|
|
Македонија го пројде најлошото, идат подобри времиња |
Александар Џеповски Ова лошото и најлошо време трае со векови. Анализи и предвидувања од поодамна па до денес укажуваат на реалните факти дека Македонија е жртва на нови религии, нови народи и нови секти на која едноставно им смета и настојуваа(т) да ја избришат засекогаш. Духот и силата на еден народ проткаена со љубов и вечен непокор е посилно од било кои слуги на ѓаволот и фашизмот како нивна алатка. Македонија не се плаши од смрт, повторно ќе воскрсне за 3 дена, 3 месеци или 3 векови, сеедно ... важно е дека воскреснува па ако треба и милион пати. колку повеќе ја уништуваат и убиваат толку повеќе посилна се враќа. Самото име МАКЕДОНИЈА е преголемо име па дури и за натемаго. Сведоци сме како ете не ни даваа да се нарекуваме па со забрани за употреба на име или со сменети имиња како Румелија, Вардарска, ФИРОМ и последново Северна, сето ова е доказ колку сме силни трпеливи и им пркосиме на сите негации, измислотини и бљувотини на нереалниот љубоморен свет. Кој остана и преживеа раскажуваше како сведок на сите мачнини и узурпации врз Македонкиот народ и битие. Спасот од секогаш доаѓал од горе затоа што земјата е пекол и е во контрола само од еден - ГОРНИОТ. Нашата неизмерна љубов кон Бога и Македонија како Македонци секогаш победувала и ќе победува. Тоа е она што не прави силни, непредвидливи и многу оригинални низ сите милениуми. ПРОБАЛЕ СЕ И СЕШТО, ИМЕ ДА НИ МЕНУВААТ, ДА НИ ЗАБРАНАТ ДА СЕ ЧУСТВУВАМЕ ОНА ШТО СМЕ, ДА НЕ УБИВААТ, МАСАКРИРААТ И НЕГИРААТ... Е АРНО АМА ДУХОТ, ЉУБОВТА И ВЕРБАТА НЕ МОЖЕА НИТУ МОЖАТ ДА НИ ЈА ОДЗЕМАТ НЕКОГАШ, СЕГА И ВО ИДНИНА. ЕДЕН Е ГОСПОД И ВЕЧНА МУ СЛАВА И ИМЕ. АМИН !!! |