС на ул. Бихаќка во Скопје. Денес нема многу сведоци на периодот од деведесетите од минатиот век, но сепак не има сеуште.

Да потсета: кога ги удиравме темелите на независна Македонија, Експертстата влада на акад. др Никола Кљусев, во која имав чест да бидам член и јас, првите седници ги одржуваше во таканаречената Зграда на Статистика. Објектот беше несоодветен за потребите на владата и се покрена иницијатива владата да ја превземе зградата на поранешната ЦеКа на Илинденска ул. б.б. Но, види Бога ти, наследниците на СКМ, веќе пререгистринани во СКМ-ПДП не сакаа да ја дадат таа звграда тврдејки дека таа е нивна сопственост и демек била изградена од партиски членарини!? Тоа не е точно бидејки тој објект е граден со финансирање од Буџетот на РМ! Но, по свилениот пуч и соборувањето на Експертстака влада во летото 1992, тие (СКМ-ПДП) самите си ја вдомија нивната (!) влада во комплексот покрај Вардар (поранешното седиште на ЦеКа на СКМ), а нивното партиско седиште си го преселија во објкетот на ул Бихаќка каде претходно беше сместено Министерството за наука, па дури и си го запишаа објектот во Катастарот на недвижности како нивна сопственост!? Е па не ќе да е баш така и верувам дека оваа работа ќе треба да се испита и соодветно да се постапи!!!

3. Министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска обзнани дека Владата донесла одлука да купи осум транспортни повеќенаменски хеликоптери (а не борбени!) од италијанската фирма Леонардо, ширум светот позната по бројните коруптивни афери. Ај што експерткаста јавност спори зошто е избрана таа фирма, а имало и други понуди од Франција, САД, Германија, и зошто баш транспортни, а не борбени хеликоптери, боди очи и информацијата дека понудата вредна 230 милиони евра во меѓувреме е зголемена на 250 милиони евра (да има некое милионче повеќе провизии за делење)!?

   Иако Славјанка тврди дека во тендерот "се било чисто", но ми се чини дека и во овој случај станува збор за грабеж на народни пари преку мрсни провизии што ги даваат производителите на оружје, слично на набавката на оклопни возила од САД за 210 милиони долари во 2022 година каде провизијата беше (неофицијално!) 20%! Со други зборови, над 40 милиони долари се слеани во приватни џебовте на политичари од СДС и ДУИ.

4. Петочниот (23.03.2024) терористички напад во предградие на Москва во којшто беа убиени близу 140 млади луѓе, а ранети околу 150, предизвика шок и револт во поголем дел од цивилизираниот свет! Нападот беше извршен пред почетокот на музички концерт, а публиката ја сочинувале претежно млади луѓе.

   Без помисла да изигравам детектив за што не сум ни квалификуван, ми се наметнуваат повеќе дилеми. Пред се, како е можно вакво нешто воопшто да се случи во Москва кога Русија има можност да ги следи истовремено сите комуникации на планетава - земски и преку сателити? Па како е можно да не се пресретне комуникација дека таква голема и опасна операција се подготвува, а да не се дектектира, или можеби Русија е презафатена со војната во Украина!?

Второ, извршителите имале пасоши од Таџикистан, а официјален Душанбе веднаш демантира дека издал пасоши на тие лица (да не ќе да имало и во нивното МВР некој како Оливер Спасовски кој за богата награда сепак издал на терористите пасоши?). Во меѓувреме Таџикистан сепак призна дека четворицата убијци биле државјани на оваа земја. Одговорноста за атентатот ја превзеде Исламската држава (ИСИЛ), наводно како освета за руската интервенција против нив во Сирија!?

Но зошто токму сега, кога војната во Сирија одамна е завршена? Патем познато е дека исламската држава е творба на некои западни тајни служби што подразбира дека токму тука можеби лежи одговорот на прашањето: кој стои зад терористичкиот напад?  Извршителите се познати, но не и нарачателите!

Шесто, извршителите на грозоморниот чин беше потврдено дека биле фатени во движење кон границата на Украина. Дали со тоа се сакало да се имплицира дека Киев стои зад атентатот, или како и во случајот со минирањето на подводниот гасовод "Северен ток два" кога се имплицираше дека зад тој чин стои Украина (која нема капацитети за таква операција), но сериозни и компетентни извори укажуваа(т) дека починител е некоја друга, многу помоќна сила.

   Како и да е, сведоци сме дека лудилото на војната и конфликтите продолжуваат!

5. Предлагам:  новата реформска и патриотска влада уште на првата седница да стави на дневен ред точка: обнова на железната ограда околу комплексот на Владата на РМ што лицето Зоран Заев ја отстрани по превземањето на власта пред седум години. Оградата беше поставена со пари од Буџетот на РМ, т.е. со  н а р о д н и  пари, а уништување на народен (државен) имот е кривично дело! На лицето Зоран Заев да му се испрати фактура на еден милион евра колку што се проценува штетата и за надомест на истата, а доколку тој одбива да плати, да му се конфискува дел од имотот (или некоја од фармите за марихуана) што ги стекна за време на мандатот како премиер на Македонија!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.