Среда, 03 Април 2024   
СМЕ ИЗДРЖАЛЕ И ПОЛОШИ ИСКУШЕНИЈА

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Нашиот сојузник во НАТО, кралството Норвешка, направи навистина извонреден гест со донација на 75 возила (камиони и џипови) за потребите на Армијата на Република Македонија.

  Гест за почит на којшто искрено се заблагодариваме!

  Гестот уследи по нашата донација на четири авиони од типот Сухој, 12 тенкови Т72 и 12 хеликоптери од советско производство за потребите на Украинската армија (кој би рекол дека сме ти биле толку воено моќни и опремени!?). 

  Слични донации на Украина направија многу земји, пред се членки на НАТО, како Полска, балтичките земји, Чешка и др. Но за разлика од нашиот случај, овие донатори добро се испазарија: го сторија тоа на база на размена  на борбена опрема и средства во стилот: ние донираме тенк од советско производство, а нам Германија или друга посилна членка на НАТО за возврат ни донира современ тенк од германско или американско производство. 

   Сега македонстака армија ќе си има на претек нови камиони и џипови, арно ама за купување оклопни возила еднаш плативме 210 милиони долари и се најавува нова порачка оклопни возила за дополнителни 250 милиони долари, за хеликоптери од типот Леонардно ќе се инвестираат 250 милиони евра, а патем од Франција се набави опрема за противвоздушна опрема за 66 милиони евра. Со други зборови, ние великодушно дарувавме борбена опрема, но за потребите на нашата армија купуваме борбени средства со пари од и онака осиромашениот Буџет. 

   Позната вистина е дека сме лоши трговци и размената е главно на наша штета, но се сомневам дека е во прашање и нешто друго - провизиите што некој производител на воена опрема ги дава при набавка на воена опрема, а некој купувач од македонска страна си ги става во џеб, што е веќе видено!!!

   Сакам да верувам дека новата влада ќе се позанимава и со овој вид на институционална корупција и криминал!?

2. Минатата недела владата на заминување со низа манифестации и активности ја одбележа четвртата годишнина од нашето членство во НАТО. Но начинот на којшто тоа беше направено беше манифестација на примитивизам пар екселанс заради игнорирањето и нетолеранција кон македонската опозиција. Кулуминацијата на нецивилизираниот однос секако беше приватната забава - небаре некаков собир во Клубот на поратениците, на државна сметка,  на кој се истопорија ојлевци-дојлевци од кои повекето немаа ни елементарни допирни точки со настанот и поводот.

   Колку за потсетувае за некадарноста на владеачката номенклатура: Makeдонија беше примена за членка во Алујансата на 4 април 2020 година со кревање на македонското знаме пред седиштето на НАТО, но БЕЗ ПРИСУСТВО НА МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР ВО АЛИЈАНСАТА што не се случили до сега од основањето на НАТО во 1949 година!

  Свесен сум дека дома, во земјата, сеуште има големи резерви на нашето членство во Алијансата, но на скептиците би им порачал: А каков избор има(в)ме? Со какво опкружување се соочуваме и каква гаранција имаме од надворешна загроза. Забораваме ли дека Милошевиќ му предложи на Мицотакис да ја делат Македонија по принципот-до Демир Капија српско, од Демир Капија грчко!?

  И мене ми беше неприфатливо што не примораа да го смениме името за земјата како услов да постанеме членка на Алијансата! И денес, сеуште, ми е неприфатлив тој чин.

Како еден од амбасадорите што лично својски работевме за промоција на земјата во НАТО во три прилики му се имам обратено на поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерш фог Размусен доека не постои ниту еден параграф во актите на НАТО што предвидува една земја да го промени уставното име за да постане членка во Алијансата.! Нема такво нешто! На таквите мои забелешки Размусен обично креваше рамења со коментар: "За жал Мартине, тоа беше  п о л и т и ч к а  одлука".

   И што сега? Кога сме веќе внатре, треба да бидеме рационални и да ги искористиме можностите што тоа членство ни ги овозможува! Пред се за обука на нашата армија, но и големите можности за нашето стопанство за давање на услуги и производи за потребите на Алијансата.

3. Двојнните претседателски и парламентарни избори се на прагот, а многуте анкети јасно покажуваат убедлива предност на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Значи тука ситуацијата е кристално јасна.

   Единствена резерва имам за однесувањето на надворешниот (странскиот) фактор и за сценаријата на длабоката држава за опстанокот на Македонија!? Веќе слушаме дека очајниот Стево Пендаровски ангажирал некој Израелец да му ја води предизборната кампања: почнаа да ни доаѓаат разни емисари со недефинирами мисии, а за очекување е кога-тогај да ни се појави и злогласниот Сорос.

  Ваквите работи и не треба да се изненадување бидејки сите соседи, но и поголемите играчи во меѓународната политика имаат свои интереси за случувањата во Македонија, особено заради челично тврдиот став на претендентите за сигурна победа и обнова на Македонија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да не попуштат пред бескрупулозните, па дури би рекол и садистички притисоци за разнебитување на македонската нација и држава со прифаќање на преговарачката рамка за промена на Уставоит на РМ и вметнување на некакви си бугари во преамбулата на највисокит правен акт во нашата држава.

Не смееме сега да попуштиме!!! Сме издржале и полоши искушенија во минатото, но ќе ги издржиме и овие. Уверен сум во ова!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.