Понеделник, 22 Април 2024   
Улус Луш: СДС и ДУИ не се искрени кон турскиот народ

1ulus1

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го сметам за пријателски настроени кон малцинските народи во Македонија и во своите изборни говори секогаш испраќа пораки за единство и пријателство.

 

Комунистичкиот поглед кон нас Турците не се промени до ден денес, СДС и ДУИ не се искрени кон нас турскиот народ. Кога ја гледам политичката историја на Македонија, најпријателски настроена политичка партија до турскиот народ отсекогаш била и е ВМРО-ДПМНЕ. Имам целосна доверба дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина. 

Сите турски инвестиции во Македонија, а ги има многу, дојдоа за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Во последните 7 години на власт, односите со турската држава беа третирани како во втора класа, а Турскиот народ беше игнориран.

СДС и ДУИ измислија европска песна која ја пеат секојдневно, а народот секојдневно се иселува и Македонија полека ќе стане држава на пензионери, а тие со нивните некадарни политики незнаат каде одат. Тие немаат капацитет да одговорат на прашањето „Кои се условите за влез во Европската Унија?

За влез во Европската унија има  неколку услови а тоа се: стабилна демократија, владеење на правото, борба против корупцијата, почитување на човековите права и заштита на малцинствата. Имајќи ги во предвид овие основни критериуми се прашувам, дали Владата во нивното седумгодишно владеење ги исполни овие услови?, со сигурност можам да костатирам, НЕ.

Иако ништо од овие услови не ги исполнија, дали мислат дека ќе ја внесат државата во Европската Унија само со кажување дека се проевропски ориентирани? Престанете да ја залажувате јавноста со празни ветувања. Требаше овие 7 години колку се на власт, напорно да работаат и да ги исполнат овие услови за влез во Европската Унија.

На овие избори ги повикувам сите Турци и сите други во нашата Македонија, на 24 април и 8 мај, да дават целосна поддршка за Гордана Силјановска Дафкова за иден Претседател, а Христијан Мицкоски за иден Премиер во владата на РМ за доброто на нас Турците и за сите останати кои живееме во нашата заедничка држава Македонија заокружувајки го бројот 2.

Улус Луш, Потпреседател  на македонската федерација за хокеј на мраз

1ulu2.jpg

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.